Гавазова: Пејачите се како славеј, ако не им дозволиш да пее тој ќе ти умре !!

Фолк пејачката Сузана Гавазова денеска се приклучи на протестот пред Влада. Вели дошла да ја поддржи македонската музика и музичарите. На прашање на „ММС“ дали мисли дека овој протест ќе промени нешто, таа вели дека можеби ќе ја натераат Владата да види дека и тие постојат, и дека ние сме тие што придонесуваат за Македонската музика.

Додека седевме дома и ги почитуваме сите протоколи пејачите од Србија ни го земаа лебот во Македонија, редно беше и ние да го кренеме нашиот глас, а тоа што министерот Венко Филипче тврди дека бројот е зголемен од правење свадби не е точно бидејќи ние не пееме на никакви свадби, пееме во ресторани а таму може да се направи ред по сите протоколи рече Гавазова за ММС.