Connect with us

Забава

Барајте работа во Германија, општите работи имаат над 14-15 евра од час – 1800евра

Published

on

Германскиот град Берлин има најголема потреба од работници, а зад него се Минхен, Хамбург. Повеќе од 10 илјади слободни работни места има во Келн, Штутгарт, Диселдорф. Во секторот трговија има најголема потреба од кадар. Платите за продавачите се движат околу 1800 евра. Барани се и возачи, возачи на виљушкари, автомеханичари чии плати се движат околу 14-15 евра од час. Посредници од областа на осигурувањето, магационери и сезонски работници заработуваат околу 16 евра од час. Платата за чистачи се движи до 1.800 евра. Фармацевтската индустрија дава највисоки плати со просечни бруто примања од околу 70.000 евра годишно.

На второ место се банките, а на третото индустријата за автомобили. Во машинската индустрија работниците земаат околу 65.000 евра бруто плата годишно. Со оглед на тоа што побарувачката за работа токму во оваа држава е преголема ви нудиме комплетен водич како да се преселите и да најдете работа во Германија Без лажни огласи со информации за плати со астрономски суми, овој водич ќе ви помогне доколку сте сериозни за вашето мигрирање во Германија. Без разлика дали сеуште сте во Македонија или сте веќе во Германија, најдобриот начин да ја започнете вашата потрага по работно место е на Интернет.

Огласи за вработување во Германија можете да разгледате на следниве веб страни: Федералната агенција за вработување: Федералната агенција за вработување (Bundesamt für Arbeit, или скратено BA) е клучниот посредник помеѓу луѓето и фирмите во врска со сите прашања кои ги засегаат темите вработување и тренинзи за вработување. Главна задача на Федералната агенција за вработување е да им помогне на луѓето да најдат работа. Па така, најголемиот веб портал полн со огласи за вработување ѝ припаѓа токму на оваа агенција. На вебсајтот на Федералната агенција за вработување, можете да пребарувате по категории. Пребарувачот е достапен на германски, англиски и француски, но во моментов најмногу од огласите се напишани само на германски јазик. Имате прашања во врска со потрагата по работа или работењето во Германија? Експертите од Центарот за миграциска поддршка (VWC) при Федералната агенција за вработување се тука да ви пружат помош на германски или на англиски: остварете разговор во живо ТУКА или обратете се на следната меил адреса make-it-in-germany(at)arbeitsagentur.de. “Make it in Germany” огласи за работа: Тука, можете да направите таргетирани пребарувања и да дознаете во кои професии моментално има потреба од квалификуван кадар.

Забава

Планетите ќе ја покажат моќта, овој датум е клучен: Три знаци ќе доживеат неверојатен пресврт и нов почеток

Published

on

Ни претстои важен астролошки настан, а тоа е Младата Месечина во Јарец, која не очекува утре, а симболизира нов почеток во животот.

Новата месечина на Јарец е астролошки момент кога Сонцето и Месечината се среќаваат во ист знак, што обично ја носи енергијата на почетоците, потенцијалот за нови почетоци и фокусирањето на поставувањето цели.

Јарецот е знак поврзан со амбиција, дисциплина, одговорност и поставување на темелите за иднината.

Оваа позиција на Месечината може да ја нагласи потребата да се постават јасни цели и сериозен пристап кон остварување на соништата и амбициите. Тоа може да донесе чувство на одговорност кон постигнување на лични и професионални цели. Исто така, поттикнува размислување за долгорочни планови и стратешки пристап за постигнување на посакуваните резултати.

Младата месечина во Јарец може да биде време за размислување за поставување на темелите за стабилност, без разлика дали се работи за кариера, врски или личен развој.

Тоа е период кога можеме да се осврнеме на нашите приоритети и да ја насочиме нашата енергија кон остварување на она што го сметаме за суштинско за нашата иднина. Ова е време да се фокусирате на долгорочните планови и да работите напорно за да ги постигнете вашите цели.

Младата месечина во Јарец е важна за сите хороскопски знаци, а носи позитивни промени за Јарците, Биковите и Девиците.

ЈАРЕЦ
Пред вас е период во кој е идеално време да започнете нешто ново. Овој нов почеток ќе биде видлив во интервалот од следните две недели.

БИК
Младата месечина ви носи можност да патувате но и да го промените погледот кон светот. Можете лесно да усвоите нова животна филозофија.

ДЕВИЦА
Младата месечина во Јарец ви носи нов емотивен почеток и можност да започнете романса.

Continue Reading

Забава

Почина кралот на сарказмот – Метју Пери (Видео)

Published

on

Познатиот актер Метју Пери, кој беше еден од ѕвездите на „Пријатели“, е пронајден мртов во својот дом, објавија американските медиуми. Тој имаше 54 години.

Извори од полицијата изјавиле за „Лос Анџелес тајмс“ дека Пери бил пронајден од екипите за итни случаи онесвестен во џакузи во неговиот дом во Лос Анџелес. Обидите за реанимација биле неуспешни.

Полицискиот службеник во Лос Анџелес, Дрејк Медисон, рекол дека отишле таму „поради истрага за смртта на маж на возраст од 50 години“.

Портпаролот на противпожарната служба на Лос Анџелес, Брајан Хемфри, рекол за „Ен-би-си“ дека тие први реагирале во куќата во Пацифик Палисадес во 16:07 часот поради „итна опасност од вода“ од непознат вид. Никој не бил пренесен во болница, додал тој.

Пери беше најпознат по тоа што го играше саркастичниот Чендлер Бинг во многу популарната серија на „Ен-би-си“ „Пријатели“, која се емитуваше 10 сезони, од 1994 до 2004 година. Улогата му донесе номинација за наградата Еми во 2002 година.

Во таа серија тој глумеше заедно со Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Мет Лебланк, Лиза Кудроу и Дејвид Швимер.

Видео:

https://youtu.be/QjnmPazw9EI?feature=shared

Continue Reading

Забава

Анастасија ја претставува Македонија пред светот на најубавиот можен начин (ВИДЕО)

Published

on

Анастасија Анастасова со своето семејство живее во Хамбург, Германија. Но, Македонија живее во нејзиното срце.Loading…

Ова девојче, кое следниот месец ќе наполни 11 години, имаше прекрасна идеја, за чија реализација се вложи максимално и затоа со гордост може да каже дека успеа.

Нејзина мотивација се љубовта кон родната земја и убавините кои Македонија ги поседува. Не мислеше дека е доволно за тие убавини да знае само таа, па сакаше да ги сподели со светот.

https://youtu.be/qBPj51IJx-M?feature=shared

Бесценето е да ги погледнете македонските богатства низ детските очи бидејќи нема нешто поискрено од детските емоции. Токму тоа стана успехот на Анастасија.

Оваа Македонка има свој канал на Јутјуб, кој го води на два јазика – германски и македонски. За да допре до срцата на сите, видеата имаат и англиски превод.

Семејството е нејзина најголема поддршка, па тие заедно работат снимање и монтажа, вложуваат свои средства, но пред сè – многу љубов.

Скопје, Прилеп, Струмица, Кавадарци, Кратово, Охрид се само дел од локациите каде Анастасија направи свои мини документарци. Пред снимање се подготвува со информации кои од срце им ги пренесува на сите што ја гледаат. Снима интервјуа со славни личности од Македонија, кои наидуваат на голем интерес од страна на публиката

https://youtu.be/_Ms9ztkcYrQ

Цел текст: https://kurir.mk/magazin/mladi-talenti/poglednete-gi-makedonskite-ubavini-niz-detskite-ochi-anastasija-ja-pretstavuva-makedonija-pred-svetot-na-najubaviot-mozhen-nachin-video/

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк