Connect with us

Хуманост

Апел за помош за лекување на ракометарот Тони Шопов – Ова е неговиот најважен натпревар

Published

on

Тони боледува од „Descendenten colon“ (Adenocarcinoma colonis). Првата операција ја имаше во 2017год. на дел од дебелото црево пропратена со Илеус. По операцијата следеа осум циклуси на хемотерапија. Во 2019год. во втората операција Ретропиротонеална лимфаденектомија му беше отстранет левиот уретер и бубрег. По оперативниот зафат повторно беа потребни циклуси на хемотерапија.

По три месеци за понатамошно лекување е препратен во Турција на радиотерапија со специјални СБРТ зраци кое досега беше успешно, но дојдено е до рецидив на болеста поради што лекувањето мора да продолжи во Турција со 12 циклуси на хемотерапија во комбинација со СБРТ зраци. За жал ваква терапија не е достапна во нашата држава.

За досегашното лекување, оперативно и постоперативно, потрошени се 35.000 евра.

ИТНО е потребно да продолжи лекувањето во Турција кое чини 20.000€. Семејството не е во можност да ги покрие трошоците и потребна ни е вашата помош. (Линк од Фејсбук Fundraiser: https://www.facebook.com/donate/1275998199442497/
Линк од Go Fund me Fundraiser:  https://gf.me/u/y4cfjc)

Драги сограѓани, пријатели, познаници и добри луѓе… Апелираме да ја покажете вашата хуманост на дело, секогаше добро време да се направи добро дело, порачуваат од тимот за поддршка на Тони

Хуманост

Компанија за пример: Ќе им подари таблети на сите деца без родители од 6 до 12 години

Published

on

Драги пријатели,Компанијата “ЕНКИДУ ЛОГИСТИК” ја известува јавноста дека за деца од 6 до 12 год со еден починат родител, разведени родители и посвоени деца, родителите што не се во можност да обезбедат средства за онлајн настава, компанијата ќе ги покрие трошоците за компјутерска технологија(таблети). За сите подетални информации: +389 75 843 887РАБОТНО ВРЕМЕ ОД 08-17ч.

Continue Reading

Хуманост

Одличен гест: Срби донираа 35 илјади евра и подигнаа куќа за семејство во прилепско

Published

on

Сиромаштија, беспарица и беда. Живот кој станува мачно, тешко и неизвесно патување, во кој очајот е секојдневие, а стравот од утрешнината, кошмар. Накратко, тоа е сагата на деветчленото семејство Мајетиќ, од долненското село Секирци, кое со години живее во тешки и субстандардни услови. Немоќта на родителите на петте малолетни деца, како и на старата баба и на чичкото, кој пак, е лице со посебни потреби, за самите да си го подобрат мизерниот живот, ги натерало нивните соселани да побараат помош од хуманитарната организација „Спона“ од Скопје и на овие луѓе да им се изгради комплетно нов дом.

„После успешните акции за санација на куќи на северот од Македонија, во селото Кучевишта, многу ми е мило што го завршивме и првиот посериозен проект од темел за семејството Мајетиќ во селото Секирци, во централна Македонија. Мислам дека ова ќе биде предизвик и за идните, следни акции на новите донатори“, – вели Милутин Станчиќ од Хуманитарната организација „Спона“  од Скопје. 

Носител на овој проект, кој е вреден 35.000 евра е српската Хуманитрана организација „Србите за Србите“, која преку собирање донации ги помага социјално- загрозените многудетни српски семејства низ целиот Балкан.

„Конечно успеавме, еве и во Македонија да спроведеме една таква поголема акција. Ние сме со години активни на овие простори, но ова е првата куќа која ја подигнавме од темел“, – објаснува Стефан Јачменица од Хуманитарната организација „Србите за Србите“ од Србија. 

„Се работи за изградба на куќа на семејството Мајетиќ кое брои 9 члена, од кои пет се малолетни деца. Во прашање е изградба и опремување на куќа од темел. Целиот проект е вреден 35.000 евра“, – посочува Предраг Маринковиќ од ХО „Србите за Србите“.

 „Првата помисла ми беше дека ниедно дете не смее да живее вака, како што живее ова семејство во 21 век. И ете, бев во можност да помогнам колку-толку“, раскажува српската манекенка Неда Стојановиќ, која најголемиот дел од средствата ги обезбедила преку донации од Турција.

Continue Reading

Хуманост

Апел за помош: Да му помогнеме на чичко Борче

Published

on

МОЛБА за чичко Борче од нас. Ѓорче 🙏🙏🙏 ДА СПОДЕЛИМЕ🙏🙏🙏Кој неможе да помогне нека помогне со тоа што ќе СПОДЕЛИЖивотниот пат на чичко Борче го довел да веќе 16 години остане на улица на милост и немилост , топло и ладно , понекогаш најаден доколку се најде некој добронамерен човек и му помогне меѓутоа понекогаш и гладен . Чичко Борче има 70 години и моментално спие во Сиротински Дом во Чичино село , од 2004 година е на улиците нема семејство ниту пензија.

Со оваа објава упатуваме апел до сите добри луѓе да се погрижиме кој колку може да помогнеме следниоте ладенни ноќи чичко Борче да ги помине нормално како секој човек , од помош секаква е добредојдена додека тој што неможе да помогне нека се помоли за него и нека СПОДЕЛИ за да може друг да види и да даде каква било помош.СЕКОЈ КОЈ САКА ДА ДАДЕ ПОМОШ МОЖЕ ДА ГО НАЈДЕ ПРЕД КИПЕР ВО НАСЕЛБА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ БИДЕЈКИ НЕМА ТЕЛЕФОНМилостивиот не ги затвора ушите пред молбите на сиромашните, туку ита да им помогне. Кога му дава на оној што е во неволја, дава со љубов и сострадание, и кога му подава на сиромашниот, лицето му е ведро, зашто срцето му се радува заради милостината, оти му помогнал на ближниот. И милостивиот е возљубен од Бога и и се спасува во денот на опасност, зашто Бог го љуби оној што со радост дава.Свети Нектариј Егински

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2020 Булевар.мк

error: