Connect with us

Хуманост

Прекрасно дело: Крушевчанка нуди сместување за болни од Ковид-19

Published

on

Почитувани сограѓани, ситуацијата во Крушево излегува од контрола и без да се обвинуваме, ширејќи само омраза, да си помогниме кој како и колку можи.

Јас го нудам моето апартманче,(кое нормално не се издава во вакви услови), за изолација или било каква потреба на семејство каде нема услови и за болниот и за останатите членови на семејството.

Доколку некој има потреба од посебна просторија нека ме контактира во секое време а тековните потреби за храна и останатото, ќе бидат моја грижа.

Билјана Проеска
Крушево

Македонија

Сите сме потребни за ова мало ангелче: Двегодишниот Марко од Прилеп се бори со ретко заболување

Published

on

Maрко Мицески од Прилеп е двегодишно ангелче кое се бори со ретко заболување и поради кое и во моментов е во болница.

Неговото лекување е возможно во Турција, но за истото е потребни 19.000 евра – средства кои неговите родители не се во можност целосно да ги обезбедат.

-Ве молам помогнете им за да можам и јас да учам, да се развивам и играм, да се радувам на животот како сите мои врсници, стои во апелот за помош.

Во апелот има трансакциски сметки за донации за Македонија и Германија, па доколку сте во можност помогнете со ваш прилог за ова мало ангелче да добие шанса за здраво и безгрижно детство.

Continue Reading

Македонија

ДА МУ ПОМОГНЕМЕ НА АЛЕКСЕЈ!

Published

on

Алексеј има само 3 години и му е дијагностицирана хипоксична енцефалопатија, ретка болест која означува недостаток на кислород во мозокот, создавајќи ризик од сериозни последици и смрт.


Решението за оваа болест е пресадување на матични клетки, нешто што за жал не е возможно во нашите здравствени институции.


Поради тоа, неговото лечење мора да продолжи во болницата Лив Хоспитал Улус во Истанбул, но пресадувањето чини 19.000 евра, средства кои моментално семејството на Алексеј ги нема.


Затоа ве замолуваме токму вас, хумани луѓе кои ја поддржувате работата на нашата фондација, уште еднаш заедно да ја покажеме солидарноста на дело и да донираме за да го спасиме животот на нашиот Алексеј!


Донациите ќе се прибираат на сметката на фондацијата, а со собраниот износ ќе се платат сите трошоци кон болницата во Турција.

Линк за донирање: https://gofund.me/27ad16be

Continue Reading

Хуманост

(Фото) Да помогнеме да се пронајде млада девојка!

Published

on

Да помогнеме да се пронајде млада девојка!

Информациите подолу на фотографијата:

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк