Connect with us

Инфо +

Mакедонската дијаспора во Германија се избори нашите деца да учат македонски јазик

Published

on

Како што информираат на Фејсбук групата Makedonier in Deutschland -Македонци во Германија, родителите се уште можат да ги пријават своите деца за изучување на македонскиот јазик во Минхен, Аугсбург, Равенсбург, Улм и Нов Улм (со околината).

Пријавувањето можат да го направат на е-маил адресата на наставничката Анастасија (a_nejman@yahoo.com), или кај Претседателот на македонското друштво “Илинден” од Минхен, Дејан (dejan_todorov@yahoo.de).

Се работи за официјални паралелки по македонски јазик во Германија, а наставниците се платени од страна на нашето Министерство за образование. На крајот од школската година децата се стекнуваат со официјални сведителства, а нивниот успех од наставата по македонски јазик, влегува во вкупниот просек на оценки во германските училишта.

Овој проект е пракса повеќе години во Германија, а оваа година и покрај опструкциите од Македонија, дијаспората се изборила истиот да продолжи, а нашите деца таму и понатаму да го изучуваат својот мајчин јазик.

Македонската дијаспора во Германија важи за една од најорганизираните во светот, а преку погоре споменатата Фејсбук група, на Македонците во Германија, но и оние кои се интересираат за работа и престој во оваа европска земја, им се достапни сите потребни информации.

Инфо +

Пратеничка посредувала за бугарски пасоши по цена од 800 евра

Published

on

Денес на социјалните мрежи кружи интересна и занимлива објава од веб порталот Охрид Скај во кој пишува дека пратеничка од редовите на СДСМ заедно со нејзиниот сопруг продавале бугарски пасоши за по цена од 800 евра. Но граѓаните за жал не ги добивале ни пасошите ниту пак парите назад.

Во време кога единствен спас на граѓаните на Македонија е да престојуваат и работат во европските земји низ Македонија има доста луѓе кои нудат работа или издаваат патна исправа а никој не нуди никаква гаранција за сето тоа, а една од нив била и пратеничката од редовите на Сдсм.

За повеќе информации може да дознаете на следниот линк: https://ohridsky.com/2020/10/29/%d0%b1%d0%b5%d1%82%d0%b8-%d1%80%d0%b0%d0%b1%d0%b0%d1%9f%d0%b8%d0%b5%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b0-%d0%bd%d0%b0%d1%83%d0%bc%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b0-%d0%b8-%d0%b5%d0%bd%d1%98%d0%b7%d0%b8%d0%bd%d0%b8/?fbclid=IwAR3oQ6zedknCiQ-vZB8dmGLf9pJtxwSR5IbLyfE5qQQrUcEQGsADNAX_prQ

Continue Reading

Инфо +

Барди: Албанец сум, но го давам максимумот за Македонија, имаме меѓусебна почит, креираме посебна приказна

Published

on

Многу сме среќни што успешно го минавме мечот со Косово, но, ништо не е говото, пред нас се уште 90 минути, морам да признаам дека и Косово одигра навистина добар меч, чувствувам жалење за момците, но сигурен сум дека наскоро тие ќе се пласираат на Европското првенство. Нам не ни е потребна еуфорија, всушност, не верувам дека тоа постои кај нас, сите фудбалери доволно добро се внимателни за значењето на мечот со Грузија“ вели Барди во интервјуто, а потоа посочи дека иако е Албанец, го дава максимумот за Македонија, а во тимот има голема меѓусебна почит, заклучувајќи дека креираат приказна која досега никој не успеал докрај да ја реализира.

Пресметката со Косово беше посебна, по мечот слушнав позитивни, но и негативни коментари, секој фудбалер треба да го даде максимумот за тимот во кој што настапува. Јас сум Албанец и никој не ми го негира тој факт, но, го давам максимумот за Македонија за професионалниот прогрес, никогаш не сме имале никакви проблеми во тимот, имаме меѓусебна почит, а на теренот сите го даваме максимумот, како тим, ние можеме да креираме една посебна приказна која досега никој не успеал да ја направи“ вели Барди.

Запрашан за актуелната ситуација во однос на неговиот договор со Леванте кој истекува во 2022. година, Барди вели дека во тој клуб се чувствува како во свој дом, не планира да си замине.

Continue Reading

Инфо +

Задолжително маски, на една маса по 4 лица, музика до 55 децибели еве ги новите измени

Published

on

Вработените во угостителскиот објект кои послужуваат задолжително носат заштитни маски и зачестено одржуваат хигиена на раце.
Се ограничува бројот на гости, само на тие кои може да седат.
Не е дозволено послужување на гости на стоење на шанк и стоечки маси. Задолжително менаџирање при влегување на гостите од одредено одговорно лице пред влезот на угостителскиот објект.
Во просторот за послужување на гости, каде има поставено маси, да се обезбеди растојание од столче до столче од 1,5-2 метри со соседните маси во сите правци. Задолжително поставување на дезинфекционо средство за раце на секоја маса. Засилени внатрешни контроли на вработените лица од страна на одговорно лице за одржува-ње на личната хигиена (често миење раце) во сите фази на подготовка, прием и послужување на пијалaци. Засилени санитарно-хигиенски мерки, задолжително пребришување на масите со средство за дезинфекција кое делува според упатство од производителот, по заминување на секоја тура на гости. На крајот на смената задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое де-лува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алко-хол за дезинфекција на горни површини. Редовно одржување на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства. Забрането е користење на сушачи за раце во тоалетите и задолжително користење на хар-тиени бришачи за раце за еднократна употреба. Забрането организирање на прослави (веселби, родендени и сл.) во отворен и затворен дел од објектот. Забрането е организирање на музички настани со настап на музички уметници во отворен и затворен дел од објектот (пејачи/музички групи/диџеи). Максимален број на лица на една маса се ограничува на 4 лица. Се ограничува максималното ниво на бучава во кафетерии на 55 децибели.

Ажурираните протоколи кои произлегуваат од Планот за намалување и спречување на ширење на заразата можат да се најдат официјалната страна на Владата.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2020 Булевар.мк

error: