Connect with us

Хуманост

Одличен гест: Бepберот Aли ja пpoдаде својта кола зa дa им кyпи xpaна нa глaднитe

Published

on

Приказната на Февзи Али, Турчин што живее во Македонија, а работел во Виена, ги спојува трагедијата и среќата во едно. На овој човек животот и тука и таму му покажал дека мигот го менува живот, во првиот случај на лошо, а во вториот на добро, објави МКД.мк

До 2009 година Али живеел скромно и работел како бербер продолжувајќи го семејниот бизнис на својот татко во берберницата во Скопје. Воопшто не ни помислувал дека можеби еден ден ќе заработува доста посолидно. Заминал во Виена на гости кај братучед, а токму таа посета му ја отворила вратата на неговиот успех.

Она што газдата на берберницата го натерало да му понуди да остане да работи се парите, односно прометот што успевал да го направи и, како што вели, поради квалитетното работење, но и поради тоа што умее да зборува неколку јазици.

Од мај, 2009 до ноември, 2019 година работел во Виена, а кратко во земјава се вратил во 2014 година. Пожарот што за малку за него ќе завршел кобно, му донел огромна промена во животот и тогаш Али се заколнал дека кога ќе се оправи и ќе застане на нозе, ќе им помага на луѓето и наместо да ги чува парите, ќе ги вложува за некого да го направи среќен.

Повеќе: https://www.mkd.mk/makedonija/razno/berberot-ali-turchinot-od-chair-shto-prodade-bmv-h5-za-da-im-kupi-hrana-na-gladnite

Continue Reading

Хуманост

Прекрасно дело: Крушевчанка нуди сместување за болни од Ковид-19

Published

on

Почитувани сограѓани, ситуацијата во Крушево излегува од контрола и без да се обвинуваме, ширејќи само омраза, да си помогниме кој како и колку можи.

Јас го нудам моето апартманче,(кое нормално не се издава во вакви услови), за изолација или било каква потреба на семејство каде нема услови и за болниот и за останатите членови на семејството.

Доколку некој има потреба од посебна просторија нека ме контактира во секое време а тековните потреби за храна и останатото, ќе бидат моја грижа.

Билјана Проеска
Крушево

Continue Reading

Хуманост

Исчезна уште едно лице: Жена со деменција! Семејството моли за помош

Published

on

Скопјанка со деменција е изгубена, а семејството бара помош од граѓаните. Живее во скопската населба Бутел 1, но нее исклучено да се качила во градски автобус.

„Изгубена е жена на возраст од 80 години со деменција. Се одзива на името Веца. Кој може нека го сподели постов
Било каква информација е добредојдена.
тел. за контакт: 075 55 45 35
тел. за контакт: 075 332 590
Жената е од Бутел 1. Меѓутоа ја нема од сабајле и постои можност да се качи во автобус или такси и да отиде било каде. Пријавено е во полиција. Bо моментов и има луѓе што бараат низ Бутел, Чаир, Радишани.“

Continue Reading

Хуманост

“Овие две девојки немаат услови да ја поминат зимата, а зад себе имаат и братче од една година”

Published

on

Драги мои пријатели и Пријателки зимата полека си доаѓа вирусите напаѓаат а овие две девојки немаат услови да ја помимат зимата а зад себе имаат братче од една година кој нема ни пелени на себе користи сешто ќе се најде, ве замолувам сите хумани лица кој имаат стари обувки јакнички тренерки и слично за возраст од 8 и 9 години и облека за машко од 1 година да донираат на ова семејство живеат над бирото за вработување или додека не сте во можност контактирајте со мене во инбокс
Ајде да помогнеме!!!
Ве молам споделувајте на вашиот зид !!!

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2020 Булевар.мк

error: