Connect with us

Спорт

РЕМЕК-ДЕЛО НА КАПИТЕНОТ: Столе со маестрален погодок

Published

on

Стојанче Стоилов е одличен против Фленсбург. Капитенот со неколку голови во серија го одржува водството против германскиот тим, а најдобриот погодок дојде во 47. минута, мајсторски со неговата препознатлива специјалност – шрауба го совлада противничкиот голман за 25-21.

Continue Reading

Спорт

Голем хендикеп: Eлмас позитивен на корона, нема да игра против Косово

Published

on

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски го објави списокот за натпреварот против Косово (8 октомври, национална арена „Тодор Проески“) од полуфиналето во Лигата на нации за пласман на Европското првенство, и за двата натпревари против Естонија (11 октомври, Талин) и Грузија (14 октомври, Национална арена „Тодор Проески“) од новото издание на Лигата на нации.

Елиф Елмас од Наполи нема да биде во составот поради позитивен тест на ковид-19. Во националниот тим се враќа Ферхан Хасани од фински Хелсинки. Вкупно 23 фудбалери се наоѓаат на списокот на селекторот Ангеловски.

Continue Reading

Спорт

Ибрахимовиќ во стилот на Чак Норис: Коронавирусот имаше храброст да ме предизвика. Лоша идеја

Published

on

Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ ги коментираше информациите дека бил заразен со коронавирус.

  • Вчера имав негативен тест за коронавирус, денес имав позитивен тест. Нема симптоми или нешто слично. Коронавирусот имаше храброст да ме предизвика. Лоша идеја – напиша Швеѓанецот на Твитер.

Триесет и осумгодишниот Швеѓанец поради позитивен тест е принуден да го пропушти натпреварот од 3. квалификациско коло во Лигата на Европа против норвешкиот клуб „Бодо-Глимт“

Овој натпревар ќе се одржи вечер од 20.30 часот.

Continue Reading

Забава

Мурињо:„Тешко ќе биде во Македонија“ – а ние што сме цел живот тука ?

Published

on

„Ништо не знам за Шкендија, но знам дека ќе биде тешко во Македонија. Се игра еден натпревар што претставува дополнителен ризик. Кога има реванш секогаш може да ги исправите грешките“, рекол португалскиот стратег.

Жозе Мурињо по мечот со локомотив рекол дека очекува тешко гостување во Македонија. Тотенхем претходно ќе мора да игра со Саутемптон во премиер Лигата и Лејтон во Лига купот.
Но коментарите на интернет се дефинитивно врвот:

Тешко, за нас е секојдневие

Кога ќе види со кој си има работа, ќе сака побрзо да си замине од тука како пола младина

Еден ден си овде и одма ти е тешко а ние што сме цел живот што да кажеме ?

Тешко не е во Македонија, тешко е горе на малтер со количка во Германија

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2020 Булевар.мк

error: