Connect with us

Истражување

Како аронија помага во спречување на Корона вирусот и зајакнување на имунитетот

Published

on

Зрелите плодови на аронијата содржат големо количесто на хранливи и лековити состојки.Богати се со витамини како А, Ц, Б6, Б2, Б9, Е и бетакаротен, а исто така и витамини П. Содржи и минерали како калциум, манган, железо, јод, фосфор,калај и молибден

Аронијата (Aronia melanocarоa), претставува грмушка која расте до 2 метра во висина. Нејзините плодови се ситни, мали, темносини бобинки, собрани во гроздови од по 10 – 15 бобинки. Наликува на боровница. Потекнува од Северна Америка, од каде што дошла во Европа.

Аронијата е овошје кое до неодамна воопшто не беше проучено. Има извонредни лековити својства, а древните Индијанци го користело за приготовка на многу разни лекови и други состојки кои секојдневно ги употребувале. Според најновите истражувања, аронијата е одлична во справувањето со слободните радикали во организмот.

Црните топчиња полни со лековит нектар, налик на боровница, со благо-киселкаст вкус сличен на дренка и невообичаена арома која потсетува на онаа на рибизлите, се вистинска витаминска бомба. Ја јакнат потенцијата, го лекуваат срцето, го регулираат крвниот притисок, ги закрепнуваат крвните садови, го топат холестеролот, ја спречуваат појавата на атеросклероза.

Аронијата има три врсти на плодови:
– Црноплодна аронија (aronia melanocarpa)
– Црвеноплодна аронија (aronia arbotifulia)
– Лилавоплодна аронија (aronia prunifolia)

Кај нас може да се пронајде темноцрвената аронија (Aronia arbutifolia), виолетовата аронија (Aronia prunifolia) но и Сибирската црна аронија, претежно во места каде што се одгледува расте во насади.

Аронијата може да се користи и како храна, и како лек за:

Плодовите на Аронијата содржат каротен кој ги штити клетките од оштетувања, го подобрува видот,спречува појава на катаракта. Аронијата исто така штити од UV зрачење, има способност да на себе ги врзува тешките метали и радиоактивни елементи и го овозможува нивното излачување од организмот.

Вредноста на аронијата:

Зрелите плодови на аронијата содржат големо количество биофеноли, танин, флавонид, антоцијани. Изворот на витамини е огромен почнувајќи од витаминот А, Ц, Р, Б9, Б6, Б2, Е заедно со минералите како калциум, калај, железо, манган, јод, фосфор. Ваквата содржина е доволен доказ дека зборуваме за вистинска витаминска бомба.

Глава – ја подобрува циркулацијата на крв во крвните жили на главата и помага при главоболка и мигрена.

Ендокрини жлезди – придонесува за подобра работа на штитната жлезда, го подобрува и го регулира излачувањето на нејзините хормони, затоа е одлична за лекувањето од гушавост.

Крв и крвни садови – ја чисти крвта, ја подобрува циркулацијата, го намалува високиот крвен притисок, го намалува шеќерот во крвта и помага кај воспалени и проширени вени.

Желудник – ги намалува болките и грчевите во желудникот, особено е добар за сите што страдаат од чир на желудник.

Црева – освен што ги смирува болките и грчевите на цревата, одлична е за запирање на проливот.

Панкреас – ја подобрува неговата работа и излачувањето на жолчката. Му помага на панкреасот во неутрализирањето на штетните материи.

Како се употребува

Може да се користат свежи, во чаеви, во житарици, како додаток во кремови за палачинки, слатки пити, како сок или да се приготват како џем. Се користат и суви, а и замрзнати плодови.

Сокот од овошје на аронија ја подобрува циркулацијата, дејствува детоксично и антисептично, има благопријатно дејство врз тироидната жлезда, го намалува нивото на холестерол во крвта, има диуретичен ефект, а поради високата содржина на витамини аронијата е идеална билка за зголемување на имунитетот.

Напивката од кората на билката пак го намалува крвниот притисок.

Исто така се верува дека билката помага при рак и штити од радијација при работа со компјутери и професии поврзани со зрачење.

Плодот од аронијата може да се употребува како:

свежо овошје – права витаминска бомба
сушено овошје – во кекси, мусли, во јогурт и слично.
чај од ливчињата
компот
сок од аронија – 100% природен и здрав
мармалад од аронија
вино од аронија.

Најздравите квалитети на аронијата се задржуваат и при изработка на слатко, вино и ликер.

Continue Reading

Истражување

Говорот на Никола Карев кој треба да го слушне секој Македонец

Published

on

Во Крушево, на денешен ден, 1877 година, е роден Никола Карев – учител, социјалистички и национален деец, револуционер и војвода.

Завршува четврти клас во Битолската гимназија, а на 16 години заминува на печалба во Бугарија. Заедно со Васил Главинов, под чие влијание ги прифаќа социјалистичките идеи, ја основаат Македонско-одринската социјал-демократска група (1896). Подоцна, со Веле Марков формира социјалистичка група во Крушево (1899).

Во ТМОРО се вклучува по Првата социјалистичка конференција, а на Смилевскиот конгрес (1903) е избран за горски началник на Крушевскиот реон и како таков учествува во Илинденското востание (2. Ⅷ 1903) и во ослободувањето и одбраната на Крушево.

По престојот извесно време во Бугарија, тргнува со чета во Македонија, но на пат кон Крушево, на 27 април 1905 година, загинува во битка со турската војска кај с. Рајчани, Кочанско.

Посмртните останки на Карев, во 1953 година, по повод одбележувањето на 50-годишнината од Илинденското востание, биле пренесени во Крушево. На 11 април 1990 година, тие биле пренесени во Македониумот.

Continue Reading

Истражување

Во Исланд мoжете да работите без европски пасош, но треба да го исполнувате овој услов

Published

on

Уште едно место им нуди прибежиште на странците во текот на пандемијата.

Рејкјавик, главниот град на Исланд ја измени својата програма за работна виза на далечина за граѓаните надвор од европскиот шенгенски простор, правејќи го Исланд привлечна дестинација за сите оние кои сакаат да побегнат од глобалните заклучувања поради вториот бран.

Сепак, има една цака, како што пишуваат медиумитее.

Според условите за виза, на сеокј странски државјанин за кој не е потребна виза за влез на Исланд, ќе биде дозволено да остане во земјата шест месеци непрекинато, иако неговите меѓународни граници се воглавно затворени. Меѓутоа, ќе мора да бидете вработени некаде на друго место и да заработувате шест цифрена сума на пари за да можете да останете во Исланд.

-Всушност, идејата е да привлечеме професионалци со висока заработка од Силиконската долина или Сан Франциско, и да своите пари ги трошат овде, наместо таму – изјави Гудрин Хелгадотир, членка на демократската партија и поранешен член на парламентот.

Исланд со својата нова програма им се придружи на неколку земји, вклучувајќи ги Бермуда, Барбадос, Кајманските острови и Естонија, кои се обидуваат да привлечат работници од било кое место, но не сакаат да се обврзат на долгогодишен престој.

Меѓутоа, Исланд е насочен само на богатите. Земјата бара доказ за месечна заработка од 7.360 американски долари или околу 88.000 американски долари, а подносителите на барањата мораат да исполнат услови за дополнително здравствено осигурување. Во споредба, Бермуда бара нешто повеќе од 263 долари надокнада за оние кои сакаат својот карантински живот да го заменат со островска авантура.

Бројот на посетители на Исланд опадна за речиси 80% како резултат на пандемијата, дури и откако во текот на летото се продолжени патувањата на внатрешноста на европскиот шенген простор. Ова значеле привремено запирање на работата за многу локални претпријатија.

Continue Reading

Истражување

СЗО: Постои ризик сиромашните и ранливите да бидат згазени во стампедо за вакцината

Published

on

Постои ризик дека сиромашните и ранливите ќе бидат згазени во стампедо околу вакцината против коронавирусот, изјави директорот на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус.Тој додал дека и итно потребно да се обезбедат 4,3 милијарди долари за шемата за делење вакцини во светот.

Тедрос говорел на виртуелен брифинг во Женева, пренесе „Ројтерс“.

Десетици земји се пријавија за глобалниот план на вакцинација познат како КОВАКС, кој го оформи СЗО и групата за вакцини ГАВИ за да се обезбедат вакцини за земјите кои не би можеле да си ги приуштат на друг начин.

До сега се собрани пет милијарди долари, вклучувајќи и повече од 600 милиони долари од Германија.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2020 Булевар.мк

error: