Connect with us

Трета Смена

Сопругот ЈА ИЗНЕВЕРУВАЛ СО НЕЈЗИНАТА МАЈКА додека БИЛА ВО КОМА

Published

on

Бразилската инфлуенсерка Камила Мело не мислеше дека ќе жали толку горко што се разбуди од кома во која падна по операцијата на која и претходеше мозочен удар, пишуваат странските медиуми. Имено, таа беше во кома 78 дена, а кога се освести, се шокираше кога дозна како нејзиниот сопруг, за кого се омажи пред седум години и со кого има син, се заљуби во нејзината родена мајка и започнал врска со неа!

– Мајка ми одеше во мојата куќа да им помогне на сопругот и синот додека бев во болница. Во тие четири месеци додека се борев за својот живот, мојот сопруг ме посети двапати, а мајка ми никогаш. Татко ми ми ги соопшти вестите кога се разбудив. Оттогаш, веќе не можам да ја барам мајка ми – горко рече таа.

Иако нејзиниот сопруг е десет години постар од неа, разликата во возраста никогаш не им пречела. Сепак, додека Камила била во кома, нејзиниот сопруг сфатил дека тој сè уште е позаинтересиран за постари дами, па тој започнал да флертува со нејзината мајка и љубовта брзо се родила.

– За малку ќе умрев, и тие ме предадоа. Тие ја славеа својата врска додека бев во болничкиот кревет. – рече Камила и додаде дека синот сега се гледа со таткото неколку пати месечно, но дека смета дека не е добро детето да биде изложено на ваква токсична ситуација.

– Нашата врска отсекогаш била разнишана, но сега е непостоечка. Мајка ми е само 20 години постара од мене и секогаш се натпреваруваше со мене во сè, бидејќи јас бев тинејџерка таа сакаше да има сè што направив – рече таа и откри дека сега има нов партнер и дека е фокусирана исклучиво на него и нејзиниот син.

View this post on Instagram

… Não me limite, que eu quero ir além…

A post shared by Kamylla Melo (@kamyllaa.melo) on

Забава

Фото: Таа е најубавата пливачка на светот!!

Published

on

Романската пливачка Андреја Драгој важи за една од најсексапилната пливачка на светот, секако Андреја е и една од најубавите и најзгодните спортистки на планетата.

Како голем талент, Андреја Драгој ја напушти родната Романија за да продолжи да ги усовршува пливачките вештини на колеџот во американскиот Сан Хозе.

Но, се се промени со нејзиното пристигнување во САД, причина за тоа е нејзината убавина, поради која за Андреја се отворија и некои други хоризонти.

20 годишната пливачка стана модел, водителка, актерка… Но, не се откажа од пливањето.

Continue Reading

Забава

КАКВА БОМБА СЕ СОБЛЕЧЕ! (Фото)

Published

on

Холивудската актерка Еиза Гонзалес официјално го најави почетокот на летото со атрактивна фотографија на Инстаграм.

Убавата бринета ги почести своите бројни обожаватели на споменатата мрежа со заводлива фотографија во бикини која многу нагласува – витко тело, бујни гради и тенок струк.

Еиза, која покрај глумата, и пее, од 2013 година живее и работи во Лос Анџелес. Инаку, Еиза е позната по својата специфична убавина. На нејзиниот шарм не можеа да одолеат многу холивудски мажи, но и оние од другите сфери на јавниот живот.

Минатата година беше во врска со златното момче на Холивуд – Тимоти Шаламе, а претходно ја поврзуваа и со фудбалерот Кристијано Роналдо, актерите Лиам Хемсворт и Џош Духамел, музичарите Малума и Калвин Харис… Пред неколку месеци беше потврди и дека го завела Џејсон Момоа, можеби најпосакуваниот маж на денешницата.

Continue Reading

Забава

Хрватка ОДИ НА ЕВРОПСКО ВО С*КС: Ќе трае два месеци, еве други детали (ФОТО)

Published

on

Европското првенство во секс за прв пат се организира во Шведска, а таму ќе настапи и 27-годишната Хрватка Марија Задравец.

„Натпреварот го започнуваме затоа што сакаме да укажеме на подреденоста на жената во општеството. Жените се стигматизирани со години. Сексот е еден од ретките спортови во кои жените се еднакви, ако не и подоминантни од мажите“, наведуваат на официјалната страница на овој натпревар.

„Натпреварот се одржува во Гетеборг. Организатор е Шведската сексуална унија. Швеѓаните гледаат на сексот како спортска дисциплина. Како добив место на натпреварот? Минатата година настапив на саемот за еротика во Љубљана, каде што запознав моќни луѓе од порно индустријата Јас сум единствената порно актерка во Хрватска па добив покана да ја претставувам Хрватска“, рекла Марија, а потоа објаснила како изгледа самото натпреварување.

„Ќе трае два месеци. Ќе има по 10 мажи и 10 жени. Ќе нè сместат во куќа, ќе снимаме од 0 до 24 и луѓето ќе можат да го гледаат шоуто. Нешто како Големиот брат. Категориите во на кои ќе се натпреваруваме се заведување, масажа, масажа во ерогена зона, предигра, орален секс, пенетрација, издржливост, изглед, позирање, креативност…“, објасни таа.

„Натпреварот ќе трае 45 минути дневно. Секој натпреварувач избира личност со која сака да се натпреварува во одредена категорија тој ден. Значи, нема да имам постојан партнер, туку ќе го изберам оној кој мислам дека ќе биде добар во одредена категорија“, додаде Марија.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк