Connect with us

Инфо +

Лекар во Германија заработува 10 000 евра месечно-колкави се платите на Германците?

Published

on

Во 2019 година просечниот месечен приход по граѓанин во Германија бил 3994 евра бруто, т.е. пред да се одземат даноците, здравствено осигурување, осигурување од невработеност, социјален данок и друго. Излегува дека просечниот годишен бруто приход во Германија изнесува скоро 48 000 евра. Не треба да се заборави дека многу работодавци плаќаат дополнителни бонуси – како што се за Божиќ или летните додатоци. Во 2010 година, просечниот месечен бруто приход бил нешто над 3.200 евра.

Минатата година просечната плата за жени беше околу 20% помала од мажите. Во целина, сепак, платите се зголемија повеќе во 2019 година отколку во претходните две години. Сепак, според експертите, овој нагорен тренд ќе заврши на крајот – заради кризата со коронавирус. Покрај корпоративните банкротства и растечката невработеност, приходите на Германците се очекува да паднат, а тоа ќе влијае на пензиите, чиј раст оди заедно со растот на бруто-платите.

Различни индустрии во Германија плаќаат доста различни плати. Во секторите банкарство и осигурување, информатика и комуникации, енергија, просечната месечна плата е во опсег од 5137 евра – бруто 5393 евра. Уште подобри пари се заработуваат во производството на нафта и сродните активности, каде просечните плати се дури и помеѓу 6.000 и 7.000 евра пред даноците. Приходите се многу пониски во хотелската и ресторанската индустрија, каде просечно се заработуваат 2,451 евра бруто месечно. Оние што се занимаваат со посредување при вработување не се подобри. Во овој сегмент се заработува просечно 2.460 евра бруто.

Нивото на плата зависи, се разбира, од тоа за која компанија работи едно лице. Поголемите компании обично плаќаат повеќе. Покрај тоа, приходот зависи од специјализирано знаење – на пример во областа на информатичката технологија, но и од одговорностите што ги презема работникот. Степенот на факултетсто образование обично е фактор што фаворизира поголеми приходи, но тоа не е задолжително. Во Германија има и луѓе без високо образование кои заработуваат многу добро. Во повеќето случаи, тие поминале двојна обука во рок од две или три години. Еве ги позициите каде можете да заработите добри пари без високо образование:

Регионалниот шеф на ланец на продавници може да заработи годишна плата од 73,000 без даноци. Претставниците на продажбата во фармацевтската индустрија заработуваат над 68.000 евра бруто плата годишно. И во ИТ секторот, многу луѓе без високо образование заработуваат добро. Како и даночни советници – околу 60 000 бруто годишно.

Еден главен лекар заработува над 117,000 евра бруто годишно – скоро 10,000 месечно. Менаџерите за фондови, како и специјалисти лекари, заработуваат над 80.000 евра годишно. Помеѓу 5.000 и 7.000 евра бруто месечно можете да заработите во овие професии: инженерство за патенти, банкарски консултации, правни консултанти, економско контролирање, компјутерски науки со раководни должности.

Федералниот завод за статистика исто така пресмета какви материјални и финансиски ресурси имаат луѓето во Германија. Во 2018 година, едно домаќинство во Западна Германија имало вкупни резерви на материјали во просек од околу 180.000 евра, а во Источна Германија – околу 88.000 евра.

Continue Reading

Инфо +

„Не постои нормален Македонец кој не се срами од нашиот премиер.. толку“

Published

on

Интервјуто на македонскиот премиер Зоран Заев дадено за БГНЕС предизвика револт кај поголем број Македонци, еве неколку реакции по социјалните мрежи:

Бугарија не била фашистички окупатор туку некоја администрација имало. Премиерот Заев во интервју за БГ Нес вели дека Бугарите биле тие кои го ослободиле Куманово, Крива Паланка и Скопје од фашистите.

З. Заев: Одредивме заедничка прослава за историски личности од средниот век од Цар Самоил назад – до Кирил и Методиј, од Климент и Наум, имаме записници. Верувам дека двете земји се подготвени да ги објават, затоа што мора да ги вклучиме во учебниците. Бидејќи новите генерации не ја знаат целата оваа реалност, таа мора да не обедини. И во Македонија и во Бугарија, ова влијае на луѓето на многу погрешен начин. Треба да го смениме тоа. Ние веќе заменивме повеќе од 20 табли во земјата, каде што беше напишано „бугарски фашистички окупатор“. Ова не е случај – Бугарија не е фашизам, Бугарија е наш пријател.

Continue Reading

Инфо +

Апасиев: Ако не му се спротивставиме на Заев ќе нѐ направи народ без држава

Published

on

Заев е човек без онтологија, изгубен во просторот и времето, вели лидерот на Левица Димитар Апасиев по интервјуто на премиерот за бугарски медиум.

-Прочитајте го ова скандалозно интервју на еден ПЛИТОК И НЕОБРАЗОВАН ЧОВЕК. Човек без онтологија. Изгубен човек во простор-времето. Човек без никаков сенс за државничка политика. Корумпиран човек кој, ако не му се спротивставиме, ќе не направи народ без држава. И потоа, отрезнете се со фактот дека тој одлучува за вас и за вашите најблиски. И излезете од апатичноста. И активирајте се политички (по можност у Левица), напиша Апасиев на Фејсбук.

Тој им се обрати и на членовите на СДСМ, порачувајќи им да ги искинат членските карти и да им се извинат на своите дедовци-партизани кои се бореа за Југославија.

https://plusinfo.mk/zaev-za-bgnes-dogovorot-e-bide-zakon-e-kaznuvam-omraza-dlabokata-drzhava-e-vo-opozici-a-video/?fbclid=IwAR1I2wkOBG9YbkYUxlKaoRHKEZJ6d7c0HKUUmH5I4Q8i4NF99bUrCPJl_cA

Continue Reading

Инфо +

Д-р Чепреганов: Мерките се вo ред, грешката е во нас

Published

on


Одговорност за ситуацијата и консултации, бидејќи „јас мислам“ и „ние мислиме“ е различно. Тоа му фали на мојот народ, вели проф. д-р Методи Чепреганов во разговор за МКД.мк. Немањето самодисциплина, тоа што секогаш бараме дупка или заобиколен пат да го изиграме законот, правото, како и подмитливоста се дел од, како што ги нарекува „фалинките“ на народот и генерално и во контекст на кризата со коронавирусот. „Ние сѐ правиме за да се уништиме, никој не чита, затоа што ‘сите знаат сѐ‘, тоа е проблемот“, вели Чепреганов, за МКД.

Како да го надминеме она што сега ни се случува со коронавирусот, страв, верување, па неверување, иако луѓе секојдневно умираат? Се работи за ментален склоп или за нешто друго?

Нам ништо не ни се случува. Сѐ што ние правиме, правиме сами, ние сме креатори на ова што ни се случува. Нам никој не ни го наметнува, тоа е резултат на нашиот ментален склоп, на нашето однесување и на тоа како сме „скроени“.

За да се разбере подобро морам да се осврнам на научното објаснување дека мајката природа нè создава сите овде на мајката планета Земја, со една 10-отстотна интелигенција што се вика когнитивна или рационална. Тоа го носиме со нашето раѓање. Во тој живот нашето постоење (морам да го кажувам поедноставено, за да разбере народот, бидејќи бев шокиран кога разбрав дека 53 отсто од нашиот народ има завршено само четврто одделение) има 4 закони на природата. Првиот се вика хомеостаза, што значи биолошка рамнотежа меѓу психата и телото. Ако се поремети, одиме во болест. Вториот закон на мајката природа се вика апоптозис, што значи програмирано стареење и умирање на нашите клетки.

Третиот фактор е најбитниот и тука лежи проблемот на македонскиот човек. Тоа е матурација или созревање. Тоа значи дека секое живо битие на земјата се раѓа, созрева до одреден степен и почнува да старее. Матурација значи инкорпорација на најмалку шест параметри што треба да ги „ставиме“ во нас за да станеме зрела личност. На прво место е воспитанието од најблиските во семејството. Ако сте имале мајка што имала емпатија, љубов и знаела да се смее со вас, вие цел живот ќе се смеете. Ако сте имале мајка психопат, карактеропат и била намуртена, и вие ќе бидете цел живот намуртени.

Значи воспитанието е фундаментот на иднината на една личност. Третиот фактор му фали многу на македонскиот народ, а тоа е образованието, едукација, учење, резервоарот на знаење што треба да го акумулирате во текот на животот за да стекнете и знаење и искуство. Воспитанието и знаењето ја креираат личноста карактерот на човек, а по нив доаѓаат уште морални, етички, духовни и социјални норми.

Тоа му фали на мојот народ, со исклучоци. Јас велам дека 20 отсто од македонскиот народ има заробен ум, заробен во минатото. Иднината е животот. Има три ментални склопа, едниот е личен профил на секој од нас, вториот е профил на една нација, народ и третиот е профил таканаречен цивилизациски. Но тој еден бил во стариот век, друг бил во средниот век и трет е сега. Сега пак, со ковидот комплетно се менува перцепцијата во светот, бидејќи има животозагрижувачки фактор, за кој огромен дел од луѓето не се свесни, бидејќи таков е менталниот склоп.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2020 Булевар.мк

error: