Connect with us

Инфо +

Доктори размислуваат за заминување од Инфективна, лошите меѓучовечки односи главна причина

Published

on

Нарушените меѓучовечки односи на Клиниката за инфективни болести е главна причина за одливот на кадри од болница. Вработени во оваа јавна здравствена установа во изјава за Скопје Инфо велат дека нова група вработени размислуваат за премин од јавното во приватното здравство, а главна причина за тоа е дрскиот однос од страна на менаџмент кон доктори и медиски сестри кои долго време работат таму.

Во новата група на вработени кои размислуваат и преговараат за трансфер има доктори и медицински сестри кои се вистински професионалци кои долго време се вработени таму и кои буквално го носат целиот товар во клиниката.  Безобразниот однос од страна на менаџментот ги демотивира и  разочарува. Доколку тие си заминат од болницата во прашање ќе се доведе нејзиното функционирање, но и здравјето на граѓаните, велат тие во изјава за Скопје Инфо.

Тие додаваат дека арогантниот однос на двете директорки, здравствениот и економскиот менаџер и притисокот кој тие го прават врз вработените од ден на ден станува се полош, а многу често во заканите кои ги добиваат вработените се злоупотребуваат и имиња на фисоки функционери во власта.

Министерот за здравство Венко Филипче пред неколку дена информираше дека една докторка од Клиниката за инфективни болести дала отказ и планира да замине да работи во приватна болница. Според него, и докторката која го раководела Инфективното одделение во Градската болница „8 Септември“ најавила дека ќе замине во приватна болница. Неколку дена претходно, дополнителни три медицински сестри заминаа од болницата.

Continue Reading

Инфо +

Додека цел свет ја чека вакцината, ова 14-годишно девојче ТВРДИ ДЕКА ГО ИМА РЕШЕНИЕТО ЗА КОРОНАВИРУСОТ

Published

on

Додека научниците ширум светот се натпреваруваат да најдат лек за коронавирусот, Аника Чебролу, 14-годишна тинејџерка од Фриско, Тексас, ја доби престижната награда „3 милиони предизвици за млади научници 2020“ и 25.000 долари за нејзиното откритие кое може да доведе до можна успешна терапија против КОВИД-19, пишува Си-Ен-Ен.

„Предизвикот за млади научници“, е натпреварување во кое учествуваат средношколци од САД.

Натпреварувачите во кратко видео покажуваат идеи за нивните пронајдоци со кои би можеле да решат проблем, додека десетте финалисти имаат можност тесно да соработуваат со научниците од „3М“ и да го посетат центарот за иновации на компанијата во Минесота, со цел да да се натпреваруваат за наградата од 25.000 долари и титулата најдобар млад научник во САД.

Пронајдокот на Аника се користи за таканаречената методологија на работа „Во силициум“ за откривање на клучната молекула, која може селективно да го поврзе и испрати протеинот до вирусот САРС-Ков-2.

„Последните два дена видов големо медиумско внимание на мојот проект поврзан со коронавирусот и тоа ги рефлектира нашите колективни надежи дека ќе заврши пандемијата. И јас, како и сите други, сакам што побрзо да се вратам во нормала“, изјави Аника за Си-Ен-Ен.

Аника, американска државјанка со индиско потекло, го достави својот проект да се натпреварува, кој првично не беше посветен на наоѓањето лек за коронавирусот.

Нејзината цел на почетокот беше да се користи методот Ин-силико за да се идентификуваат водечките единици што можат да го врзат протеинот со групата вируси.

„Откако поминав многу време во истражување на оваа пандемија, вируси и лекови, би било лудо да помислам дека само јас би можела да ставам крај на целиот овој проблем“, додаде таа.

Таа призна дека инспирацијата да го најде лекот за коронавирусот и дошол откако дознала повеќе за пандемијата на шпански грип од 1918 година и била шокирана кога сфатила колку луѓе ги губат своите животи во САД годишно и покрај вакцинацијата против грип.

Кога не е во лабораторија, оваа 14-годишна девојка се занимава со традиционален индиски танц, што го практикува веќе осум години.

Continue Reading

Uncategorized

“СЕКОЈ позитивен на Ковид ќе мора да се лекува исклучиво во болница”

Published

on

Денеска собранитето ќе гласа за измени на член 28 од Законот за заштита на населението од заразни болести согласно кои измени СЕКОЈ позитивен на Ковид ќе мора да се лекува исклучиво во болница. Иако самите здравствени власти истакнуваат дека 85% починати се со други хронични болести, иако 80% поминуваат БЕЗ симптоми или со полесна слика, сега и некој кој НЕ НИ ЗНАЕ дека има Ковид јер нема симптоми, ќе мора во болница.
Атеист сум и ќе кажам- Господ нека ни е на помош!

Continue Reading

Инфо +

„Како Медицински сестри да не дадат отказ, кога секојдневно ризикуваат живот ради народов“

Published

on

Одличен твит прекрасна спореба:

Како Мед. сестри да не дадат отказ, коа секојдневно ризикуваат живот ради народов, а у меѓувреме вчера искача списак на советнички плати каде ИВАННА Протокол лапа 1000 €, истата ИВАННА шо едно ебано знаме на делегација не погоди. Кога не цениш квалитет, ќе се давиш у медиокритет

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2020 Булевар.мк

error: