Connect with us

Истражување

Вкусно македонско јадење: Богата гибаница со сочен фил

Published

on

Состојки: 1/2 кг готови потенки кори 200 г сирење 250 мл кисело млеко 3 јајца 50 мл масло.

Приготвување:

Издробете го сирењето на покрупни парчиња. Во киселото млеко додајте јајца и масло и измешајте. Убаво премачкајте со масло плех со големина 40х20 см.

Секоја кора изгужвајте ја како хармоника и наредете ги по должина во плехот. Помеѓу наборите ставете сирење од сите страни. Прелејте со кисело млеко и протресете да падне помеѓу наборите. Печете на 200 степени околу 50 минути да порумени убаво.

Оладената гибаница пресечете ја и послужете ја со јогурт.

Continue Reading

Истражување

Истражување: Секој оној кој прележал корона „остарел“ за 10 години

Published

on

Луѓето кои се опоравуваат од ефектите на коронавирусот можат да претрпат сериозно оштетување на функциите на мозокот, а во најлоши случаи може да се појави штета што е еднаква на нагло стареење на мозокот за десет години, предупредија во средата истражувачите од Кралскиот колеџ во Лондон.

Студијата сè уште не поминала на рецензија, а била направена врз 84.285 опоравени од ковид 19, пренесува канадски Глобалњуз.

Истражувачкиот тим е предводен од Адам Хемпшир, кој рече дека во некои потешки случаи, ковид 19 предизвикува сериозни когнитивни дефицити во текот на неколку месеци.

Continue Reading

Истражување

Германија оди во карантин: Смее да се излегува од дома само со членовите од семејството

Published

on

Германските сојузни и покраински влади денеска се согласија за делумно „затворање”, така што баровите и рестораните ќе бидат затворени од 2-ри до 30 ноември, пренесуваат странските агенции.

Врз основа на делумното „затворање”, продавниците ќе можат да останат отворени доколку ја почитуваат мерката за физичка дистанца, дозволувајќи простор од 10 квадратни метри по лице.

Претходно, германскиот весник „Билд” објави дека германската канцеларка Ангела Меркел и премиерите на федералните покраини договориле нови мерки во борбата против коронавирусот но дека сè уште не биле официјално објавени.

Continue Reading

Истражување

Блогер запали кола од 160 000 евра: Како да бидеш идиот со многу пари и малку памет

Published

on

Блогер запали кола од 160 000 евра: Како да бидеш идиот со многу пари и малку памет еве ви ги чекорите како :

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2020 Булевар.мк

error: