Connect with us

Истражување

„Историјата е водилка за иднината, да научиме од постарите“

Published

on

ПРВИОТ ПРОГРАМСКИ ДОКУМЕНТ НА ВМРО-ДПМНЕ

Историјата е водилка за иднината. Историјата е мапа за патот кон иднината.Да научиме од постарите, од пра-основачите: Богдановски, Пеев, Стамковски, Попоски, Петков, Трајчески, Бојкоски, Ковачев, Илиевски….”Демократската партија за македонско национално единство ќе работи за измирување на сите Македонци кои до сега биле скарани на било каков начин, најмногу заради немање една вистинска национална политика. Лозунгот на нашата партија ќе биде: ОБЕДИНЕТИ МАКЕДОНЦИ ЗА ОБЕДИНЕТА МАКЕДОНИЈА!Партијата ќе укажува дека во името на македонското национално единство, кое денеска на нас Македонците ни е потребно како што ни е потребен насушниот леб, воздухот што го дишеме, треба да престанат сите караници меѓу Македонците.”…Од ПОЛИТИЧКАТА ПЛАТФОРМА на Демократската Партија за Македонско Национално Единство – усвоена во Стокхолм на 23 јануари 1990 година… (објавена во Млад Борец на 07 март 1990 година, неколку месеци пред формалното основачко собрание на ВМРО-ДПМНЕ)…

Continue Reading

Истражување

Заев, Спасовски и Шахпаска со најголеми плати – Филипче меѓу помалку платените

Published

on

„Како дел од заложбите на Владата за поголема дигитална транспарентност, на оваа страница можете да ги проверите висините на платите на Претседателот на Владата, Замениците на Претседателот на Владата и на министрите во Владата. Висината на платата на министрите е јавен податок“, наведуваат од Владата.

Највисока нето плата зема премиерот Зоран Заев. Таа вкупно изнесува 87.813 денари, од кои 8.973 се за минат труд. Премиерот е и меѓу првите пет со највисок стаж од 22 години.

Втор на списокот е министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, со вкупна нето плата од 85.113 за кого се нагласува дека има покачување на платата од 20%. Спасовски има работен стаж од 18 години.

Трета, според висината е министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, со 74.273 денари нето плата од кои 9.303 се за минат труд. Шахпаска е и министерката која зад себе има најдолг работен стаж од 28 години.

Министерките за одбрана и култура, Радмила Шекеринска и Ирена Стефоска, според висината на платата, се следни. Шекеринска зема 72.989 денари, а Стефоска 72.670. Тие се на врвот на листата и според стажот, министерката за одбрана има 24 години, а министерката за култура 23.

Следни на листата се вицепремиерите за европски и економски прашања, Никола Димитров и Фатмир Битиќи, кои земаат идентична плата од 71.385 денари, а имаат и исти години на стаж – 19.

Првиот вицепремиер Артан Груби, пак, зема плата од 70.102 денари, а зад себе има 15 години работен стаж. Министерот за здравство Венко Филипче, пак има плата од 68.179 денари, од кои 3.209 денари се за минат труд, а има стаж од 9 години. Останатите плати се движат од 68 до 70.000 денари.

Единствено под таа граница се двајцата министри за животна средина и за информатичко општество и администрација, Насер Нуредини и Јетон Шаќири, кои земаат најниски плати од 65.612 односно 65.292 денари. Кај министерот Шаќири, во графата не е наведено дека има работен стаж.

Целиот список:

https://vlada.mk/plati

Continue Reading

Истражување

Џо Бајден го номинираше првото трансродово лице во Владата на САД

Published

on

Новоизбраниот претседател Џо Бајден објави дека ја номинира д-р Рејчел Левин за помошничка-министер за здравство. Ако Сентатот ја потврди номинацијата, Левин би била првата трансродова сојузна злужбеничка во Владата на САД.

Левин, која е секретар за здравство на американската сојузна дрѓава Пенсилванија, во моментот го води одговорот на државите на пандемијата од корона вирус.

„Докторката Рејчел Левин ќе донесе стабилно водство и стручност која им е потребна на луѓето да ја надминат пандемијата, без оглед на нивниот поштенски број, расата, верата, сексуалната ориентација, родовиот идентитет или инвалидитет и ќе ги задоволи потребите на јавното здравство на нашата земја во критичен момент“, рече Бајден, додавајќе дека Леви е висококвалификуван избор за помош во водењето на напорите на американската администрација во здравството.

Новоизбраната потпретседателка Камала Харис, ја нарече Левин „извонредна јавна службеничка со знаење и искуство која на САД ќе им помогне да ја сузбијат пандемијата и ќе го заштити и подобри здравјето и благосостојбата на американскиот народ“.

Левин, која дипломирала на колеџот Харвард и Медицинскиот факултет на Универзитетот Тулан, завршила обука од педијатреија и адолесцентна медицина на Недизинскиот центар СИнаи во Њујорк. Таа исто така, е порефесор по педијатрија и психијатрија на Медицинскиот колеџ Пен Стејт и служи како претседателка на АСТХО, Здружението на државни и територијални здравствени работници.

Continue Reading

Истражување

Детето ми е киднапирано, а институциите во Македонија се изживуваат со мене

Published

on

На социјалната мрежа Фејсбук, на профилот со име Верица Донева пред неколку дена се објави информација дека нејзиниот син и е незаконски одземен, а надлежните институции веќе 10 месеци не преземаат ништо.



Во продолжение ви ја пренесуваме интегрално нејзината објава:



-Здраво на сите! Решив јавно да споделам да дознае цела Македонија јас низ што минувам! Министерство за труд и социјална политика Министерство за правда МВР ДРЕМЕТЕ ЛИ?!?!?! Веќе 10 месеци трпам неправда, уцени,малтретирање, малверзации преживувам голгота од нашите нефункционални институции и иживување од страна на институциите во нашата “Држава” ако може така да ја наречам. Денеска реши јавно да споделам што и како работат институциите за малолетни дечиња, а знам и дека има многу самохрани МАЈКИ кои што го доживуваат истото што и јас!!!!!! А сега ке оде во прилог ЈАВНО секој доказ и документ ЗАКОНСКИ да се виде јавно нивниот резултат.Јас сум законски старател и мајка на малолетно дете веќе 11 години и СЕУШТЕ СУМ! ДЕТЕТО НЕ МИ Е ДОМА БИДЕЈЌИ ТАТКОТО ПО СВОЈА ВОЛЈА ОТИ МУ СЕ САКАЛО МИ ГО ОДЗЕМА НЕЗАКОНСКИ И УШТЕ НЕ Е ВРАТЕНО ДОМА КАЈ МЕНЕ!!!!!!!!!!! Синчето ми е одземено НЕЗАКОНСКИ и не е вратено до ден денес од страна на таткото од Март месец. Институциите се иживуват со мене цели 10 месеци! НЕ

ПРАВЕЈЌИ НИШТО не превземајќи ништо во област на законот и на мојте МАЈЧИНСКИ права по закон! Сакам под итна постапка детето да ми е донесено дома ВЕДНАШ!!! А од сега па натаму има се ЈАВНО да оде да видеме каков закон и какви права имат МАЈКИТЕ(ПИШУВАМ МАЈКИ СО ГОЛЕМИ БУКВИ ОТИ ТОА ЗА МЕНЕ Е НЕШТО СВЕТО!!!!!!) во оваа Банана Држава!

ДЕНЕС во 21:00 ќе се вклучам Live на Фејсбук, очекувам голема поддршка од сите вас, и се надевам дека ќе ја искараме правдата како што е ред! ВО ПРИЛОГ ОДАТ СИТЕ ДОКУМЕНТИ И ДОКАЗИ ОД МОЈА СТРАНА!!! ДОСТА БЕШЕ МОЛК СЕГА ОДАМ ЈАВНО И ГЛАСНО!!! СПОДЕЛУВАЈТЕ ГО ПОСТОТ ДА СЕ ЗАСРАМАТ ИНСТИТУЦИИТЕ

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2020 Булевар.мк

error: