Connect with us

Published

on

Божиќното рекламирање на Кока-Кола оваа година ја следи мисијата на еден татко да го достави Божиќното писмо на неговата ќерка до Дедо Мраз.

Во рекламата со наслов „Писмото“ и која трае 2 минути гледаме како таткото се подготвува да замине од дома на работа. Тогаш неговата ќерка му подадава Божиќно писмо кое треба да стигне до Дедо Мраз. Заборавајќи да го прати писмото, таткото тргнува на пат до Северниот пол  за биде сигурен дека Дедо Мраз ќе го добие писмото навреме.

На крајот од рекламата, се гледа дека ќерката имала само една многу слатка Божиќна желба: „Драг Дедо Мраз, те молам, донесете го тато дома за Божиќ“.

Пораките оваа година се едноставни, како што објаснува Кока-Кола.

 „Овој Божиќ, дајте нешто што само вие можете да го дадете. Без разлика дали е лично, преку видео повик или само брза порака. Одвојувањето време за оние што ги сакате е тоа што го прави Божиќ навистина најспецијалното време од годината, без оглед како го правите тоа“. 


Continue Reading

Инфо +

Возачи, покажете се: Кој има предност на оваа раскрсница?

Published

on

На социјални мрежи се појваи интересно видео на една раскрсница, која скара многумина

.

Мислите ли дека сте добар возач? На социјалните мрежи се појави интересен предизвик, во кој сигурно ќе се најдете еден ден, а според одговорите, голем број возачи не треба да имаат возачка дозвола.



Како што може да се види на сликата, на раскрсница на која нема семафор се наоѓаат камион, автомобил и автобус. Камионот треба да сврти лево, автомобилот десно додека автомобилот оди право.

Continue Reading

Инфо +

“Никој друг нема да ja толкува нашата историja – учебниците по историja и гeoграфиja ќе ги пишува caмо државата”

Published

on

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска најави на почетокот на следната недела ќе поднесе иницијатива само државата да може да ги составува учебниците по српски јазик, историја и географија.

-Српската историја и географија ќе ја пишува само државата Србија, изјави Вучиќ, пренесуваат медиумите.

Тој посочи дека знае „дека поради оваа иницијатива ќе има напади од тajkуни и некои амбacaдори, кои ќе тврдат дека ја нарушува слободата на пазарот“.

Им порачал на истите дека може да се жалат во ОН, ЕУ, но дека тоа нема да се промени.

-Никој друг нема да ја толкува нашата историја. На ним и нивните мајки нека им одзема дете, па да кажат дали е добро тоа, порача српскиот претседател.

Continue Reading

Инфо +

Мајка си ги фрла децата од прозор за да ги спаси од пожар (Видео)

Published

on

Мајка од Истанбул  низ прозорот од станот ги фрла своите 4 деца од третиот спрат за да ги спаси од пожар.

Повеќе од десетина граѓани се собрале пред зградата во која горел стан и рашириле ќебе и церада за да можат да ги фатат децата кои мајката со солзи во очите ги фрлала за да им го спаси животот.

Луѓето врескале во паника и ја молеле мајката да не ги фрла децата.

Турските медиуми јавиле дека децата поминале без повреди, а дека мајката кратко била хоспитализирана.

Пожарот, како што наведуваат медиумите, избил од табла со осигурачи.

Видео:

https://youtu.be/7msUjxw2rzs

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2020 Булевар.мк

error: