Connect with us

Хуманост

Одличен гест: Срби донираа 35 илјади евра и подигнаа куќа за семејство во прилепско

Published

on

Сиромаштија, беспарица и беда. Живот кој станува мачно, тешко и неизвесно патување, во кој очајот е секојдневие, а стравот од утрешнината, кошмар. Накратко, тоа е сагата на деветчленото семејство Мајетиќ, од долненското село Секирци, кое со години живее во тешки и субстандардни услови. Немоќта на родителите на петте малолетни деца, како и на старата баба и на чичкото, кој пак, е лице со посебни потреби, за самите да си го подобрат мизерниот живот, ги натерало нивните соселани да побараат помош од хуманитарната организација „Спона“ од Скопје и на овие луѓе да им се изгради комплетно нов дом.

„После успешните акции за санација на куќи на северот од Македонија, во селото Кучевишта, многу ми е мило што го завршивме и првиот посериозен проект од темел за семејството Мајетиќ во селото Секирци, во централна Македонија. Мислам дека ова ќе биде предизвик и за идните, следни акции на новите донатори“, – вели Милутин Станчиќ од Хуманитарната организација „Спона“  од Скопје. 

Носител на овој проект, кој е вреден 35.000 евра е српската Хуманитрана организација „Србите за Србите“, која преку собирање донации ги помага социјално- загрозените многудетни српски семејства низ целиот Балкан.

„Конечно успеавме, еве и во Македонија да спроведеме една таква поголема акција. Ние сме со години активни на овие простори, но ова е првата куќа која ја подигнавме од темел“, – објаснува Стефан Јачменица од Хуманитарната организација „Србите за Србите“ од Србија. 

„Се работи за изградба на куќа на семејството Мајетиќ кое брои 9 члена, од кои пет се малолетни деца. Во прашање е изградба и опремување на куќа од темел. Целиот проект е вреден 35.000 евра“, – посочува Предраг Маринковиќ од ХО „Србите за Србите“.

 „Првата помисла ми беше дека ниедно дете не смее да живее вака, како што живее ова семејство во 21 век. И ете, бев во можност да помогнам колку-толку“, раскажува српската манекенка Неда Стојановиќ, која најголемиот дел од средствата ги обезбедила преку донации од Турција.

Македонија

Сите сме потребни за ова мало ангелче: Двегодишниот Марко од Прилеп се бори со ретко заболување

Published

on

Maрко Мицески од Прилеп е двегодишно ангелче кое се бори со ретко заболување и поради кое и во моментов е во болница.

Неговото лекување е возможно во Турција, но за истото е потребни 19.000 евра – средства кои неговите родители не се во можност целосно да ги обезбедат.

-Ве молам помогнете им за да можам и јас да учам, да се развивам и играм, да се радувам на животот како сите мои врсници, стои во апелот за помош.

Во апелот има трансакциски сметки за донации за Македонија и Германија, па доколку сте во можност помогнете со ваш прилог за ова мало ангелче да добие шанса за здраво и безгрижно детство.

Continue Reading

Македонија

ДА МУ ПОМОГНЕМЕ НА АЛЕКСЕЈ!

Published

on

Алексеј има само 3 години и му е дијагностицирана хипоксична енцефалопатија, ретка болест која означува недостаток на кислород во мозокот, создавајќи ризик од сериозни последици и смрт.


Решението за оваа болест е пресадување на матични клетки, нешто што за жал не е возможно во нашите здравствени институции.


Поради тоа, неговото лечење мора да продолжи во болницата Лив Хоспитал Улус во Истанбул, но пресадувањето чини 19.000 евра, средства кои моментално семејството на Алексеј ги нема.


Затоа ве замолуваме токму вас, хумани луѓе кои ја поддржувате работата на нашата фондација, уште еднаш заедно да ја покажеме солидарноста на дело и да донираме за да го спасиме животот на нашиот Алексеј!


Донациите ќе се прибираат на сметката на фондацијата, а со собраниот износ ќе се платат сите трошоци кон болницата во Турција.

Линк за донирање: https://gofund.me/27ad16be

Continue Reading

Хуманост

(Фото) Да помогнеме да се пронајде млада девојка!

Published

on

Да помогнеме да се пронајде млада девојка!

Информациите подолу на фотографијата:

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк