Connect with us

Приказни

Биљана по победата над короната: “33 дена во друг свет, ти благодарам и тебе Господи без твојата моќ”

Published

on

Патешествие и искушение

33 дена во друг свет. Свет поразличен од овој надворешниот.
Пациентите ти се пријатели и цимери, а докторите, сестрите и болничарите фамилија.
Секој ден се будиш со мисла за победа, победа која ни малку не е лесна!
Искушение кое ме научи дека здравјето и љубовта кон семејството и взаемната сила се највредното нешто.
Патешествие кое ме натера да влезам во оној друг свет, свет на доктори и сестри кои со последните свои атоми се грижат и даваат се од себе за секој пациент. Трчаа, неуморно трчаа и се бореа, се бореа и за мене и БЛАГОДАРЕНИЕ на нив сега сум назад во надворешниот свет, во оној понормалниот. Но, со другиот дел од себе, останав таму, таму сум и сега со мислите, со сите Вас кои се борите за живот и Ви оставив позитивна мисла и сила колку што можев за да успеете сите, како што успеав јас!

А, за Вас кои сеуште живеете без ваква победа, би сакала да ве посоветувам носете маски, држете растојание и чувајте си го здравјето и заштитете ги вашите најмили!!!

Ти Благодарам и Тебе Господи, без твојата моќ и подадена рака ова не би го преживела! Амин! 🙏

Continue Reading

Рекла Казала

Има ли пилот во авионот?

Published

on

Continue Reading

Приказни

Приказна на една мајка: Јас не растам само син, туку иден сопруг и татко, пред сè човек

Published

on

Отсекогаш знаев дека ќе родам син. Тој е мојот универзум, мојот свет, мојата љубов, мојата радост, мојот живот, мојата сила, моите крилја и мојот сон. Тој е бестрашен и умен. Тој е дете на природата, зелена трева, одрани колена, високи дрвја, брзина и сила. Тој е сè што никогаш не сум била.

Навидум недопирлив и независен, вистински мал волк, Вук е дете полно со љубов, големо срце и нежна душа. Душата нежна како свила, поранлива отколку што сакам, искрен поглед и топла прегратка.

Мислам дека понекогаш премногу се давам како мајка. Се прашувам дали го сакам премногу, дали го бакнувам премногу или обрнувам премногу внимание на него? Треба ли да му дозволам на да го посакува мојот допир и мирис, да почувствува осаменост и да сака блискост? Ми кажуваат како е момче и дека можам да го сакам толку многу. Тој мора да биде маж, за да стане цврст. Кога тој плаче за ситница, ги гледам погледите на другите мајки, кои ми кажуваат: „Викни на него, не може да плаче! Тој мора да биде силен маж!” Истите тие мајки, истите тие ставови, до себе имаат сопрузи, татковци и синови, кои не им даваат внимание, а можеби и не доволно љубов и почит. Сите тие сакаат да бидат прегрнати и бакнати. Сите од нив се повикуваат на два збора: „Те сакам! Те сакам мамо, те сакам жено, те сакам, ќерко!”

Како можат тие исти мажи да научат да сакаат и бакнуваат, ако не им даваме бакнежи и прегратки?

Како истите тие синови да ги почитуваат вашите потреби, ако вие нивните сте ги туркате под тепих за да ги направите „вистинските мажи” ?!

Како вашите ќерки ќе бидат среќни, задоволни и сакани, ако јас мојот син го восиптам дека љубовта не е важна и се дозира … Дали ќе дојдете на мојата врата да ме честитате дека станал маж, кога вашата ќерка ќе плаче на вашето рамо, бидејќи не е сакана и не е ценета?

Дали воопшто размислувате за тоа?

Јас не растам само син, туку иден сопруг и татко, пред сè човек. Не сакам да стане празен и моќен, но храбар, уверен и исполнет. Љубовта што му ја давам, сакам да ја носи низ животот како штит од лоши луѓе, тешки облаци и матен дожд. Нежноста што му ја давам, сакам да научи да ја дава на оние кои вредат. Бакнежите кои несебично му ги делам, сакам да ги запамети, да ги притисне во себе, за деновите кога јас нема да бидам таму да му подадам рака, допир, дури ни збор. Сакам само едно – да научи да се цени себе си и животот што му е даден, за да не ја пушта празнината, осаменоста, гордоста. Сонувам дека утрата му почнуваат со насмевка, а вечерите завршуваат со чувство на мир, среќа и исполнување. Сакам неговиот пат да биде чист, покриен со камења од искрени соништа што водат зад виножитото и дека неговата рака и душа никогаш не се празни. Сакам неговото срце да расте, за да може да се сака себе си и другите. Сакам да научи дека близината на природата, е како воздухот, да не се плаши да се предаде и ако изгуби една битка, да знае дека сето тоа се случило, со цел да победи во следна.

На крајот, не ми е важно што ми кажуваат вашите очи. Не ми е важно што вашите усни ме опоменуваат. Не ми е важно што сите вие мислите поинаку. Нема книга, ни запис на овој свет, што може да ме убеди дека има премногу љубов во едно суштество. Впрочем, важно е што сакам тебе да ти кажам, драг мој …

Сине, знам, ќе има пропуштена љубов, лоши денови, неправедни луѓе. Едно те молам, не престанувај да се сакаш себе си. Не престанувај да веруваш во љубов. Не согласувај се во својот живот на нешто помалку од она што ние ти го даваме како дете. Животот е еден, фразата е клише, но е навистина точна. Ти си еден. Ти си мој. Ти си наш. Сега и засекогаш. Летај високо, скокај, не дозволувај да паднеш без цел! Стани, продолжувај и пркоси! Пркоси му на ветерот, дождот, бурата. Живеј за да го почувствуваш својот живот, не дозволувај да одиш, не се свртувај кон туѓи патишта. Гази по својот пат и сонувај ги твоите соништа. Кога е тешко, прифати го она што го носиш во твојата душа, насмевни се, сврти се и оди. Биди шума, густа и непокорлива, биди вода, биди оган. Биди волк.

Автор: Кристина Митриќ

Фото: Кристина Митриќ, приватна архива

Извор: Detinjarije.com

Continue Reading

Приказни

“Како живееме не знам ни самата, од први до први се троши целата плата”

Published

on

Како живееме не знам ни самата. За живеење од први до први се троши целата плата, плус уште цела плата во минус, вели една анкетирана граѓанка. Само изминатиот месец трошоците за живот пораснале за 3,4 проценти.На сериите поскапувања во Македонија им нема крај. Од први изминатиот месец трошоците за живот пораснале за 3,4 проценти. Поскапено е речиси сè, од основните животни трошоци до бензините. Падот на животниот стандард и поскапувањето многумина ќе ги доведат на работ на егзистенцијата, предупредуваат граѓаните. Својата разочараност од секојдневното поскапување на животните трошоци многумина ја изразуваат со штедење.
На ова поднебје коешто е познато по зеленчук, да плаќаме толку скапи пиперки, патлиџани и краставици, тоа е апсурд. Од 60 до 90 денари за кило патлиџани, зависи каде и како се купува и колку се квалитетни.Анкетирана граѓанка.
„Бидејќи стандардот е понизок, штедиме на сè, на пример на струја, повеќе користиме плин, боци купуваме, на сè.“

„Не е добро, прво храната е многу скапа, а потоа и сè друго.“

„Сите сме сиромашни, како живееме не знам ни самата. Се троши од платата цела плата, плус во минус уште цела плата. За живеење, од први до први“, велат анкетираните граѓани.

За покривање на елементарните трошоци како храна и сметки на најголемиот дел од граѓаните им е потребно да издвојат повеќе од 80 проценти од месечната плата. Според впечатокот на луѓето, и пазарот никогаш не бил поскап. Доматите во некои продавници достигнуваат и 90 денари за килограм.

„На ова поднебје коешто е познато по зеленчук, да плаќаме толку скапи пиперки, патлиџани и краставици, тоа е апсурд. Од 60 до 90 денари за кило патлиџани, зависи каде и како се купува и колку се квалитетни“, вели една граѓанка.

Ако за некој може да се каже дека ја познава секоја промена на пулсот на градот, тоа се трговците. Колку што е попразна потрошувачката кошничка, толку е подолго чекањето муштерии, наведуваат продавачите кои работат со текстил.

„Многу послабо за разлика од минатите години. Се чувствува доаѓањето на кризата и веќе е присутна. Ако купувале на пример по 5-6 парчиња, да речеме, сега дали ќе си дозволат едно или две“, вели една продавачка.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2020 Булевар.мк

error: