Connect with us

Истражување

Бил Гејтс најавува нова пандемија за 3 години

Published

on

Гостувајќи во популарната емисија „Лејт шоу“, основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, најави дека светот ќе се соочи повторно со нова пандемија, слична како коронавирусот во 2025 година.

„Според мене светот ќе се соочи со „пандемија 2“. Тоа ќе биде еден вид на терористички напад. Според моите проценки, тоа ќе се случи за пет години“, изјавил Гејтс во интервјуто го кое направиле преку „Скајп“.

Откако почна со повлекувањето од управата на неговата компанија „Мајкрософт“, Бил Гејтс почна да се занимава со хуманитарна работа. Тој во 2000 година ја основаше фондацијата која е посветена на вакцинација на невакцинираните деца во регионите во кои детската парализа се уште не е искоренета.

Гејтс чија фондација е ангажирана за пронаоѓање на вакцината против коронавирусот, се осврна и на актуелната пандемија.

„Поради коронавирусот, вака ќе живееме до лето. Но, до тој период, ќе ни биде потребно чудо. Ефектот на вакцините можеме да ги видиме подоцна. Се плашам дека вистинскиот бенефит ќе го видиме дури за две години, на лето. Никој не добива, сите губиме“, изјавил Гејтс.

Continue Reading

Истражување

Британскиот вирусот детектиран во лабораторија, мутацијата e веќе цел месец присутна во Македонија

Published

on

При анализа на податоци од позитивни ковид пациенти во месец јануари, во приватна лабораторија за генетика и перосонализирана медицина на клиниката Жан Митрев, кај еден примерок е детектирана мутација на британскиот сој на вирусот СарсКов 2, информираат од Министерството за здравство.  Станува збор за 46 годишен маж кој веќе е оздравен, односно во базата на податоци на Инстистутот за јавно здравје пациентот од 22 јануари 2021 се води како оздравен.  

Според информациите од ИЈЗ, пациентот првпат на 29 декември 2020 година, поради покачена температура и отежнато дишење, прави брз тест. Тестот е со позитивен резултат. По неколку дена, односно на 4 јануари 2021 година се јавува на преглед во приватната болница Жан Митрев каде му е направен ПЦР тест кој е позитивен, а пациентот е веднаш хоспитализиран во приватната болница. На 15 јануари во болницата му е направен уште еден тест кој повторно е позитивен.

Во епидемиолошката анкета пациетот нема пријавено контакти ниту пак навел дека патувал надвор од државата.

Лабараторијата во болницата Жан Митрев со посебна ПЦР метода е утврдено дека пациентот е суспектен на некоја мутација на вирусот, а потоа е направено секвенционирање на изолатот. Според информацијата која ја проследија до МЗ, сите мутации кои го дефинираат британскиот сој се утврдени кај изолатот од овој пациент. Кај останатите примероци кои се анализирани во приватната лабараторија не е детектиран британскиот сој на СарсКов2.

Continue Reading

Истражување

Ја продал својата ќерка за 20.000 евра, при што ѝ договорил брак во Германија

Published

on

ја продал својата ќерка за 20.000 евра, при што ѝ договорил брак во Германија

Црногорската полиција објави дека осомничениот ја продал својата ќерка на братучед на кого му дал овластување да ја пренесе во Германија, што и тој го сторил.



Според РТЦГ, оштетената го пријавила овој случај во полиција за време на нејзиниот престој во Црна Гора во декември.

Continue Reading

Истражување

Заев, Спасовски и Шахпаска со најголеми плати – Филипче меѓу помалку платените

Published

on

„Како дел од заложбите на Владата за поголема дигитална транспарентност, на оваа страница можете да ги проверите висините на платите на Претседателот на Владата, Замениците на Претседателот на Владата и на министрите во Владата. Висината на платата на министрите е јавен податок“, наведуваат од Владата.

Највисока нето плата зема премиерот Зоран Заев. Таа вкупно изнесува 87.813 денари, од кои 8.973 се за минат труд. Премиерот е и меѓу првите пет со највисок стаж од 22 години.

Втор на списокот е министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, со вкупна нето плата од 85.113 за кого се нагласува дека има покачување на платата од 20%. Спасовски има работен стаж од 18 години.

Трета, според висината е министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, со 74.273 денари нето плата од кои 9.303 се за минат труд. Шахпаска е и министерката која зад себе има најдолг работен стаж од 28 години.

Министерките за одбрана и култура, Радмила Шекеринска и Ирена Стефоска, според висината на платата, се следни. Шекеринска зема 72.989 денари, а Стефоска 72.670. Тие се на врвот на листата и според стажот, министерката за одбрана има 24 години, а министерката за култура 23.

Следни на листата се вицепремиерите за европски и економски прашања, Никола Димитров и Фатмир Битиќи, кои земаат идентична плата од 71.385 денари, а имаат и исти години на стаж – 19.

Првиот вицепремиер Артан Груби, пак, зема плата од 70.102 денари, а зад себе има 15 години работен стаж. Министерот за здравство Венко Филипче, пак има плата од 68.179 денари, од кои 3.209 денари се за минат труд, а има стаж од 9 години. Останатите плати се движат од 68 до 70.000 денари.

Единствено под таа граница се двајцата министри за животна средина и за информатичко општество и администрација, Насер Нуредини и Јетон Шаќири, кои земаат најниски плати од 65.612 односно 65.292 денари. Кај министерот Шаќири, во графата не е наведено дека има работен стаж.

Целиот список:

https://vlada.mk/plati

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2020 Булевар.мк

error: