Connect with us

Истражување

„За оние кои НЕ знаат што значи да се биде на РЕСПИРАТОР“

Published

on

За оние кои НЕ знаат што значи да се биде на РЕСПИРАТОР.За почеток, респираторот не е кислородна маска ставена преку устата на пациентот, додека тој лежерно одмара и чита весник на болничкиот кревет.Респираторната цевка се спроведува под анестезија и останува во вашата трахеа 2 до 3 недели, овозможувајќи ви да дишете во ритамот на белодробната машина. Нема да бидете во можност да разговарате, да кажете дали ве боли, да јадете или било што друго да правите затоа што вие сте тотално неспособни а машината живее и дише за вас.Заради непријатностите и болката која ќе ја чувствувате, здравствените работници во континуитет ќе мораат да ви даваат седативи и лекови против болка, со цел да се осигураат дека вашата плуќа е толерантна на страното тело поставено во неа. Како да сте во вештачка кома.После 20 дена од поставениот респираторен систем, младите пациенти ќе изгубат 40% од својата мускулна маса, и ќе добијат траума на устата или гласните жици, како и можни белодробни или срцеви компликации.Како резултат на ова, постарите или изнемоштени лица (баба ти, дедо ти, татко ти, мајка ти) нема да бидат во состојба да ги преживеат овие компликации. За разлика пак од респираторната машина, маските за уста познати како заштитни маски, се продаваат во секоја аптека, чинат од 25-30 денари, не се интубираат,се носат без анестезија, не предизвикуваат белодробни трауми и ако се носат постојано спасуваат животи.Респиратор или маска? ТИ ОДБИРАШ ШТО ЌЕ НОСИШ.

Continue Reading

Истражување

Четворица светски наркобосови лани во ист ден добиле македонски пасош

Published

on

Лани на 1 октомври дури четворица шефови на наркокартели дошле во Скопје, се фотографирале во просториите на Министерството за внатрешни работи, оставиле отпечаток од прст, добиле нов идентитет и македонски пасош, објави МКД. Според податоците од обвинителниот акт, на 1 октомври 2020 година во Скопје македонски биометриски пасоши со украден идентитет добиле Бразилката Карине де Оливеира Кампос, Црногорецот Игор Вукотиќ, брат на лидерот на Шкаљарски клан, Србинот Ратко Живковиќ, припадник на кланот на Дарко Шариќ, и Албанецот Марку Герти, шеф на албанска криминална организација од картелот Компанија Бело. Сите четворица на тој 1 октомври биле фотографирани од сега осудената Наздрие Зековиќ, која ја призна вината, како и другите обвинети во случајот „Двојник“.

(илустрација МКД)

Албанецот Марку Герти (38) Е шефот на организацијата во албанскиот картел Компанија Бело, за кој обвинител во Италија проценува дека за три години заработил 210 милиони евра од продажба на кокаин по европските земји.

Во Италија браќата Герти и Едмонд Марку се обвинети за трговија со кокаин од Холандија во Италија, Германија и други европски држави.

Бразилката Карине Де Оливеира Кампос, пак од Македонија излезе како Виолета Цонкова, Македонка од Бугарија. Во Бразил Кампос ја бараат за серија транспорти на кокаин.

Целата анализа на МКД.мк

Continue Reading

Инфо +

1.500 евра за 10 дневен одмор во Охрид?

Published

on

Дека Охрид е Европски бисер нема сомнеж, но дали со проценетата просечна вредност на еден одмор од десет дена на 1,500 евра ќе ги задржат македонските туристи, прашуваат во прилог од ТВ21.

„Минатата година 70% од капациетите на охридско -струшкиот регион беа исполнети со домашни туристи. Тоа беше почеток за кој треба да размислуваме за поголема концентрација на туристите од нашиот регион да се задржат во Охрид или во Струга, бидејќи има неколку фактори домашните туристи да останат во нашата држава“, истакна Љупчо Цветановски.

Еве, што велат цените кои се одлучувачки при избор на дестинација за летен одмор. Во Охрид хотелско сместување во хотел со 3 или 4 ѕвезди со појадок и вечера би ве чинело од 25 до 30 евра од ден. Во јули и август цената во хотел со 4 ѕвезди за  еднокреветна соба би ве чинела 51 евро од ден, двокреветна 74 евра и трокреветна од 99 евра  до 150 евра од ден или 10 ноќевања со појадок, без лежалка за 1 000 евра до 1 500 евра.

Овие цени се повисоки и од оние хотелски сместувања покрај море во Турција, Албанија, Египет каде што ова лето може да се летува со хотелско сместување ол инклузив за 300, 400 и 500 евра, каде за деца до 15 години е бесплатно.

Се чини дека сепак, на Охриѓани предизвик им се странските туристи. Балканот и Македонија се  атрактивни за гостите од Америка, азиските гости, европските  велат.

„Првата група која ни доаѓа е на 20 јуни што ме радува многу. Тоа е еден факт дека светот се отвора Америка ја победува короната и Американците можат слободно да патуваат во светот“, посочи Филип Стефановски.

Со 15.000 денари и годинава ќе се субвенционираат работниците со ниски приходи чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето износот од 30.000 денари за да одат на одмор. Претходната година 12.000 денари беа определени за оваа програма.

Continue Reading

Истражување

(Фото) Haд 1000 лyѓe гoдишнo yмиpaaт кaкo peзyлтaт нa зaгaдyвaњeтo нa вoздyхoт вo Македонија!

Published

on

Во зима, Скопје, главниот град на Македонија е еден од најзагадените градови. Според проценките на Студијата на Светска банка, над 1000 луѓе годишно умираат како резултат на загадувањето на воздухот во Македонија, а нејзиното население е само 2 милиони граѓани, пишува Euronews.com.

Здравствената мрежа на Југоисточна Европа е регионална организација лоцирана во Скопје. Охрабрува здравје и благосостојба меѓу земјите-членки и работи активно во оваа област поради алармантната состојба. Мира Јовановски Дашиќ, директор на Здравствената мрежа на Југоисточна Европа вели дека извештајот направен од експерти од нејзините земји-членки покажуваат дека било јасно дека штетата од загдувањето на воздухот врз здравјето е исклучително голема, а последиците може да се видат на срцеви заболувања, алергии и карциноми, пренесува Euronews.mk.

Конверзијата на словото на законот во реалност е една од најголемите системски слабости на земјите во транзиција, како Македонија. Европската комисија ја забележува оваа слабост во сите свои извештаи за напредокот. Засега, граѓаните сè уште чекаат владата да ги спроведе препораките на ЕК кои најверојатно ќе им дадат на жителите во Скопје здив на свеж воздух.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2020 Булевар.мк

error: