Connect with us

Религија

За чудата на Василиј Острошки: Животот ми се промени откако преспав во манастирот

Published

on

Издлабен во карпа, чиниш лебди, издигнат над рајска шума, на надморска височина од 900 метри е домот на големиот чудотворец, Василиј Острошки, манастир кој секојдневно е прибежиште на илјадници верници кои тргаат по мир, здравје и чуда. Верници од сите краишта, од сите вери, од деца до старци, сретнав додека го посетував овој манастир, посветен на еден од најголемите светци во православната вера.

За стотици верници овој манастир секојдневно е местото каде тие следејќи ја верата го пронаоѓаат лекот, мирот и спасението …се раскажуваат вистински приказни за инвалиди кои прооделе, за болни кои се излекувале, за жени кои по посетата станале мајка по долги години…секој за својата мака, велат, тука нашол лек.

Манастирот Свети Василиј Острошки датира од 17 век и е сместен во карпест крај во Црна Гора, помеѓу Никшиќ и Подгорица.  Ова свето место во текот на целата година е најпосетено светилиште во Црна Гора, а после Христовиот гроб и Светата гора, ова е третото најпосетено светилиште во христијанскиот свет. Што уште повеќе говори дека чудата на овој светец се вистински.

Самиот пат до манастиот е предизвик. Ние стигнавме околу пладне. Со автобус може да се стигне само до Долниот манастир, а оттаму со автомобил или такси за кое плаќа едно евро. Но, верниците милуваат да одат пеш, како и самиот чудотоврец. Велат и ден-денеска тој чекори по таа тесна камена патека во срцето на шумата. Како и светецот, многумина тргаат пеш, но и боси. Постарите велат дека треба да се оди бос, во почит на светецот, но и за здравје и за спојување со природата и верата, бидејќи ова е света траса по која Василј одел секојдневно, како и целиот карпест крај е свето место. Одев пешки, но е и боса. По околу 40-минутно пешачење стигнавме на врвот. А таму оние кои одеа боси велат дека не почуствувале ни болка, ни студ, сепак е студен октомвриски ден.

А горе не’ пречекаат многу верници, полека се сместуваа да ја поминат ноќта во довор на манастирот…ќебиња, перници, јоргани, душеци, млади и стари, лица полни со надеж…

За човекот кој животот го посвети на верата

Свети Василј Острошки е чудотворец кој лекувал болни и кој и покрај заканите од тогашните турски власти, никогаш не се откажал од вербата во Бога. Тој е роден во селото  Мркоњиќ, Попово Поле Во Босна и Херцеговина  на 28 декември 1610 година во сиромашно семејсто. Уште од мали нозе, родителите го учеле на скромност, на духовно богаство и вера. Роден како Стојан, растел пасејќи овци, учен од своите за Бога, за соживот и за несебичност. За да го заштитат  од турскиот аскер кој ги земал машките деца за јаничарската војска, неговите го праќаат во манастир, каде и останал до крајот на животот, а потоа бил прогласен и за светец.  Монашкиот живот го почнува под закрила на својот чичко, игумен Серафим во најблискиот манастир. По замонашувањето го прима името Василиј. Животот го поминал меѓу народот, зачувувајќи  ја верата во опасните времиња, служејќи му на Бога и посетувајќи манастири.  Честопати бил напаѓан од неверици, од турската војска, од непријатели, но тоа не му била пречка во неговата благородна мисија за зачуваување на верата меѓу народот. Починал на 29 април 1671 година во манстриот Острог.

Чудотворната лоза израсната во карпа

Најголемиот дел од својот живот чудотворецот го поминал во овој манастир. И ден-денеска, неколку века по неговата смрт, на местото каде што починал, во неговите одаи, расте винова лоза сред карпа. Ова е вистинско чудо. Се раскажува дека оваа лоза изникнала на денот на неговата смрт сред карпа, без вода, без семе и без земјиште, како сведок за моќта на светецот.

Многу жени раскажуваат декаа токму плодовите на оваа лоза им помогнал да зачнат живот, отакако изгубиле надеж дека некогаш ќе бидат мајки.

Прогласувањето за светец

Телото на Свети Василиј монасите го погребале во гробница под црквата Воведение на Мајката Божја, а верниците доаѓале на неговиот гроб да се молат за здравје и помош. А чудата секојдневно се случувале. Седум години по неговата смрт, светецот му се јавил на сон на тогашниот игуман на манастирот Свети Лука во Парохијата во близина на Никшиќ. Тој го игнорирал сонот, но светецот  продолжил да му се јавува. Тој на сон побарал од него да го откопа неговиот гроб.  Како што ми раскажаа, по третиот сон игуменот решил да го стори тоа. Заедно со монасите го сториле тоа и останале зачудени. Неговото тело не било воопшто распадното, било жолтеникаво и мирисало на босилек. Тогаш тие сфатиле дека овој човек навистина е светец. На 12 мај тој бил прогласен на светец и тој ден е негов празинк во негова чест. Неговите мошти се пренесени во малата црква пред манастирот, каде секојдневно, верници се молат за здравје, а луѓето се сведоци за чудата и моќта на верата.

За чудата, за моќта, за верата

Но, она што го ги спои верниците, но и скептиците од целиот Балкан, но и пошироко се чудата кои секојдневно се случуваат во ова свето место. Додека патуваме накај манастирот слушанав многу приказни за чуда кои се случиле. Многу болни, толку болни што дури и докторите не им даваат повеќе надеж ја повратиле силата откако поминале ноќ под ведро небо во дворот на манастриот посветен на светецот. Речеси скојдневно стотици верници се одлучуваат да спијат во манастирот за здравје, за среќа, за спокој и мир на душата. Во склоп на манастирот има и конаци, но бидејќи тие  се доволни за многубројните верници, повеќете од нив спијат под ведро небо, чувани од чудотворецот Василиј.

Според обичаите, кога некој го посетува манастирот треба со себе да понесе нешто, најчесто оставаат дар машки чорапи и шеќер во коцки. Оној кој милува може да си освети нешто за во домот.  Најчесо се носат маички, пешкири и чорапи.

Стигнавме околу 14.30 часот, и речиси час и половина чекавме да влеземе во малата и стара црква каде се сместени моштите на светецот. Како што е ред, ги оставивме подароците, а со нас го понесовме она што требаше да се освети. Понесовме наши работи, но и работи за болни пријатели, кои ете по нас побараа здравје.  Мир, сонце, тишина, сите мирно чекаа да им дојде редот…а во тие час и половина ни жед ни болка во нозете, само некое спокојство кое ја спојува таа огромна бројка на луѓе дојдени за иста цел.

Црквата е навистина мала, а во неа еден отец кој ако побарате ќе ви прочита и молитва за Вашата мака. Ни рекоа да не се задржуваме многу бидејќи редот на посетители беше навистина долг. Се поклонивме пред моштите на светецот, се помоливме и го допревме тоа што требаше да се освети.

Лица искрени, намачени, Македонци, Срби, Бругари, Руси, дури и француски и англиски слушнав во дворот на манастриот преполн со луѓе дојдени со верба.

Раскажуваат како некој проодел откако неговата мајка секојдневно се молела на светецот, други кажуваат за болни кои станале од постелата, трети пак велат дека чудотворецот им помогнал да станат родители.

Мир и спокојство, чиниш душата ти се смирирува и се спплотува со небесната шир која го опкружува ова свето, ова чудотворно место.

„Животот ми тргна на подобро откако преспав во манастирот“

Една од сопатничките, скопјанката  Билјана отворено ми раскажа вербата во чудата на Василиј Острошки и за нејзинито искуство, за кое таа вели, „ми го промени животот“.

Таа раскажува дека честопати слушала за манастирот, но некако без многу верба игнорирала. Прв пат ја видела турата за посета на Фејсбук, но само одминала. Вториот пат кога повторно ја видела некако се заинтересирала, а веќе по трет пат вели таа, кога се појавила, нешто како да на натерало да тргне. Не можејќи да најде друштво, тргнала сама, решена да преспие.

„Стигнавме и имаше неколку стотици луѓе“, ја почнува таа својата приказна додека се враќаме од манастирот, сите поспокојни. Таа вели дека кога стигнала немало место во конаците, па решила да преспие во дворот, како и многумина други. Вели дека воопшто не била подготвена, ни ќебе, ни перница.

„Оттаму ми дадоа неколку ќебиња и перница, а и душеци за да постелиме. Нормално, никогаш не ми легнала на нешто неперно, а тогаш воопшто не почувствував ни гадење, ни грижа, вооптш не ни помислив колку луѓе ги користеле пред мене“, се потсетува Билјана.  Вели дека си легнала околу 20 часот.

„Толку луѓе на едно место, а толку беше мирно и спокојно“ – вели таа и додева дека највоодушевувачки момент и било кога влегла во одајата со моштите. „Бевме околу пет лица заедно. Молчевме и стоевме. Наеднаш сите во ист миг се свртевме и излеговме, без никој збор да каже. Беше тоа магичен миг, како на прочистување, на препородување“.

Додека раскажува се насмевнува, искрена е и вели дека на сите им кажува за своето посетување на манастирот и вели дека треба самите да ја почувствуваат неговата моќ.  Таа се сеќава дека до неа спиеле мајка и две дечиња, околу три и петгодишна возраст. Се сеќава колку биле тие мирни, послушни и воопшто не биле исплашени што спиеле надвор таа ноќ.

„Се разбудив околу 2 часот по полноќ, а се чувствува како да сум спиела повеќе од десетина часа. Рано утрото ја посетив литургијата и се чувствува толку убаво, смирено“.

Билјана раскажува дека секоја ноќ по неколку стотици луѓе преспиваат во манастирот и во конаците и дека никој никогаш не се пожалил на студ, на болка, на страв.

„Тоа е еден мир и енергија која мора да ги доживееш“ вели таа, која додава дека после преспивањето нејзиниот живот тргнал на подобро.

Додава дека ова и втор пат, и дека ќе го посети манасирот уште еднаш, бидејќи според обичаите, мора да е непарен број на посети.

По нејзина препорака и прекраснот искуство, нејзина пријателка која немала деца преспала во манастирот, и следната година родила детенце.

Чудна е вербата,  уште почудни се искуствата на верниците, но како што велат, за арно е…чудата секојдневно се случуваат, а многуброните реки посетители на овој манастир говорат дека таму чудата се вистински и дека моќта на овој светец е голема.

Она што е интересно, а воедно и уште чудо, е што секоја година му ги менуваат чевлите на светецот бидејќи ѓоновите се излитени. Верниците велат дека тој и ден-денеска шета меѓу народот одговарајќи на молитвите, помагајќи на болните и зајакнувајќи ја верата. Самиот предел околу манастирот и како да се стигне до него е стрмен и опасен, но велат ,тука никогаш не се случила сообраќајна незгода бидејќи светецот го чува овој крај.

Голема е моќта, вербата и чудата, а ако верувате посетете го ова свето место во карпата и самите почувствувајте ја таа моќ, тој мир и спокјство кое ви ја полни душата со нешто преубаво.

Религија

Свети Никола Чудотворец, архиепископ Мирликиски

Published

on

 Овој славен светител, когошто и денес го слават по сиот свет, им беше единец син на своите богати и угледни родители, Теофан и Нона, жители на градот Патара во Ликија. Бидејќи им беше син единец даруван од Бога, тие Му го посветија на Бога, принесувајќи Му така дар. Знаењето за духовниот живот Николај го стекна преку својот чичко Николај, епископот Патарски, и се замонаши во манастирот „Новиот Сион“, основан од тој негов чичко. По смртта на родителите Николај им го раздаде наследениот имот на сиромасите и ништо не задржа за себе. Додека беше свештеник во Патара тој многу се прочу со делата на својата милостина, иако ги криеше грижливо, за да го исполни зборот Господов: „Да не знае твојата лева рака што прави твојата десна рака“ (Матеј 6, 3).

Кога се предаде на самотност и на безмолвие, мислејќи така да проживее до смртта, му дојде глас одозгора: „Појди на подвиг меѓу народот, ако сакаш да бидеш од Мене овенчан.“ Веднаш потоа според чудесната Божја Промисла беше избран за епископ на градот Мир во Ликија. Милостив, мудар, бестрашен, Николај му беше вистински добар пастир на своето стадо. За време на гонењето на христијаните под Диоклецијан и Максимијан го фрлија во затвор, а тој и во затворот ги поучуваше луѓето на законот Божји.

Присуствуваше на Првиот Вселенски Собор во Никеја и од голема ревност за вистината го удри еретикот Ариј. За ова дело го отстранија од Соборот и од архијерејската служба, сè додека на неколкумина од првите архиереи на Соборот не им се јавија Самиот Господ Христос и Пресвета Богородица и не го објавија своето благоволение кон Николај. Чувар на Божествената вистина, овој чудесен Божји светител беше и одважен заштитник на правдата меѓу луѓето. На двапати спаси по тројца луѓе од незаслужена смртна казна. Милостив, вистинољубив и праведен, одеше меѓу луѓето небаре Ангел Божји.

Уште за време на животот луѓето го сметаа за светител и го повикуваа на помош во маки и неволји и им се јавуваше во сон и на јаве на тие што го повикуваа, еднакво лесно дали се блиску или далеку, и им помагаше. Од неговото лице блескаше светлина како од лицето Мојсеево, па и со самата своја појава им носеше на луѓето утеха, мир и добра волја. На старост, кратко боледуваше и се упокои во Господа, многустрадален и многуплоден, за вечно да се весели во Небесното Царство продолжувајќи да чудотвори на земјата, помагајќи им на верните и прославувајќи Го својот Бог. Се упокои на 6 декември 343 година.

Continue Reading

Религија

Денеска е Воведение на Пресвета Богородица – да се помолиме на светата Дева

Published

on

Кога Пресвета Дева Марија наполни три години од раѓањето, нејзините свети родители Јоаким и Ана ја доведоа од Назарет во Јерусалим, за да ја предадат, според своето ветување, на служба на Бога. Од Назарет до Јерусалим има три дена пат, но одеа на богоугодно дело и патот не им беше тежок. Се собраа и мнозина роднини на Јоаким и Ана за да земат учество во таа свеченост, во којашто невидливо учествуваа и Ангелите Божји.

Напред одеа девиците со запалени свеќи во рацете, потоа Пресветата Дева, водена од едната страна од Јоаким, а од другата од Ана. Беше украсена со царска благолепна облека и со украси, како што ѝ прилега на царска ќерка, на невеста Божја. Зад нив одеа многубројни роднини и пријатели, сите со запалени свеќи.

Пред храмот имаше петнаесет скалила. Родителите ја кренаа Девата на првото скалило, а таа тогаш сама брзо се искачи на врвот, каде што ја дочека првосвештеникот Захарија, таткото на свети Јован Претеча. Кога првосвештеникот ја зеде за рака, ја воведе не само во храмот туку и во Светињата на Светињите, каде што никој никогаш не влегуваше, освен архијерејот. Свети Теофилакт Охридски вели дека Захарија бил „вон себе и обземен од Бога“ кога ја воведувал Дева во најсветото место во храмот, зад втората завеса, поинаку не би можела да се објасни оваа постапка. Во онаа прилика родителите на Дева Марија според Законот, Му принесоа жртви на Бога примија благослов од свештеникот и се вратија дома, а Пресветата Дева остана при храмот. Таа пребиваше во храмот цели девет години.

Родителите ја посетуваа често додека беа живи, особено блажената Ана. А кога нејзините родители беа повикани да се претстават кај Бога, Пресветата Дева остана сираче и не сакаше до нејзина смртта да се оддалечува од храмот ниту да стапи во брак. Бидејќи тоа беше спротивно на Законот и на обичајот во Израилот, кога наврши дванаесет години му ја дадоа на Јосиф, нејзиниот роднина од Назарет, за во вид на свршеница да живее со него во девственост и привидно да го задоволи Законот.

Зашто во тоа време не се знаеше во Израилот девојките да се заветуваат на девственост до крајот на животот. Пресвета Дева Марија беше прва таква доживотно заветувана девојка и неа потоа ја следеа незнајно мнозинство девственици и девственички.

Continue Reading

Религија

Денеска се празнува Свети Јован Златоуст – Прославен заради мудроста, подвигот, и словото

Published

on

Патријарх Цариградски. Роден е во Антиохија, во 354 година, од татко Секунд, војвода, и мајка Антуса. Изучувајќи ја грчката философија, Јован се згнаси од грчкото незнабоштво и ја усвои христијанската вера како единствена и целосна вистина. Крштение прими од Мелетиј, патријархот Антиохиски, а потоа примија Крштение и неговите родители. По смртта на родителите се замонаши и почна строго да се подвизува. Тогаш ја напиша книгата „За свештенството“ и тогаш му се јавија светите апостоли Петар и Јован и му прорекоа голема служба, голема благодат, но и големо страдање.

Кога требаше да биде посветен за свештеник, се јави ангел Божји: истовремено и на патријархот Флавијан (после Мелетиј) и на самиот Јован. А кога патријархот го ракополагаше, сите видоа светол бел гулаб над Јовановата глава. Прославен заради мудроста, подвигот, и словото со голема власт, беше избран по желба на царот Аркадиј за патријарх Цариградски. Шест години управуваше со Црквата како патријарх со неспоредлива мудрост и ревност. Испрати незнабожечки мисионери кај Келтите и кај Скитите, ја сотре симонијата во Црквата симнувајќи мнозина епископи-симонисти; ја рашири милосрдната дејност на Црквата; напиша посебен чин на светата Литургија; ги посрами еретиците; ја изобличи царицата Евдоксија; Светото Писмо го протолкува со својот златен ум и јазик, на Црквата ѝ остави многу скапоцени книги со неговите беседи

. Народот го прослави, завидливците го замразија, царицата двапати го испрати во прогонство. Во прогонство помина три години и се упокои на Крстовден, 14 септември, 407 година, во местото Коман во Ерменија. Пред смртта, повторно му се јавија апостолите Јован и Петар, а и светиот маченик Василиск (се слави на 22 мај), во чијашто црква ја прими светата Причест. „Слава Му на Бога за сè!“, беа неговите последни зборови и со тие зборови душата на златоустиот патријарх замина во Рајот. Од моштите на свети Јован Златоуст главата почива во манастирот Ватопед на Света Гора, а телото во Цариград.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк