Connect with us

Инфо +

Револтиран граѓанин до Филипче: „Татко ми почина од тромб жално е што моравте да го водите како починат од корона“

Published

on

Господине Венко Филипче немам много што да прашам повeќе имам да кажам Татко ми на ден 15.10.2020 беше примен во Кумановска Болница на Интерно одделение со температура и кашлица на кој на 15.10.2020 му беше направен рентген со црна дамка на белите дробови и константирана ПНЕВМОНИЈА и беше вклучен на кислород бидејќи имаше сатурација 70 на 16.10.2020 му беше направен и корона тест (НЕГАТИВЕН) бидејќи ситуацијата се влошуваше сатурацијата падна на 40 по 4 изгубени денови и борба за воздух на ден 18.10.2020 тој беше пратен на Инфективна клиника Скопје кога пристигнавме таму со многу тропање и молење се појави и Медицинско лице кое со АРОГАНТНО понашање ни се обрати и ни рече дека сме требале да најавиме на влез во Скопје дека доѓа пациент потоа чекавме 40 минути да се излезе болничар со една боца кислород цели 40 минути за да се земе или разбуди болничарот потоа почна хоророт несакаа да го примат бидејќи немаше позитивен тест на Корона се чекаа БРЗИТЕ резултати во болничкиот круг по 2 часа пристигнаа и резултатите со ПОЗИТИВЕН тест бидејќи беа премногу зафатени одлучија да не пратат во 8 септември со зборовите нема место тука одкако ја контактираа болницата 8 септември добија одговор ,,Вчера вие ни вративте тројца денеска ние ке ви вратиме вам,, по богзнае колку часа и чекање на студ конечно го примја и му приклучија кислород сатурацијата се покачи но амбиентот не беше пријатен бидејќи само ни пристигаа пораки како нема вода и кога ке побара од пресоналот тие дрско ке му одговорат нека ти донесат твоите (но подолу ке се разбере и зошто) деновите минуваа ситуацијата се влошуваше информации добивавме само од пријатели и роднини кои работат во Болницата во Скопје телефоните за контакт ѕвонеа но никој не креваше чекорите одеа понатаму го ставија на концентриран кислород па на високо концентриран кислород но за жал на ден 30.10.2020 беше префрлен на Интензивна нега тука престанува секаков контакт со татко ми телефоните за информации конечно се слушнаа дојдовме до информации дека терапијата е сменета и дека ако ситуацијата не се промени за 3 дена ке биде префрлен на Респиратор на истоимениот ке го задржат уште 3 дена и ако нема подобрување истиот ке бидне исклучен (ЧОВЕЧКИ ЖИВОТ) за среќа господ се смилува и терапијата делуваше полека но сигурно ситуацијата крена на добро сатурацијата се искачи на 90 добивавме информации од неколку приватни познаници кои работат таму и по многу пробување на телефонот за информации и од таму се огласија ни кажаа дека е многу подобро дека на ден Н/А има негативен тест на КОРОНА (прикажан во сликите) дека е комуникативен стабилен и со стабилна сатурација без вклучен кислород ни велеа дека ако не им веруваме ке ни го сликаат и покажат на камера ни олесна малку конечно мислевме дека хоророт ке заврши и дека за кратко време ке си дојде дома но малку беше засташувачки зошто тој не ни се обратува преку неговиот телефон (каде е телефонот) по 9 дена НЕГАТИВЕН на корона на ден 07.11.2020 ние добивме повик од страна на Стручниот Медицински пресонал без никаква емоција без да ја прашаат мајка ми дали е присутен некој до нејзе и ладнокрвно и соопштија дека Зоран починал (на 58 годишна возраст) дека морале да го вклучат на кислород дека имал сатурација 98 но срцето не издржало ни кажаа да тргне некој од семејството да си го земе телото бидејќи брат ми остана да ја смирува мајка ми и да го организира погребот јас лично тргнав по телото кога пристигнав таму првин 1 час барав по ходниците персонал за да ги известам за што сум дојден кога се појави портирот ми рече да одам со погребалното од другата страна кај подрумот и да чекам во темница на студено време во 1 часот по полноќ по половина час се појави Медицинскиот персонал кој им рече на луѓето од погребалното да се облечат во скафандери да се качат на првот спрат со лифт и дека таму ке им објаснат што треба по што ладно се изгуби по 10-15 минути се спуштија со бела херметички затворена вреќа на која имаше залепено само неговото име и презиме и неговите ствари без никаква идентификација заминавме дома телото беше ставено во фрижидер а погребот се одвиваше следниот ден во 2 часто телото беше донесено точно во 2 часот затворено и само како ѓубре фрлено во гроб болката и тагатаа беа преголемиЗошто во личните ствари на Зоран го нема текефонот?

Зошто ако Зоран беше негативен со два стента на срце сеуште беше задржан на инфективна клиника зошто зоран не беше префрлен на клиниката за пулмологија каде семејството ке можеше да му даде подршка на Зоран?Зошто ако Зоран беше негативен не доби погреб каков доликува?Повеќе немам никакви прашања додека минуваа овие 21 ден болни и тажни кои засекогаш ке ми останат во сеќавање имав милон прашања (како,кога,зошто) сега имам само одговори имам одговори за сите луѓе кои минуваат или поминале на истото како мене Стручниот Медицински персонал не го уби Зоран го ДОУБИЛЕ му го украде телефонот кој му беше единствениот контакт со нас ние добивавме информации за Зоран КАКО МУ БЕШЕ НА ЗОРАН БЕЗ НИКАКВИ ИНФОРМАЦИИ ЗА НАЈБЛИСКИТЕ?Немаше никакво топол збор 9 дена дена беше препуштен самиот со себе зошто така болница е во која нема чешма за вода во која ако на болните (со температура) не им испратат најблиските ке починат за вода болница во која ако не дадеш од 100-500 денари на портирот цел ден ке ти скапуваат кесите на портирницата или ако дадеш додека да излезеш од болничкиот круг кесите ке бидат качени дали е затвор во кој те изолираат од живиот свет зошто кога сакав да испратам вредни ствари ми рекоа пази ке ги украдат зошто се краде
ДАЛИ МЕДИЦИНСКИОТ ПЕРСОНАЛ ИМА МАЛИ ПЛАТИ ИЛИ ЈА ЗЛОУПОТРЕБУВААТ РАБОТНАТА ПОЗИЦИЈА?

Понекогаш ве гледам на Телевизија и ве слушам бројката ви расне стравот меѓу граѓаните е се поголем кажувате како болницата е опремена и како сте спремни за вториот бран како се да е мед и млеко и си помислувам човек може да добие голема желба да се разболи но реалноста е друга хоророт е таму луѓето умираат за вода и топол збор од најблиските татко ми почина од тромб далеку е од корона жално е што моравте да го водите како починат од корона бидејќи бројката мора да расте а и стравот со нејзе нема да продолжам понатаму и да спијам мирно се додека правдата не излезе на виделина болката ми го копа срцето а солзите ми го горат лицето на мене и моето семејство позади Зоран останаа три сина три снашки три внучиња и четврто на пат…Им посакувам на сите луѓе кои се во иста ситуација како моето семејство а особено на оние кои се во ситуација како Зоран да останат храбри и силни…ПОЧИВАЈ У МИР ТАТИЧКО МОЈ…KurirA1on.mkСител ТВКанал 5 ТелевизијаTV TelmaGRID.mkТелевизија 24ВечерMKD.mkPress24.mkVesti.mkVesti24.mk+4

Македонија

Ќе ве расплаче! Објавена “Кажу да време лечи све” – гласот на нашиот ангел изваден со посебна технологија (ВИДЕО)

Published

on

„Кажу да време, време лечи све, ал шта ми врeди вечност без тебе”… се стиховите од рефренот на последната отпеана песна, која се чинеше никогаш нема да го здогледа светлото на денот.

Имено, со помош на новата АИ технологија е изваден вокалот и пијаното за од демо да се направи студиска снимка, која денес доживеа свое издание.

Песната е оставена како аманет на еден од ретките вистински пријатели кој што Тоше ги имаше во неговиот живот- нашиот познат радио водител, диџеј и продуцент Кирил Зарлинов попознат како Ерик Фокс, кој одлучи оваа демо снимка комплетно аранжмански да ја заврши и да ја даде како подарок од Тоше за сите негови обожаватели по повод неговиот роденден, се со цел неговиот лик и дело никогаш да не бидат заборавени.

Автор на музиката и текстот е Зоран Ѓорѓевиќ, а аражманот и продукцијата се на Кирил Зарлинов (диџеј Ерик Фокс).

Миксот и мастерингот се на нашиот познат микс инженер, кој долги години живее и работи во САД Костадин Камчев – „Студио Моцарт“ од Њу Џерси, кој има три номинации на музичките ГРЕМИ награди за најдобар микс инженер.

https://youtu.be/mpizP1g2dBo

Continue Reading

Македонија

Денеска ќе наполнеше 43 години: На денешен ден е роден Тоше Проески

Published

on

Во Прилеп на денешен ден е роден Тоше Проески.

Музичката кариера ја започна со настапот на „Мелфест“ во 1997 година. Патот кон ѕвездите му го отворија песните „Усни на усни“, „Сонце во твоите руси коси“, „Пушти ме“ (1997) и „Остани до крај“ (1998). Тој беше претставник на Република Македонија за песна на Евровизија во 2004 година во Истанбул, Турција, и го освои 14-то место со песната „Ангел си ти (Life)“.

Во 2004 година, Проески беше именуван за регионален Амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ. По тој повод ја издаде песната „За овој свет“. Со песната „Чија си“ во 2003 година Тоше победи на белградскиот музички фестивал „Беовизија“ со што дефинитивно прерасна во најголема регионална музичка ѕвезда на некогашните ЈУ простори.

Тој ги објави албумите „Синот Божји“ (2000), „Некаде во ноќта“ (2001), „Ако ме погледнеш в очи“ (2003), „Ако ме погледаш у очи“ – верзија на српски јазик (2003) „Ден за нас“ (2004), „Дан за нас“ – верзија на српски јазик (2004) „По тебе“ (2005), „Пратим те“ – верзија на српски јазик (2005) „Божилак“ (2006), „Игри без граници“ (2007) и „Игре без границе“ – хрватска верзија (2007).

Сингловите од албумот „По тебе“ по неколку месеци се наоѓаа на највисоките места на музичките топ-листи во Хрватска, Македонија, Србија, Црна Гора, Словенија и Босна и Херцеговина.

Неговото издание „Божилак“ е компилација од преработки на 14 избрани традиционални македонски песни. Објавени се и ДВД-изданија на негови концерти во 2004 и 2006 година.

Речиси секоја негова песна беше хит како што се: „Усни на усни“, „Соба за тага“, „Ако ме погледнеш в очи“, „Тајно моја“, „Немаш ни благодарам“, „Срце није камен“, „Кој ли ти гризе образи“.

Тоше ги привршуваше студиите на Музичката академија во Скопје и работеше на музичката кариера за своја промоција во светски рамки.

Последниот концерт во Македонија го одржа на 5 октомври на Градскиот стадион ( Арената Филип Втори) во Скопје. Концертот беше хуманитарен и наменет за обнова на основните училишта во земјава.

Постхумно државата Република Македонија го прогласи за заслужен граѓанин.

Тоше Проески загина на 16 октомври 2007 година во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка во Хрватска. Владата на Република Македонија во негова чест во неговото родно Крушево изгради мавзолеј – Спомен куќата на Тоше, каде низ музејска поставка од восочни фигури со неговиот лик во природна големина, лични предмети, музички инструменти, фотографии, видеа, сувенири… е прикажан целиот негов живот и музичкиот опус во кусата, но пребогата кариера

Continue Reading

Македонија

НОЌТА ПРЕД ВОДИЦИ Е НАЈМОЌНАТА НОЌ ВО ГОДИНАТА

Published

on

Големиот христијански празник – Водици, се слави на 19 јануари, со традиционално фрлање за Светиот крст.

На овој ден се слави споменот на Христовото крштевање на реката Јордан и Божјиот изглед во форма на гулаб и глас: „Ова е мојот Син и Него послушнете го“.

На Богојавление, 19 јануари, завршуваат некрстените денови. На овој ден се осветува вода во сите цркви и храмови. Тоа е свечен обред на кој, скоро редовно, присуствуваат многу луѓе, кои носат осветена вода во своите домови, бидејќи оваа Света вода – Богојавленска, се чува во секој дом во текот на целата година како големо светилиште, и се користи само при голема потреба (болест, вознемирување од зли духови).

Богојавление е еден од најголемите христијански празници и соодветно на тоа, се развиле многу народни обичаи поврзани со самиот ден, како и ноќта пред Богојавление.

1. Отворање на небото

Ова е најпознатиот обичај поврзан со Богојавленската ноќ. Имено, се верува дека еден ден пред Богојавление, точно на полноќ, се отвораат небесата. По тој повод, треба да се погледне во небото и да се замислат желби за кои се верува дека сигурно ќе се остварат.

2. Огледала под перницата

Вообичаено е невенчаните девојки да ставаат огледала под перниците ноќта пред Богојавление, бидејќи се верува дека така ќе го сонуваат младичот со кој ќе стапат во брак.

3. Вода од извор

Во некои делови, вообичаено е младите девојки да одат на недопрен извор на вода утрото на Богојавление, да фрлат неколку зрна пченица или некои други житни култури во неа и да кажат: „Како што поминува водата, така ќе се бере и жетвата на нашите полиња“. Потоа ја полнат водата и ја носат до своето домаќинство. На некои места, сè уште е зачуван обичајот на семејството да пие малку од таа вода преку секира, бидејќи се верува дека на тој начин ќе се избегнат расправии меѓу нив.

4. Предвидување на времето

Обичај е некаде постарите жени да ги земаат предвид временските услови на Богојавление и со тоа да предвидат каква ќе биде годината. Ако, на пример, има мраз и снег на тој ден, се верува дека годината ќе биде плодна, а ведро време најавува сува година.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк