Connect with us

Инфо +

Германија воведе полициски час – Ќе ја имаме ли истата судбина?

Published

on

Поради загрижувачкото зголемување на инфекциите со кopoнавиpycoт во последните неколку денови од денеска во Берлин е забрането работењето на баровите и рестораните од 23 до 6 часот наутро.

И локалните власти на Франкфурт презедоа слична мерка, што стапи во сила уште вчеравечер: меѓу 22 и 06:00 часот се затвораат баровите и рестораните и се забранува продажба на алкoxoл.

Во Берлин, воведениот полициски час се однесува на сите локали, освен аптеките и бензинските пумпи, а ќе важи најмалку до 31 октомври.

Забранета е, исто така, и продажба на алкoxoл на бензински пумпи или во продавници за храна во периодот по 23 часот.

-Не е време за забава, изјави социјалдемократскиот градоначалник на главниот град, Мајкл Милер. „И можеме и ќе спречиме уште едно затворање во домовите“, што би било построго од претходното, предупреди тој во специјалната порака до граѓаните на возраст од 20 до 40 години.

Левичарската влада на градот, исто така, одлучи сериозно да ги ограничи и социјалните контакти, па така од денеска, меѓу 23 и 06 часот наутро, на отворено не можат да се собираат повеќе од пет лица, додека во текот на денот може да се соберат до 50 лица. Во текот на денот, во затворен простор ќе може да се соберат до максимум 10 лица, место досегашните 25.

Continue Reading

Инфо +

Емотивна порака по повод роденденот на синот: Ѓоковиќ му се заблагодари на својот најмил

Published

on

Легендата НоваК Ѓоковиќ објави роденденска честитка по повод роденденот на својот син. Неговиот Стефан кој е инаку негова најголема поддршка со татко му на трибините наполни шест години.

„Среќен роденден хероју татин. Ти благодарам што нѝ даваш безгранична љубов и што нè потсетуваш дека секој ден треба да работиме на себе и да бидеме подобри луѓе и родители. Те сакаме“, напишал Ѓоковиќ, а на фоторафијата ја означил и неговата сопруга, Јелена Ѓоковиќ

Овен Стефан тие ја имаат и ќерката Тара

Continue Reading

Инфо +

Младите доктори ги соблекоа своите алишта барајќи повисоки плати и поголема одговорност од жителите на овој град

Published

on

Младите доктори во Барселона се соблекоа голи на улиците барајќи повисоки плати, повеќе одмор и поголема одговорност од властите, но и жителите на овој град.

Ваквите чекори доаѓаат по огромниот број на заразени лица и тешкотиите да се соочат со пандемијата. Тие посочуваат дека ваквиот потег го симболизира недостатокот на заштита и сигурност кој тие го чувствуваат додека се во болниците.  

Голем дел од учесниците во протестот посочија дека биле принудени да ја прекинат специјализацијата или да преминат од еден оддел на друг соочувајќи се со одговорности за кои не се подготвени. Нивниот апел доаѓа по наглото зголемување на бројките на заразени лица во Барселона, но и во останатите делови од Каталонија.

Continue Reading

Инфо +

„5,644,500 денари за 100 лаптопи за пратениците: Ние ќе си скенираме фискални“

Published

on

Темата со лаптопите за пратениците е трендинг на твитер и скоро сите профили пишуваат за тоа што кажува многу, реално има по ранливе категории на кои им се потребни овие лаптопи .

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2020 Булевар.мк

error: