Connect with us

Инфо +

Кога и како граѓаните ќе можат да ги трошат 6000 денари од државата?

Published

on


Државната помош од 6.000 денари пензионерите, самохраните родители, невработените и младите до 29 години, ќе треба да ја искористат за неколку дена, откако ќе им легнат парите. Предлог законот стигна во Собранието, но не е ставен на дневен ред ни наредната недела. Во него стои дека лицата со месечни примања под 15 илјади денари, евидентирани во ПИОМ до 27 октомври ќе добијат помош на трансакциската сметка во банката, со која ќе потпишат договор во рок од  5 дена по влегување на законот на сила. Конечната листа на корисници пак, со име, презиме и банка каде ќе се врши  уплатата, Генералниот секратаријат ќе ја објави на www.kupuvamdomasno.gov.mk во рок од 8 дена по стапување на сила на законот, а за самохраните родители на кои статусот го утврдува центарот за социјални работи во рок од 12 дена.

За лицата пак,  кои ќе поднесат приговор, Ген секратаријат ќе им одговори и ќе достави конечна листа до банките во рок од дваесет дена.

Со овие пари граѓаните нема да можат да купуваат каде сакаат, туку само во објектите кои ќе се регистрираат на интернет страната Купувам домашно, во рок од 5 дена по изгласување на законот.

Парите нема да може да се подигнат во кеш и со нив нема да може да се плаќаат производи и услуги на фирми кои нема да се пријават како даватели на услуги. Помошта треба да се искористи  до 25 декември. за што Владата издвои 27 милиони евра.

Македонија

ГЕРМАНИЈА воведува ЛОТАРИЈА за добивање РАБОТНА ВИЗА за македонските граѓани

Published

on

Германските власти најавија дека поради големиот број апликации за виза, според член 26 став 2 од Одредбата за вработување во согласност со Регулативата за Западен Балкан, постојните правила ќе бидат ажурирани.

Според најновото ажурирање направено од Амбасадата, ќе бидат донесени нови правила во врска со процедурата за закажување, бидејќи бројот на апликации го надминува бројот на слободни термини што во моментот се достапни.

За таа цел, во февруари по првпат ќе се отвори нова листа за регистрација на термини за поднесување барање за визи. Оваа прва листа ќе биде отворена за регистрации за одреден временски период (најверојатно 2 недели). Листата нема да се затвори, како досега, кога ќе се дојде до одредена бројка на регистрации. Наместо тоа, листата за регистрација ќе се затвори на одреден ден и од сите регистрации, компјутерски, по случаен избор по пат на лотарија ќе се избере кој ќе добие термин во март 2022 година. За точните податоци кога ќе се отвори листата, ќе информираме навреме на нашата веб-страница и преку нашиот фејсбук-профил“ велат од германската амбасада во Скопје.

Тоа значи дека секој ќе може да поднесе апликација, сепак, само оние што ќе имаат среќа ќе можат да закажат термин.

Лотаријата ќе се спроведе во германското Министерство за надворешни работи во Берлин под надзор од повеќе лица, а веднаш потоа избраните лица ќе бидат известени од Амбасадата кога ќе биде нивниот термин во следниот месец.

Дополнително, во соопштението Амбасадата нагласува и дека на апликантите не им е дозволено повеќекратно да се пријавуваат, да ја менуваат регистрацијата или да ја префрлаат на друго лице.

Освен тоа, се нагласува дека оние што се регистрирале порано немаат предност во однос на оние што се пријавиле подоцна и дека не е потребен ангажман на трети лица.

Како што се вели, при приложување на потврдата за термин, влез во Визниот оддел ќе биде дозволен само ако личните податоци во пасошот на подносителот на барањето целосно се совпаѓаат со податоците што се внесени во терминот за регистрација.

„Регистрaциите што не добиле термин ќе бидат избришани на крајот на месецот. Ако Вашата регистрација не добила термин, и во тој случај ќе добиете соодветно известување дека не сте извлечени. Од технички причини, може да поминат неколку дена додека добиете известување. Ве молиме да не испраќате мејлови. За да може да учествувате во лотаријата за термини во следниот месец, потребна е нова регистрација. Само на овој начин може да се доделат термини за поднесување виза според Регулативата за Западен Балкан. Амбасадата не дава други посебни термини и од овие причини Ве замолуваме да се откажете од таков тип на прашања“, додаваат од Амбасадата.

Во моментов, сите земји од Западен Балкан – Албанија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Црна Гора, Косово и Србија – се дел од германската листа со висок ризик за патување во земјата.

Врз основа на сегашните правила за влез во Германија, од патниците од овие земји се бара да пополнат формулар за дигитален влез и да останат во самоизолација десет дена по нивното пристигнување.

Сепак, оние што се вакцинирани со признаена вакцина, како и оние што поседуваат валиден сертификат дека го прележале вирусот, можат да го прескокнат карантинот.

Центар.мк

Continue Reading

Балкан

“Најдоа човек од подземјето кој е спремен на се“ (Фото)

Published

on

Првата реакција на одлуката на властите во Приштина да го именува Башкин Јашари на чело на Косовските безбедносни сили може да се собере во констатацијата на поранешниот новинар а сега српски функционер за Косово Милован Дрецун кој вели: Подготвен е на се.

Да потсетиме, од Приштина денеска беше соопштено дека поранешниот командант на КБС Рахман Рама поднел оставка од таа функција, поради што новиот командант е избран по итна постапка.

Причината за заминувањето на Рама од шефот на КБС е наводно конфликтот кој датира од кога тој ја одбил наредбата повторно да обои во сино американско оклопно возило и да го испрати на административниот премин со централна Србија, за време на тензиите на Косово и Метохија околу кризата со царинските дозволи.

Претседателот на српската собраниска комисија за Косово и Метохија, Милован Дрецун вели дека е очигледно што Приштина со промените на чело на Косовските безбедносни сили сака да ја искористи КБС за еднострани насилни акции на северот на Косово. Тој вели и дека Приштина нашла личност која е подготвена да направи се.

„Во Башкин Јашари најдоа лице, криминалец кој ќе биде подготвен да направи се што може против српскиот народ и максимално да го искористи капацитетот на КБС да го заврши етничкото чистење на Србите и како таков претставува ризик за безбедноста и опстанокот. на Србите во Косово и Метохија“, рече Дрецун.

Претседателката на Косово, Вјоса Османи го именува генерал-мајорот Башким Јашари за нов командант на Безбедносните сили на Косово/ Фото: МИА

Во врска со пишувањето на албанските медиуми дека Рама одбил да испрати возила на КБС на север како поддршка на полициската акција, Дрецун изјави дека очигледно бараат некој кој ќе биде подготвен да користи опрема, оружје, возила и персонал на КБС за некои нови акции во северно Косово.

„Постоеше план, судејќи според медиумите, да се користат некои воени возила на КБС за полициска акција на север, што не е дозволено врз основа на договорот што Белград го постигна со НАТО, што значи дека без претходна согласност на КФОР, КБС не може да делува на север“, рече Дрецун.

Тој изјави дека на ова следело предупредување од Амбасадата на САД дека опремата донирана од САД не може да се користат во други формации без одобрение од САД. „Може да се претпостави дека Баским Јашари ќе биде подготвен да изврши такви наредби, да ја користи опремата или персоналот на КБС за акции на север без одобрение на командантот на КФОР“, рече Дрецун.

Тој изјави и дека Башкин Јашари е член на еден од најсилните криминални кланови на Косово. „Тоа е кланот Јашари, чиј водач е Рифат Јашари. Башкин Јашари, како бригаден генерал на Косовскиот заштитен корпус е идентификуван како криминалец вклучен во шверц на дрога и оружје, проституција, изнуда и рекетирање, во кои активно соработувал и соработува со криминалната група од Дреница Хашим Тачи“, рече Дрецун.

Новиот командант на ФСК, 44-годишниот Башким Јашари, е син на Рифат Јашари, кој е брат на основачот, или, како што го нарекуваат во Косово, легендарниот командант на Ослободителната војска на Косово, Адем Јашари.

Continue Reading

Европа

ЕУ нajaвува задолжитeлна вakцинација во цела Европска Унија

Published

on

Европската Унија мора да размисли за воведување на задолжително вакцинирање против ковид-19 како одговор на ширењето на новиот сој омикрон, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Ова следува откако Грција најави дека од 16 јануари, со 100 евра месечно ќе ги казнува лицата над 60 години кои одбиваат да се вакцинираат.

„Поради ширењето на вирусот и слабата вакцинација во некои делови од ЕУ, задолжителното вакцинирање мора да се има предвид. Имаме вакцини, вакцини кои спасуваат животи, но тие не се користат адекватно секаде. Тоа си доаѓа со енормна цена по здравствените системи“, кажа Фон дер Лајен.

Според последните бројки, 77% од возрасното население во ЕУ е вакцинирано, односно 66% од целата популација.

„Тоа значи дека една третина од популацијата во ЕУ не е вакцинирана. Тоа се околу 150 милиони луѓе, што е многу. Знам дека не можат сите да се вакцинираат, но големо мнозинство би можело. Мислам дека е разбирливо и соодветно да почнеме дискусија за задолжително вакцинирање“, рече Фон дер Лајен.

Австрија веќе потврди дека ќе почне да го спроведува од 1 февруари, а и идниот германски канцелар Олаф Шолц го поддржува задолжителното вакцинирање.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк