Connect with us

Хуманост

Здраво јас сум Николија уште малку ќе правам 2 годинки и потребна ми е помош

Published

on

Да помогнеме:

Здраво јас сум Николија, уште малку ќе правам 2 годинки, но итно ми е потребна вашата помош бидејки иамм CRANIOSYNOSTOSIS тоа е предвремено затварање на коските на главата и ако не се оперирам може да дојде до оштетување на моокот, потребна ми е опрација во Санте плус Турција која би чинела 25 000 евра ве молам да ми помогнете кога ми е најпотребно и со вашата донација заедно да ми овозможите шанса за подобар живот и безгрижно детство

ZDRAVO JAS SUM NIKOLIJA,USTE MALKU KE PRAVAM 2 GODINKI ,NO ITNO MI E POTREBNA VASATA POMOS BIDEJKI IMAM CRANIOSYNOSTOSIS,TOA E PREDVREMENO ZATVARANJE NA KOSKITE NA GLAVATA I AKO NE SE OPERIRAM MOZE DA DOJDE DO OSTETUVANJE NA MOZOKOT,POTREBNA MI E OPERACIJA VO SANTE PLYS TURCIJA KOJA BI KOSTALA 25.000 EURO,VE MOLAM DA MI POMOGNETE KOGA MI E NAJPOTREBNO I SO VASATA DONACIJA ZAEDNO DA MI OVOZMOZITE SANSA ZA PODOBAR ZIVOT I BEZGRISNO DETSTVO...

Хуманост

Бојан од Битола ја донира половина од заработката од тикет за лекување на дете од тешка болест 👏

Published

on

Бојан од Битола со хуман потег ќе ја донира половината од заработката за лекување на дете од тешка болест.

Епа вака другари.Овој тикет е добитен.Решив 50% од неговата вредност да ја донирам на социјално загрозено семејство, лекување на дете од тешка болест или некоја друга форма на загрозување.Би Ве замолил да ме исконтактирате во порака и со тоа да ми помогните да одлучам на кого би ги дал парите.Ама навистина да знам дека сум помогнал на вистински луѓе.Во мојот живот сум поминал низ различни социјални периоди, периоди на транзиција и многу прашалници, но секогаш останав цврсто на земја и не се вообразив.Парите ќе се потрошат, ги има или ги нема. Никогаш доста.Многу е лесно да влезиш со нога в кафана и да го порачаш Тома и да викниш шо пие кафаната, но да се решиш да донираш, да си хуман то не се стекнува. Или го имаш во срцето или го немаш.Сумата далеку од тоа дека е голема, но со ништо на светот не можиш да ја купиш насмевката на лицата на оние кои во моментот гледаат темнина.Ви ја фрлам ракавицата на сите кои можите да донирате и помагате.Прајте добри дела. Некогаш тоа спасва живот во вистинска смисла на зборот.Ве очекувам. ❤ – пишува Бојан од Битола.

Continue Reading

Хуманост

На велешанецот ВАСЕ му е потребна нашата ПОМОШ

Published

on

Васе е хоспитализиран во Жан Митрев клиниката со сериозна клиничка слика на Ковид19. Семејството повеќе не може да ги покрива трошоците.

Да бидеме солидарни и да помогнеме! Споделете!

Continue Reading

Хуманост

Горан од Радишани ги ставил органите под хипотека со цел државата да му створи минимални условди за живот

Published

on

Горан Сурловски од скопско Радишани е 50- годишен маж кој боледува од мускулна дистрофија и вели дека инвалидите како него се отфрлени од опшеството, фамилијата и опшеството, а својата приказна ја раскажува во емисијата ,,Срце на дланка” за Алфа телевизија.

Тој бил роден како здраво машко дете, но по неколку месеци, ќе му се случи една не среќа која ќе му го промени животот засекогаш.

– Бев активно дете, како што ми кажуваа моите сум си играл и да се сокријам од мајка ми, сум паднал во подрумот и од тогаш настанаа сите проблеми.

– Завршив средно училиште, дизајни и ентериер. Си играв со моите врсници, но имав големо разочаување кога ќе се обидев нешто да направам и не успевав, а моите врсници можеа.

– Се чуствував поразлично од другите како да немав енергија и полека се затварав во мене, порано ме сакаа сите, но во последните 10 години да кажам скоро никој.

– А најмногу од се е тешко кога ќе те офрли родениот татко, имаше моменти кога татко ми толку ме мразеше, што сакаше да ме нема.

– Татко ми имаше авантури со мојата стрина со која има вонбрачно дете, јас не му значев ништо а тој го сакаше само него и ме бркаше од дома.

– Откако се случило тоа со мене на десет месеци, после некој период тој сакал да се ослободи од мене, па за среќа тука биле комшиите кој ми помогнале и ми дале вештачко дишење, вели Горан.

Горан смета дека токму неговото семејство е причина за тоа што тој се уште нема семејство, па така решил својата гаража да ја пренаими во дом за живеење.

– Постепено по татко ми започна и мојто семејство некако да ме дови, сестра ми започна да ми љубомори не ми дозволуваше да основам семејство, решив гаражата да си ја направам соба за живеење.

– Мајка ми пак мене ме смета како кираџија, не како свој син, ја немам таа слобода во мене, тоа мене ме повредува, тешко ми паѓа добивам често понижувања и кле тви.

Горан склучил пос мртен нотарски договор во кој гласи дека по неговото заминување од овој свет, неговите органи ќе се донираат, а за возврат државата да му овозможи услови за дом и еден ден да има некој во животот кој ќе го наречен ,,тато”

,, Осамен сум, моите врсници и другари се испоженија, има многу денови во кој не сум зборувал со ниту еден човек, вели овој тажен човек.

,, Цел живот ми е заклучен најмногу поради тоа што немам поддржка од најблиските, немам никаква љубов од родителите, а тие ми го посакуваат најлошото.

Доколку сакате да му помогнете на Горан на било каков начин тоа може да му се обратите на телефонскиот број 077818250.

Кластер мк.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк