Connect with us

Приказни

Јас сум едно обично 11-годишно девојче,се радувам на мали работи, но многу нешта и ме растажуваат – Писмото на Јана кое и донесе сребрен медал

Published

on

Второ место и сребрен медал за Јана Поповска, претставничката на Пошта на Северна Македонија на 49–от литературен конкурс на Светскиот поштенски сојуз, организиран по повод 9-ти Октомври Светскиот ден на поштите.

Јана е нашата хероина, бидејќи за првпат во своето 49 годишно постоење претставник на Пошта на Македонија добива медал на Меѓународниот конкурс за млади на Светскиот поштенски сојуз. Награденото писмо на нашата Јана е едно од 1,2 милиони писма кои оваа година пристигнаа на Конкурсот во седиштето на СПС во Берн, Швајцарија.

Јана Поповска е ученичка во ООУ „Елпида Караманди“, Битола, а нејзин ментор е профсорката по македонски јазик Сузана Петковска.

Секое писмо блеска со иновативност и креативност, а тоа се квалитети кои постојат кај секое дете како и на кој начин тој или таа го гледа светот. Тоа е искра која не повикува внимателно да слушаме и да посветиме внимание. И оваа година победниците не се разликуваат од тоа, се зборовите на генералниот директор на Светскиот поштенски сојуз Хусеин Бишар.

Искрата во писмото на Јана е дел од оваа креативност и инвентивност и таа искрено не повикува да ја слушнеме и да посветиме внимание на она што не опкружува „ И самата не знаев дека се радувам и на училиштето во есен и тоа до неодамна, само до пред десетина дена, кога… се случи нешто многу необично! Училиштето ни се затвори. А и другите училишта, не само кај нас… Насекаде! Низ целиот свет. Рекоа: смртоносен вирус!



ДОБАР ДЕН, ДОБАР ЧОВЕКУ,
Јас сум едно обично 11-годишно девојче. Се радувам на мали работи, но многу нешта и ме растажуваат. Се радувам на дружење со моите другари и другарки, на сладолед во лето, на скијање во зима, на возење велосипед во пролет и… на училиштето во есен!? И самата не знаев дека се радувам и на училиштето во есен и тоа до неодамна, само до пред десетина дена, кога… се случи нешто многу необично! Училиштето ни се затвори. А и другите училишта, не само кај нас… Насекаде! Низ целиот свет. Рекоа: смртоносен вирус! Ние, децата, останавме во своите домови. Не смееме да излеземе надвор. Не смееме да си поиграме со другарчињата, да ѝ се радуваме на пролетта, на цвеќињата. Светот околу нас сега го гледаме само низ прозорското стакло. Со залепени носиња на прозорците тажно гледаме во расцутените дрвја и со поглед го следиме летот на птиците. Нема детски џагор на улиците. Ах, колку се залажувавме, Добар човеку, дека го познаваме светот во којшто растеме!? И дека тој свет никогаш нема да се промени! А се промени… за еден ден, за миг. И што сега?
Ги сонувам полјаните со разнобојни цвеќиња, кадешто можеш да трчаш сè додека те држат нозете; да се вртиш во круг, да танцуваш со ветрот; да се смееш и да пееш, а песната да одsвонува далеку, далеку… Сега си ги замислувам, Добар човеку, планините и падините покриени со снежна белина. Ние си играме во снегот, а снегулките ни се топат на дланките. Студот ни ги вцрвува образите, но ништо не ни може! Играта и радоста ни се најважни. И, среќни сме! Си ги замислувам бистрите езерски и морски води, брановите и сончевите зраци. А, ние, децата, градиме величествени песочни замоци. И, среќни сме!
Дали мојата фантазија, Добар човеку, е реалност? Или тоа само мојот детски разум си „поигрува“ со мене, затоа што не можам да излезам надвор!? Но, сега, затворена во четири ѕида, се сеќавам и на еден друг, поинаков, а и… погрд свет. Свет на загадени реки, езера, мориња, океани, на тони разнобојна пластика како плови по водните површини. А и на оној, водниот свет, што се бори за свое место во пластичниот отпад и… за спас од рибарските мрежи. Се сеќавам на уништени планини, исечени дрвја, соголени и опожарени падини. Се сеќавам и на обоениот, загаден воздух во зима, оној од кој не можев да дишам со полни гради. Се сеќавам и на мојата жолта маска на лицето. (Разиграните мечиња на неа не можеа да го исчистат воздухот, па затоа и тие беа тажни!) А црните јазици од високите оџаци на блиската централа, се извиваа кон небото како злокобна закана на она што нè чека. Се сеќавам и на ридовите од ѓубре од нечовечка несовесност и на гладните кучиња што бараат остатоци од храна во тој отпад.
Се сеќавам, за жал… На многу нешта се сеќавам. На добри и на лоши.
Но, Добар човеку, зар не е поубав мојот свет, оној којшто си го замислувам? Зашто, не сакам да се сеќавам на она што е лошо! Мојата фантазија зар не може да стане реалност?! Не сакам светот околу нас да остане онаков каков што го оставивме пред десетина дена!? Ние, децата, сакаме разнобојни ливади, чисти потоци, зелени планини, разлетани птици. Сакаме сини езера и разбранувани мориња, сакаме здрав свет. Свет обоен со боите на sуницата, распеан од безброј различни гласови слеани во една совршена мелодија што ја пеат сите заедно: и водите, и птиците, и инсектите, и ветрот, и дождот, и животните, и луѓето.
Поздрав до Тебе, Добар човеку, од едно обично девојче!

Јана Поповска, 6
ООУ „Елпида Караманди“, Битола
ментор. Сузана Петковска

Continue Reading

Приказни

Почина сестра Татјана, нејзиниот последен твит:„Македонската азбука е кирилица!“

Published

on

Почина сестра Татјана Атанасова. Ќе ви го пренесам нејзиниот последен твит:

📌 Македонската азбука е кирилица! ❤️
Користете ја кирилицата секаде и секогаш кога го употребувате македонскиот јазик!

Каде и да одиш, нека ти е светол патот Македонке🙏
Ќе бидеш пример за тоа како се љуби сопствената земја.

Почивај во мир🙏


Continue Reading

Приказни

Ивана: “Работам како келнерка во познато кафуле, луѓе сфатете дека срамота е да оставите 10-20 денари бакшиш”

Published

on

Млада девојка која работи како келнерка, сподели интересна приказна за своето работно место, меѓутоа, тоа со право ги налути речиси сите кои ја прочитаа оваа приказна.

Изјавата на Ивана ви ја пренесуваме во целост:

“Работам како келнерка во едно познато кафуле. Четири години се занимавам со оваа работа покрај студирањето и секогаш ми е чудно како луѓето со гордост оставаат 10-20 денари бакшиш. Навистина ги ценам парите, но нели е срамота да оставите 10-20 денари бакшиш? Постојат луѓе кои знаат да ги почестат своите другари со неколку тури, да се покажат во друштвото, а на келнерот му оставаат 10-20 денари бакшиш. Јас немам срце да седнам во кафуле и да не оставам барем 40-50 денари бакшиш.”

Иако во земјите ширум светот, познато е дека бакшишот се задолжителни 10-20% од сметката на муштеријата, сепак на Балканот ова не е пракса.

Според коментарите под објавата на келнерката Ивана, може да се заклучи дека финансиската состојба на просторите на поранешна Југославија сепак не дозволува ова да биде пракса и овде. Ова се само дел од коментарите под објавата.

“Колку многу луѓе живеат од минималец, им оставаме ли бакшиш нив? Понекогаш едвај собирам пари за кафе, уште келнерите да ги издржувам”

“Не сум должен да ти оставам бакшиш. Доколку не ти одговара работата, тогаш најди си некоја друга, а не тука да солиш памет”.

“Некогаш немам пари ниту да излезам во град, а уште помалку да се грижам за твојот бакшиш. Оставам бакшиш кога сум при пари, но сосем океј е и да не оставам”.

“Во Хрватска, на море, знам дека келнер има сигурно 1000 евра плата, бидејќи работев едно време за фирма која вработува работници во таа бранша. За готвачи кои имале искуство и ја знаат својата работа, се даваше и по 3000 евра плата. Моментално рабтоам за 750 евра во канцеларија, и зошто би му давала бакиш на некој, кој има за неколку стотина евра поголема плата од мене, а работа му е да ми донесе кафе? Кој ми дава бакшиш мене кога низ рацете ми поминуваат 300 сметки на ден? Никој”.

“Да, вам ви значи бакшишот, но многу луѓе едвај ги собираат и тие 150 денари, можеби нив им е мило што можат да ви остават барем толку, знаеш…оној кој нема дава најмногу. Претпоставувам дека ти си благодарна кога некој богаташ ќе ти остави 50 денари бакшиш, но ти не сфаќаш дека тоа за него е ништо, додека оној кој одвојува од своето дете, од себе, за него и тие 50 денари претставуваат нешто.”

Што мислите вие, дали изјавата на Ивана е во ред и дали во повеќето случаеви кога пиете кафе или сок во кафуле, имате навика да оставите и бакшиш за келнерите?

Continue Reading

Приказни

Емотивен статус на Гордана: „Од “неопасниот”вирус вчера изгубивме колега“

Published

on

Емотивен статус на Гордана која има што да ви каже, вирусот не е играчка оние кои изгубиле блиски најдобро го чувствуваат тоа почивај во мир Драган .

Од “неопасниот”вирус, јас би рекла од најнепредвидливиот вирус, вчера изгубивме колега од Кумановската болница, хирургот Д-Р Драган Тасевски. Нека му е лесна земјата, а со свои 60 години не беше за во земја…Колку се е релативно, денес сме тука, утре не сме. Вирусот е дефинитивно руски рулет. Нека почива во мир, тажно, навистина тажно….веројатно јас како паталец поинаку го доживувам вирусот…

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2020 Булевар.мк

error: