Connect with us

Инфо +

Прашање до Филипче: “Дали мајка ми ќе преживееше ако место да ја исфрлеа во ходник, да и дадеа навремено соодветна венска терапија и кислород?”

Published

on

Неколку дена по смртта на мојата мајка, конечно собрав сила да ја опишам голготата низ која поминавме, ги опишува своите искуства скопјанка во Фејсбук групата Ковид-19 – искуства и совети.

Ви го пренесуваме нејзиното искуство во целост, како што е објавено на оваа социјална мрежа:

Седумдесет и шест годишна жена, пациент на дијализа, позитивна на КОВИД, со пад на сатурација, висока температура и наод на плуќата, за што доктор претходно порача ИТНА ХОСПИТАЛИЗАЦИЈА, по извршената дијализа во Ковид центарот во „8-ми Септември“, оставена е во ходник сама без никаква медицинска нега. Чека да ја донесеме дома. Зошто? Затоа што немало кревет за неа, креветот се чувал за некој помлад. Нормално, дома без соодветна терапија ситуацијата драматично се влошува. Утредента во полукоматозна состојба доаѓа брза помош (секоја им чест) но и тие уплашени, кажуваат дека не знаат каде да ја носат, во болница не им ги примале пациентите, особено постарите.

На наше настојување докторката решава да се обиде да ја примат во „8-ми Септември“ како нивен пациент. По 30 минутно чекање во комбето, докторката се враќа и ни кажува дека нема да ја примат, едноставно над 70 години не примаат во „8-ми Септември“. Сакаат да ја вратат дома,а сатурацијата е 60. На наше очајно инсистирање, сепак брзата помош се решава да се обиде на клиника. И таму чекање 30 минути во комбето, за на крај сепак да се смилуваат и да ја примат на гастро. Рекоа чекајте да дојде доктор и да ви земе податоци. Чекавме, 4 саати, доктор НЕ ДОЈДЕ, само се јавија да ни соопштаат дека починала.

Чувајте се сите, а особено чувајте ги вашите постари сакани. Државата едноставно не им дава шанса да преживеат, а зошто, не знам. Можеби да го растеретат пензискиот фонд?! Па и тие луѓе можат да поживеат уште 10-20 години, но и покрај тоа што цел работен век плаќале здравствено осигурување, на нив им е скратено основното право, правото за лекување, оставени се на немилост, само затоа што се стари, а системот оптеретен. Разбирам дека е оптеретен здравствениот систем, но исто така и очигледно е дека министерот за здравство, кој слободно може да си ја смени титулата со министер за смрт (затоа што со овие бројки на смртност така и ќе биде запаметен) ниту е способен, ниту може да се справи со ситуацијата во која се најдовме. Би било добро да си се врати во болница и да го работи тоа што најдобро го знае, а раководството со здравствениот систем да го препушти на некој поспособен. И на крај, две прашања ќе ме мачат:

– Дали мајка ми ќе преживееше ако место да ја исфрлеа во ходник, да и дадеа навремено соодветна венска терапија и кислород?

– Дали ако Илија Филипче се зарази со ковид ќе го примат во „8-ми Септември“, бидејќи нели тој има над 70 години?!

И го повикувам Венко Филипче да излезе и јавно да објави дека во „8-ми Септември“ е забрането да примаат пациенти над 70 години. Јавноста мора да знае, особено постарите каде да се обратат во случај на компликации од вирусот.

Continue Reading

Инфо +

Се подготвува нов закон за учебници – Царовска: Одиме етапно со сериозен зафат во образованието

Published

on

Во подготовка е нов закон за учебници, тоа е само една од реформите кои го очекуваат образованието.

„Нов закон за учебници е во подготовка, и во основа на тој закон ќе се донесе методологија за потврдување или одбивање на одреден наставен материјал или учебник. И тука таа методологија е подготвена транспарентно со помош на ОБСЕ, таа е веќе во завршна фаза“, истакна Мила Царовска.

Царовска додаде дека методологијата на создавањето на учебници ќе биде сеопфатна, за да се намали нешто што е спротивно од граѓанските вредности да го има во учебниците.

За да таа методологија биде сеопфатна и за да не не може или да се намали веројатноста дека нешто кое што е спротивно на граѓанските вредности ќе се протне во учебниците“, посочи Мила Царовска.

Поранешните министри Дескоска и Адеми работеле, а Царовска вели дека сега во нејзин мандат е дојдено времето да се направи чекор кон новата концепција.

Царовска вели дека сите добри работи од различни наставни програми се земаат и се имплементираат на нашиот образовен систем.

„Новиот концепт е национален концепт, тоа е разликата со тоа што досега се случувало. Што тоа значи? Дека земаме добри работи и од Кембриџ, добри работи од Хрватска, Финска, Естонија. Се што е добро го земаме, го адаптираме во нашиот контекст, во нашиот образовен систем со капацитетите кои што ги имаме можеме да го спроведеме ова“, вели Мила Царовска.

Царовска објасни дека во образованието се воведува т.н. кариерен развој. Односно, тие што ќе се истакнат со поразлична содржина, кои што ќе создадат дополнителен наставен материјал, ќе напредуваат. Напоменувајќи дека во минатото на наставниците им биле давани матрици, и тие што ќе излезеле од рамката, биле казнувани.

Continue Reading

Инфо +

Заев: Владата ја разгледува опцијата апликацијата „Телеграм“ да биде блокирана

Published

on

Доколку социјалната мрежа „Телеграм“ не одговори позитивно на барањата испратени од владата за бришење на групата „Јавна соба“ во која што се споделуваат материјали, Владата ја разгледува опцијата апликацијата да биде блокирана или ограничена за користење во Македонија, објави премиерот Зоран Заев.

Испративме категорични барања до социјалната мрежа Телеграм да ја избрише групата „Јавна соба“ и нема да престанеме да инсистираме на тоа барање сѐ до негово конечно исполнување. Доколку апликацијата Телеграм не го затвори каналот Јавна соба ќе ја разгледаме и опцијата за блокирање или рестрикција на користењето на оваа апликација во Македонија, сѐ додека не почнат да соработуваат со нас, со единствена цел да се затвори проблематичната група и да ни помогнат во откривање на идентитетот на оние кои споделуваат слики и прават кривично дело“, објави Заев во статус на Фејсбук.

Continue Reading

Инфо +

Приведени две лица за „Јавна соба“

Published

on

Се расфетлува ли аферата „Јавна соба“?  Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на својот ФБ профил објави дека две лица, едно во Битола и едно во Велес се приведени во врска со случајот Јавна соба, а се преземаат мерки и активности и кон други лица.

Работиме во координација со јавното обвинителство со цел целосно расчистување на случајот и содветно санкционирање на сторителите, пишува Спасовски на ФБ.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2020 Булевар.мк

error: