Connect with us

Инфо +

100.000 лица ќе живеат со 126 денари дневно во Македонија

Published

on

Нови 100.000 лица ќе западнат во сиромаштија и ќе живеат со помалку од 126 денари на ден како  последица на ковид криза. Стапката на апсолутна сиромаштија ќе се зголеми за високи 5,2 процентни поени, што значи вкупно 475 илјади лица ќе крпат крај со крај со по 3,780 денари месечно, покажува истражувањето на Фајнанс Тинк. 

<iframe width="940" height="529" src="https://www.youtube.com/embed/htWczJOBeFo" frameborder="0" allow="accelerometer; autoplay; clipboard-write; encrypted-media; gyroscope; picture-in-picture" allowfullscreen></iframe>

Continue Reading

Инфо +

Од патарини за 5 месеци наплатени над 900 милиони денари, а дупките СТООО…

Published

on

Податоците за остварената наплата на патарините во првите месеци од годинава ни даваат за право да бидеме оптимисти дека не само што ќе се вратат приходите остварени пред пандемијата на Ковид 19, туку реално е да очекуваме и да се зголемат, вели во интервју за МИА  директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми.

За периодот јануари-мај, во 2021 година е остварен промет од наплата на патарина поголем во однос на истиот период во 2019 година (која според годишниот промет е рекордна) и има зголемување за над 4 проценти. Ако во 2019 година до мај биле инкасирани 926.114.696 денари, за истиот период во 2020 година е остварен промет од вкупно 751.329.426 денари, за разлика од 2021 година кога прометот изнесувал 968.718.496 денари или зголемување од 28,9 проценти во 2021 година.

Но, од друга страна граѓаните се се посилни во своите реакции за скапите патарини, а несредените патишта, па често прашуваа за што плаќаме патарини кога возиме по дупки а патиштата не се одржуваат.

Continue Reading

Инфо +

ЕСПН: Македонија го има најубавиот дрес на Европското првенство! Грците со жалба (Видео)

Published

on

Американски „ЕСПН“ го прогласи дресот на македонската фудбалска репрезентација за најубав на ЕП.

Некогашниот американски репрезентативец, Еркулес Гомез Уртадо заедно со Клинтон Јејтс го издвоија нашиот дрес како најоригинален и најтрактивен на првенството.

Македонија утре ќе дебитира на Европското првенство со мечот против Австрија од 18 часот на националната арена во Букурешт.

Видео ТУКА

А на само неколку часа пред почетокот на Европското првенство нашиот јужен сосед упатил жалба до УЕФА за македонскиот дрес, објави грчкиот весник ‘Катимерини’.

Грчкиот министер за спорт Лефтерис Авгенакис се буни за логото на ФФМ на дресовите, односно кратенката „Фудбалска федерација на Македонија“, бидејќи истата ја нема придавката „северна“, што е спорно според Преспанскиот договор.

Писмо со жалба стигнало и до македонската власт откако грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас испратил допис до македонскиот колега Бујар Османи.

Continue Reading

Инфо +

Оваа генерација е најсветото нешто, генерација која ја обедини Македонија 🇲🇰

Published

on

„Дојде и тој ден кога почнува Европското првенство… денот кој го сонував долго време низ мојата кариера… Македонија да игра на едно големо натпреварување… Можеби ова се последните мои натпревари за македонската репрезентација… Сакам како капитен да ви се обратам на целата нација: Оваа генерација е најсветото нешто на македонскиот фудбал, ова е генерацијата што ја обедини цела Македонија… Горд сум на секој момент и секоја капка пот пролеана во светиот дрес. Сонот го испишавме, одиме да испишеме историја. Бидете со нас навивајте за Македонија!“, напиша Горан Пандев на својот Инстаграм профил.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2020 Булевар.мк

error: