Connect with us

Приказни

Не сакавме да заминеме од селото па отворивме фарма за коњи и етно куќа, сега луѓето идат кај нас!

Published

on

Сопружниците Тамара и Зоран Ребиќ, на нивниот имот имаат 15 арапски и англиски чистокрвни коњи , произведуваат млеко од кобила и природна козметика, а особено се горди на етно куќата во која доаѓаат туристи од целиот свет кои преку работа на имотот, сакаат да ја почувствуваат магијата на руралниот живот на имотот.

 „Бидејќи јас и мојата сопруга пораснавме на село и многу ја сакаме природата, решивме дека ќе останеме засекогаш на село за да им овозможиме на нашите деца да растат и живеат со природата. За да можеме да егзистираме надвор од градот, моравме сами да си создадеме работни места. За среќа,  вакво рурално подрачје како што е  Билогора е идеално за развој на семејни фарми. Имавме голема  желба да се посветиме на одгледување коњи и  во 2007 година ја регистриравме нашата фарма каде и двајцата работиме денес, иако морам да признаам дека повремено кога ни требаат  повеќе финансиски средства  одам на работа во странство за кратко време“, ни кажува Зоран Ребиќ.

 Сопружниците инвестирале само свои средства за започнување на семејната фирма, но сега редовно аплицираат на разни повици и добиваат субвенции за одгледување на коњи, за периодот 2016-2020 година. Ова, велат тие, им е од голема помош и дека  оваа помош  ги стимулира да продолжат да го развиваат  своето земјоделско стопанство, кое, според Ребиќ, е многу конкурентно и на европскиот пазар, бидејќи сè повеќе луѓе им даваат предност на квалитетните производи.

Етно куќата е полн погодок!

„На нашиот имот, кој опфаќа три хектари земја, во централниот дел се наоѓа рурална етно-куќа’ наречена„ Билогорска магија“ ’. Бидејќи сè повеќе туристи доаѓаат на имотот, куќата се покажа како полн погодок затоа што ја изнајмуваме во текот на целата година на гости кои не сакаат само кратка прошетка низ имотот, туку во оваа незагадена природа,  сакаат да останат подолго за да ја доживеат целата магија на руралниот живот “, ни раскажуваат Тамара и Зоран.

Нивната волшебна, етно куќа е спој на современ и традиционален дизајн, а она што ја прави извонредна е збирката од дури 300 експонати на стари занаети. “Ексопонатите се собрирани многу години, а денес тие формираат уникатна колекција која го евоцира животот и обичаите на нашиот регион Билогора. Колекцијата содржи голем број на различни корисни предмети, од земјоделски алати, преку кујнски прибор до ракотворби”, велат Ребиќи.

 Нивната етно-куќа е опкружена со цвеќиња и убава еко-градина, каде растат автохтони лековити и украсни растенија од регионот Билогора, кои посетителите и гостите на имотот дури можат и да си ги наберат.

Туристите сакаат да работат во шталите

 „Покрај  сместувањето, на нашите гости им даваме можност да научат за традицијата на нашиот крај. Но, најмногу од се, ги раdува тоа што можат да работат заедно со нас во шталите каде што во моментов имаме 15 арапски и англиски чистокрвни коњи. Како основачи на коњичкиот клуб „Троја Галоп“, со повеќе од 50 члена, учествуваме на натпревари и ревии на кои нашите коњи имаат освоено голем број награди. Арапскиот пастув Мабрук Амор е гордост на клубот со 13 старта и 13 победи, а во 2018 година  коњот од нашата штала Маси Гер, чии сопственик е Жељко Фертаj е прогласен за најубав коњ во Билогора “, вели Тамара, која исто така е лиценциран тренер за обука и подготовка на коњи за галоп трки.

 Произведуваат млеко од кобила и природна козметика

Посетителите исто така можат да пробаат и здраво млеко од кобила

 „Употребата на млеко од кобила води потекло уште од древните  култури. Во стариот  Рим, па  и низ цела Европа биле познати неговите лековити и регенерирачки својства, а заради неговото благотворно дејство го користела и една од најраните икони на убавината, Клеопатра, која редовно се бањала во млеко од кобила. Млекото од кобила е богато со витамин Ц, омега 3, 6 и 9 масни киселини, има смирувачко и антиинфламаторно дејство на кожата, го ублажува чешањето, егземата, иритацијата и црвенилото и ја враќа еластичноста и мекоста на кожата, а на телото му дава енергија па затоа млекото од кобила е на менито на многу спортисти.

„Од примерот од нашите синови, Јан и Фран, кои имаа респираторни проблеми, се убедивме дека млекото од кобили навистина помага при кашлање, бронхитис и астма “, рече Ребиќ, истакнувајќи дека постојат бројни научни студии кои потврдуваат дека ова млекото е здрав додаток во исхраната, особено за деца, стари лица и спортисти.

Список на чекање за млеко од кобила

 „На почетокот на производството, нашето млеко од кобила го конзумираа претежно пријатели и познаници. Денес, побарувачката за млеко се зголеми толку многу што во некои периоди, во текот на годината,  имаме дури и список на чекање. Се повеќе луѓе се свесни дека природните производи  се далеку подобар избор од вештачки произведените додатоци во исхраната, а кога на тоа ќе  го додадете и доаѓањето по млеко на имотот,што овозможува дружење со коњите и престој на чист воздух, задоволството е непроценливо “, рече Ребиќ, кој исто така им доставува производи на клиентите по пошта, дома, а повеќето пакети се испраќаат до лојалните клиенти во Далмација.

Млекото се пакува во шише од 2 децилитри, што е доволно за еден или два дена. Рокот на траење е 2 дена ако се чува во фрижидер или 9 месеци ако се чува во замрзнувач.

 Прават кремови, сапуни и шампони од млеко од кобила

Пред две години, Тамара започна да произведува и природна козметика, кремови, сапуни, шампони ,  балзами за усни и мелеми.

 „ Сите производи на нашата фарма ги правиме  рачно, со многу љубов и труд. Основата на сите производи е млекото што го добиваме од нашите кобили. Целата понуда на производи е произведена во домашни услови и со посебно внимание ги следиме сите трендови во производството на природна козметика. Имаме прифатливи цени, особено за странците кои имаат многу повисок стандард од нашиот. Сепак и домашните купувачи сакаат да го посетат имотот и да ја видат постапката на изработување на производите,да прошетаат и да јаваат коњи. Количините ни се ограничени и освен што одиме на саеми, сè што произведуваме се продава од нашиот  куќен праг “, ни кажува Тамара.

 Семјеството Ребиќ со своите производи редовно учествува на сите манифестации и саеми во нивната околина, а многу им помага и  општината Велико Тројство, која често нивните производи ги подарува на своите деловни партнери и соработници.

Тие ја споделуваат својата приказна на социјалните мрежи секој ден.

Сè што се случува на нивниот имот , од потковување и јавање на  коњите па се  до козметиката, редовно го објавуваат на социјалните мрежи. „Животот на село е она што навистина го сакаме и во што уживаат и нашите синови. Ние веруваме дека младите семејства како нашето имаат иднина во селата. Цел ден, од утро до мрак, ни е  поврзан за коњите, од кои живее целото семејство. Наша желба е да останеме на село и затоа имаме намера и понатаму да го прошируваме производството на  фармата, со цел да станеме најдобри во полето на руралниот туризам и производство на природна козметика во Билогора “, рече Ребиќ, кој ја претставуваше Хрватска во Брисел минатата година, во рамките за избор на најмлад земјоделец.

 Ова искуство, велат тие, е драгоцено за нив и им помогнало добриот глас за нивната мала, но перспективна етно куќа да се чуе надалеку.

Извор :Агроклуб

Рекла Казала

Шилегов сам се пеглал

Published

on

„Па јас со години сам пазарам и немам проблем со тоа. Искрено и секое утро сам си ги пеглам кошулите, и тоа од мајка ми ми е останато. За готвење ме бива само во делот на месото, ама знам и тоа добро да го направам“, вели градоначалникот на Скопје Петре Шилегов денеска на Репортер мк.

Continue Reading

Рекла Казала

Ќе ме избркаа од училиште бидејќи имав панкерска фризура, а денес ме нарекуваат „пијандура“

Published

on

За скопскиот градоначалник Петре Шилегов не е тајна дека има бунтовен карактер. Вака „Репортер“ ја започнува објавата за неговото интервју.

Шилегов откри детали за својата младост и за приватноста, но зборуваше и за тоа како се чувствува што го нарекуваат “пијандура“.

Ретко кој знае дека на времето ќе го бркале од средното економско училиште „Борис Кидрич” оти имал долга коса.

-Ќе ме исклучуваа тогаш, наставници, па директорот… сите. Па долгава коса ја скратив да биде панкерска. Сите со плава кецела на школо, ја со работнички мантил. Ама ете, тоа е  таа бунтовност што ја имам од дете и ме следи цел живот, раскажува скопскиот градоначалник, кој зад себе има адвокатска кариера.

Шилегов вели дека успева да ги одвои приватниот живот и јавниот. Но, дека и не секогаш е пријатно кога ќе прочита за себе сешто.

-Ние политичарите претерано сме во фокус. Јас сешто дознав за себе. Така и ја почнаа црната кампања против мене. Пијан сум држел говори. И од тогаш ме следи тоа, овој е пијандура. Е добро де, океј. Очајни луѓе коментираат и тоа не ме допира, ама не е добро кога те судат луѓе кои не те знаат. После, зборат, арогантен сум бил. Кога збориш за некој нешто треба да го познаваш. Ама, ете, јас можам да се носам со тоа, раскажува скопскиот градоначалник.

Ако некој сака да го погледне целото интервју со скопскиот градоначалник, тоа може да го направи на Репортер, на линкот во продолжение:

Continue Reading

Приказни

Отец Тодоров: Сексуалноста е интима, не идеолошка алатка, ЛГБТ идеологијата нов антиживотен тоталитаризам

Published

on

СЕКСУАЛНОСТА Е ИНТИМА, А НЕ ИДЕОЛОШКА АЛАТКА!

(LGBTIQ идеологијата како нов антиживотен тоталитаризам!)

Човекот, и од аспект на вистината за него откриена од самиот Творец, но и од аспект на она што самото човештво го осознало за себе, е крајно сложено битие! Таа сложеност особено се изразува кога ќе биде засегнато она најсуштинското кај секој човек, а тоа е неговиот живот. Без живот, без животот во него, без живата личност нема повеќе човек, има само труп или „зомби“, односно, живи мртовци! Затоа, кога ќе биде засегнат неговиот живот, кај секој човек се активира одбрамбениот, имунолошкиот систем, разбран и на духовно и на биолошко ниво.

-Зошто некои идеологии се антиживотни, а се смртољубиви? Кај огромен процент граѓани на Р. Македонија веќе подолго време е активиран одбрамбениот, имунолошкиот систем во однос на нештата што во нашиот јавен простор ни доаѓаат од LGBTIQ идеологијата и пропагандата! Значи, намерно пишувам „идеологија“ а не некаков центар, структури или разни невладини организации кои ја подржуваат и ја пропагираат оваа идеологија. Да, се работи за идеологија, и тоа втемелена на лажна прилагодена „наука“ и пропаганда, која преку остварување на таканаречените права на лицата со различна, или поточно кажано разна/ флуидна сексуална орентација и преку прилагодување на законодавниот систем на Р. Македонија, ќе се обиде и во нашето општество да ги релативизира, а потоа и да ги сруши НОРМАЛНИТЕ, ПРИРОДНИТЕ, ЖИВОТООДРЖУВАЧКИТЕ и традиционалните вредности кои вековно се покажаа како вистински темел на разбирањето и практикувањето на бракот, семејството, воспитување на децата, половата етика, смислата и вистинската насока за осмислување на постоењето!- Бог, верата, нормалното, ненормалното и перверзното!

Јас како свештенослужител, духовен раководител и исповедник имам можност да стекнам увид и во свесните и во подсвесните нивоа на нашите сограѓани. И секогаш кога се отвара оваа тема од нив избива одбрамбен став, внимателност, страв, гнев и разни други артикулирани и неартикулирани емоции. Внимавајте, емоции! Зошто? Затоа што се работи за најсуштинското, се работи за животот, за вредностите и верата, за поколенијата, за менталната здравост, за одговорниот животоосмислувачки морал, за опстанокот, за проблемот со совеста која се буни! Може да наведам и сведоштва на наши сограѓани кои се соочиле со „мекиот“ тоталитаризам на LGBTIQ идеологијата во западните замји, но и кај нас во Македонија! Тие со длабока вознамиреност говорат за развратниот и дрскиот однос со кој припадниците и подржувачите на LGBTIQ идеологијата се препознаваат во тамошните општества.

Почитувани, би било неодговорно од моја страна да не проговорам и за проблемите и искушенијата со кои се соочуваат и нашите сограѓани со различна сексуална орентација. Како духовен раководител, како човек, самиот сум сведок на многу нешта од животот на овие наши сограѓани кои тие ги споделија со мене. Некои од нив прифаќајќи го и практикувајќи го христијанскиот духовен живот започна сериозни промени во себе и со себе, но, за жал, добар процент од нив остануваат во нивното секојдневие во кое преку контакт со државните институции се трудат да остварат некаков дефиниран статус во нашето општество. Да, државните институции би требало да се занимаваат со овој проблем за истиот да не се користи и злоупотребува од LGBTIQ идеологијата за остварување на крајно проблематични цели и агенди! Исто така, апелирам на разбирање во однос на различноста!

Нашето општество е секуларно, а во исто време и различно по национален и верски идентитет, па затоа е потребно развивање на разбирањето за различноста и потребите на другиот, при што, треба да се внимава од различноста и потребите на некоја, ваква или онаква малцинска заедница, па дури и таа да е сексуална, да не се прави идеологија и агресија врз различноста и врадностите на останатите 99% од граѓаните на Р. Македонија.

– Сексуалноста, половиот живот е интима, а не идеологија! Најдобар пример за ваков тип на идеолошка и вредносна агресија е предложеното СЕОПФАТНО СЕКСУАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ во македонскиот образовен систем! Во предложеното СЕКСУАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ, дури и преку оскудните информации за истото од предлагачот, се препознава тотално непочитување на вредностите и моделите на живеење на огромен процент граѓани на Македонија кои својот начин на живот го оформуваат преку вековните проверени библиски и традиционални вистини и искуства! За овој тип на граѓани сексуалноста/ половиот живот е пројава на љубовта, но и на личносната, духовната зрелост и подготвеност. За нив ИНТИМНОСТА треба да остане во сверата на ИНТИМАТА, а не истата да се сведува на чиста биологија, а човекот на бесловесно и недуховно суштество!

– Родителот е РОД/ ЏЕНДЕР зашто тој раѓа и воспитува живот! Затоа, поради горенаведеното, 99% проценти од граѓаните, од родителите во Македонија се спротиставуваат на либерал – родовиот/ џендеровскиот пристап во воспитувањето на ТУЃИ ДЕЦА! Тие, предлагачите, своите деца, доклку ги имаат, нека си ги воспитуваат според својот модел и во своите вредности, а ние нашите деца ќе си ги воспитуваме во нашиот модел и во нашите вредности! Јасно и аргументирано! Како што ништо општо нема злото со доброто, така ништо општо нема нормалното со ненормалното!

Пишува: Презвитер Ивица Тодоров

*преземено од Фејсбук група Патриотски македонски форум

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2020 Булевар.мк

error: