Connect with us

Приказни

Емотивен статус на Гордана: „Од “неопасниот”вирус вчера изгубивме колега“

Published

on

Емотивен статус на Гордана која има што да ви каже, вирусот не е играчка оние кои изгубиле блиски најдобро го чувствуваат тоа почивај во мир Драган .

Од “неопасниот”вирус, јас би рекла од најнепредвидливиот вирус, вчера изгубивме колега од Кумановската болница, хирургот Д-Р Драган Тасевски. Нека му е лесна земјата, а со свои 60 години не беше за во земја…Колку се е релативно, денес сме тука, утре не сме. Вирусот е дефинитивно руски рулет. Нека почива во мир, тажно, навистина тажно….веројатно јас како паталец поинаку го доживувам вирусот…

Continue Reading

Приказни

“Првите комшии ни се тешка сиромаштија, но само тие дојдоа во болница”

Published

on

Нашите први соседи се тешка сиромаштија. Колку и да се трудат нешто да направат, како да се проколнати, ништо не им оди од рака. Живеат во разрушена куќа и единствено што Бог им дал, тоа се нивните деца.
Имаат четири сина и две ќерки. Тоа се прекрасни деца, меѓутоа, многумина тука од соседството кога ќе ги видат, им ја вртат главата.

Ги нарекуваат со погрдни имиња иако никому ништо лошо не му направиле. Честопати во училиште ги задеваат и ги тепаат, само затоа што биле сиромаси.

Јас и мојот сопруг им помагаме колку што можеме, често им ги плаќаме комуналиите, им купуваме нешто храна, некои основни намирници, ништо премногу, зошто и ние не сме некои богати.

За возврат никогаш ништо не сме побарале. Тоа го правевме од сожалување кон децата.

Меѓутоа, пред неколку месеци нашиот помлад син се разболе, му откажаа бубрезите и мораше да започне да оди на дијализа. Тоа беа тешки моменти за нас.
Докторите ни советуваа дека потребно е да се направи трансплантација, додека е сè уште млад и да најдеме повеќе потенцијални донори за да ги направат потребните анализи.

Кога ова им го раскажавме на нашите соседи, тие веднаш се согласија и рекоа дека ќе дојдат со нас во болница и ќе ги земат со нив сите шест деца. Рекоа дека “Ваљда еден од нас ќе може да помогне”.

Мислевме дека до следниот ден ќе се предомислат, но еве ги денес, сите дојдоа да дадат к рв.

Она што најмногу емотивно ме погоди, е тоа што никој од нашите пријатели и роднини на кои им се јавивме, никој не дојде. Никој не реагираше на нашата молба, а под “Никој” мислам на нашите браќа, сестри…

Никој не сака да си го ризикува животот за да го спаси мојот син. Но, тоа е животот, веројатно така требало да се случи. Од сите што ги замоливме, на крај дојдоа само нашите соседи, сосе нивните деца.
Само се надевам и го молам Бога, мојот син да не го помине остатокот од животот на дијализа и да се покаже дека мојот бубрег најмногу одговара. Тогаш ќе бидам 100% среќна. Те молам Боже, исполни ми ја оваа желба!

Continue Reading

Приказни

Љупчо: Сакав да се тестирам, ми рекоа “Дечко хаос е, снаоѓај се сам”

Published

on

По скоро 3 недели Ковид голгота, добив негативен тест. Па пошо не сум член на “Машки домаќински муабети”, “Совети за Ковид 19” и слични групи, моето искуство ќе го споделам тука, ја започнува својата исповед Маркоски Љупчо на социјалната мрежа Фејсбук.

Дечки, не е ова вирус туку ЛАМЈА! Воглавно бев со полесни симптоми, а се започна со силна мускулна болка, проследена со главоболка и кога следните 2 дена во кои бев драстично подобар и за моменти помислував дека не било ништо односно ми паднал притисок или некојаси краткотрајна настинка, започна повторно влошување проследено со ринитис, почеток на губење на мирис, вкус, суво грло, малаксаност, а следниот ден буквално се осетив како да ме прегазил воз, што веќе беа доволно причини да се самоизолирам.

Уште веднаш исконтактирав со матичен лекар, му ја објаснувам состојбата, вика да, вирусот е, доколку не се влоши состојбата, односно не пројавиш покачена температура, седи дома! Викам па како? Нешто решение за изолација, тестирање да знам точно на што сум? Ништо вика, тотален хаос е во здравството, не можам да ти закажам тестирање, доколку не можеме да потврдиме контакт не може ни да се издаде решение за изолација, па види ако можеш снајди се сам да си договориш во ЦЗЈЗ да те тестираат, или пак да најдеш инфектолог да ти пиши упат за експресно тестирање. Одам во ЦЗЈЗ цел наоружан со КН95, визир капа, викам влошена ми е состојбата, скоро и 100 % ми е загубен мирисот, потребно ми е веднаш да се тестирам!

Ништо вика дечко, џабе ти е, нема тестови, еве ти бројче, ќе си се јавиш па ќе си почекаш колку што ќе ти кажат, тестот ќе биде на приватно штом е по своја иницијатива, инаку да знаеш ми вика може и матичниот да те закажи. И викам сега што, дајте ми нешто решение за изолација да бидам на чисто! А вика, тоа ние не можеме, барај си го матичниот. Што треба сега да правм викам, со симптоми ли да се шетам? Си заминав. После ова, се обидов на вториот начин, односно одам на клиника да барам инфектолог, кога пред влезот, редица се чекаше како пред банка кога ќе пуштат пензии! Тоа постари луѓе едвај дишат, припаѓаат со симтоми, молат за да ги примат, обезбедувањето за жива глава не ги пушта внатре! “Така ни е наредено, ќе си чекате”.

Одам дома, се јавувам повторно кај матичниот објаснувам и повторно барам од него да пробаме да најдиме можност за тестирање и повторно ист одговор, вика не можам да ти закажам! Спуштив и со денови како лудак по неколку пати дневно ѕвонев на бројчето што ми го дадоа во ЦЗЈЗ, одговор ни за жива глава, за после 5 ти ден да кренат и да ми закажат тест за по 8 дена. Им викам невозможно е, па до тогаш ќе го прележам, веќе помина повеке од недела дена од појавата на симптоми. Што да правиме дечко вика, тоа е ќе си чекаш. Сакам да кажам, иако веќе многу пред мене тоа го кажаа!

Сум бил и дел од здравствениот систем и многу добро тоа го знам, со глава тврдам дека ниту во нормални услови не е ништо под контрола, така да немојте да верувате во оние банални и тривијални изјави на Филипче и неговите ботови кои му аплаудираат, дека СЕ Е ПОД КОНТРОЛА, тотален колапс е дечки и се е надвор од контрола, односно ниту државниот апарат нешто контролира, ниту здравствениот систем! Доколку дојдите во ваква ситуација, трегнете од тоа дека никој не стои зад вас и сте оставени на самите себе, за да не лутате како јас. Филипче во моментов е во улога на политичар и мора да дава такви изјави, а ако не се убедивте во изминативе 30 години дека политичарите лажат, јас воопшто немам намера да ве убедувам.

Се сеќавате на оние несреќни изјави кога бараше гласови за време на изборната кампања за успешно да продолжел да ја менаџира пандемијата. Види бога ти, многу успешно ти оди! Останатиот период се до тестирање останав дома, сам во 4 ѕида со парацетамол во прашок и витамин Ц. Состојбата се менуваше, но вирусот од она што можев да проценам не се спушти никогаш надолу, односно остана во горниот респираторен систем. Така што немав поголеми проблеми со дишење, температура и сл. И совет за вас асимптоматски или со лесни симптоми.

Не читајте секоја една будала што отворила портал и што презема секакви пропагандни глупости дека сумамед, панцеф или било кој антибиотик се зема превентивно, не се тоа тик так бонбончиња, во телото постои нормална микро флора која се бори против инфекции, антибиотикот уништува се, така што може само да ја искомплицирате работата! Затоа постои наука, затоа постојат луѓе како Вело, Никола Пановски, кои цел живот го посветиле на ова, затоа постојат и микробиолози кои подготвуваат антибиограми.

Така што и во тешки случаи не може од ракав да се тврди дека секаде ќе делува Сумамед. Немојте да лупате пари за бетаглукани и имуно стимулатори! Веќе е доцна за билдање на имунитет, тоа ти е ко на зарибана кола да дотураш бензин. Тие што се потешки случаи, доколку имаат пари, итно во приватна клиника, рачунајте дека немате врски како некој си таму функционери или тие неколку пратеници што итно им најдоа кревет во преполна Инфективна Клиника. Чекањето чини живот. А вас ќе ве остават да умрете и само ќе бидете заведени како статистика!

Во периодот кој што следеше, оставен сам на себе, да бев не одговорен можев комплетно да се шетам на секаде и рачунајте дека има, ако не илјадници, стотици случаи како мене кои се вртат наоколу, по маркети, продавници, кафичи, одат на работа…..

Буквално на секаде ги има и воопшто не се ни тестираат откако ќе добијат одговор од институциите каков што добив јас.

Статистиката која ја гледате е ирелевантна, односно моќта на здравството ни е толкава што бројот на дневно ниво сигурно би бил барем 10 пати поголем доколку навремено успеат да ги тестираат сите што ќе се пријават. Да резимираме, следете наука, сега имате широк дијапазон на информации. Не читајте секаква пропаганда дека вирусот растел на пластика, се размножувал на железо и слични глупости. Носете маски и избегнувајте контакти, тоа е најбитно.

ФБ статус на Маркоски Љупчо

Continue Reading

Приказни

„За тебе мила мајко, јас ќе жалам секој ден, во туѓа земја” – со овие зборови Иван се прости од мајка му и замина во Германија

Published

on

Збогом мајко јас отидов, немаме пари, немаме здравје, немаме живот веќе тука во оваа наша мала земја. Оваа разделба ми го распарчува срцето. Ве оставам тебе, тато и бато, али мајко морам да одам и да печалам за мене, за нас, за мојата идна сопруга и фамилијата која ќе ја основам.

Збогум другари и другарки. Ве оставам, но ветувам дека ќе се вратам пак некогаш и повторно ќе седнеме во маалските кафеани да се насмееме за старите добри времиња, да си ги споделиме тајните наши. Но, тогаш и јас ќе имам пари Вас да Ве почастам, како што и Вие мене ме частевте многу пати за Вашите успеси во животот.

На крај, збогум Македонијо, моја мила родна земјо. Те уништија тие кои се на власт, секој ден се повеќе и повеќе гние земјата на која газам, а со неа гнијат и плодовите кои ни ги даваш. Бев горд Македонец, веќе не знам кој сум, иако живеам во својата родна Македонија.

Но мајко, ќе се вратам, чекај ме, те молам.

Иван.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2020 Булевар.мк

error: