Connect with us

Инфо +

Забава до бесвест: Вчера Македонија се журкаше додека има 10 заболени на час

Најмалку 16 пријави, кривични или прекршочни со платни налози, ќе поднесе Пазарниот инспекторат против угостителски објекти во Скопје, Тетово и во Струмица, откако при инспекциите во изминатата ноќ се утврдени прекршувања на протоколите и мерките за заштита од Ковид-19, како и пречекорување на работното време, изјави за МИА директорт на пазарниот инспекторат Стојко Пауновски.

И покрај забраната за организирање затекнати се свадбени церемонии во седум објекти,  направени се записници и во наредните три дена ќе бидат преземени мерки за проднесување кривични пријави. Конкретно, казнети ќе бидат ресторан во Струга за организирање две свадби и на долниот и на горниот кат,  еден од Струмица, а ќе има санкции и за две свадби во угостителски објекти  затекнати во Тетово и за четири во Скопје.

Пауновски меѓу примерите за непочитување на мерките раскажа дека и покрај тоа што инспекторите синоќа во скопски локал го предупредиле газдата дека треба да ги размести масите и тој пред нив го направил тоа,  откако тие си заминале таму повторно имало по седум осум лица на маса. Ја известиле и полицијата која потоа интервенирала, а против локалот ќе има кривична пријава. Кривична пријава, најави пауновски, повторно ќе заработи  и дискотека во Струмица, каде синоќа исто така имало забава  и е направен записник.

Дваесет инспекциски екипи вчера вршеле контроли низ целата држава и како што вели Пауновски, некаде се почитуваат протоколите, некаде има мали отстапувања и тие случаи поминуваат и со опомени.

Во последните 48 часа има 468 заболени или нешто помалку од 10 заболени на час.

Свет

Зеленски најавува мировен план и нови воени способности на Украина

Во итна прес-конференција, украинскиот претседател Володимир Зеленски најави дека утре ќе му презентира на Доналд Трамп нов мировен план, кој моментално се финализира заедно со европските партнери.

Зеленски потенцира дека Украина не преговара со Русија, бидејќи Москва не покажува никаква заинтересираност за дијалог.

Тој исто така истакна дека Украина е подготвена за енергетско примирје, но само ако и Русија е подготвена за таков чекор.

Во рамките на воените активности, Зеленски објави дека Украина веќе ја користи Сапсан ОТРК со балистички ракети и дека се распоредуваат и ракетите Лонг Нептун, Паляница, Фламинго и Сапсан.

Continue Reading

Свет

Брисел подготвува строги казни за мигрантите – земјите-членки под притисок

Брисел – Земјите-членки на Европската унија се подготвуваат да поддржат значително заострување на миграциската политика, вклучувајќи воспоставување „центри за враќање“ на мигранти надвор од територијата на ЕУ.

Министрите за внатрешни работи денеска во Брисел ќе гласаат за предлозите на Европската комисија, кои предвидуваат построги казни за мигранти со одбиени азилски барања, враќање во „безбедни земји“ и принудно напуштање на територијата на ЕУ. Дополнително, пакетот вклучува распределба на најмалку 30.000 баратели на азил меѓу земјите-членки, при што земјите што нема да примаат мигранти ќе плаќаат по 20.000 евра за секое лице.

И покрај намалувањето на нелегалните влегувања за околу 20% оваа година, европските влади се под притисок да преземат акција, особено поради растот на крајнодесничарските партии. Данска и неколку други земји силно го поддржуваат пакетот, додека Франција и Шпанија го доведуваат во прашање легалитетот и ефективноста на предложените мерки.

Активистите предупредуваат дека новите мерки можат да го зголемат ризикот и правната неизвесност за мигрантите, додека ЕУ се обидува да постигне компромис до крајот на годината во услови на политички чувствително прашање.

Continue Reading

Свет

Половина Киев без струја по руски напади врз енергетскиот систем

Киев – Околу половина од населението на украинскиот главен град Киев денес остана без електрична енергија по најновите руски напади врз енергетската инфраструктура на земјата, соопшти Министерството за енергетика.

„Ситуацијата во Киев е една од најтешките – околу 50 проценти од потрошувачите во градот се без струја“, се наведува во официјалното соопштение на Телеграм.

Русија го зголеми бројот и интензитетот на нападите врз гасните и енергетските постројки на Украина, насочувајќи ги кон централи за производство на електрична енергија и далноводи. Трите украински нуклеарни централи, кои произведуваат повеќе од половина од електричната енергија на земјата, беа принудени да го намалат производството поради оштетувања на далноводите.

Како резултат, операторот на електричната мрежа, Укренерго, ги ограничи испораките на електрична енергија, оставајќи цели региони без струја. Прекините влијаат и на греењето и снабдувањето со вода, а жителите на Киев и околината во изминатата недела добиваат електрична енергија околу десет часа дневно.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг