Connect with us

Инфо +

“Имам бугарски пасош, но сум македонец, зошто го извадив е тажна приказна”

Published

on

Писмо на нашинец од Англија:

“Имам 35 години и потекнувам од Македонија, како млад работев се и сешто, но фамилијарно имавме и не многу големи лозови насади.

Во Македонија, пред 10тина години, каде и да работев, повеќе од 12-3.000 денари едноставно не можеш да заработиш. Барав секакви опции, каде и да се обратиш, те одбиваат, ти велат “Ќе ти се јавиме, ние ќе те побараме”, и ништо. Единствена опција беше да избереш некоја политичка партија, па да те вработат, јас не бев таков човек, ниту денес сум.

Пријател ми спомна да извадам бугарски пасош и да заминеме во Англија, се согласив, немаше што да правам. Со сите потребни документи за 3 години стаса и бугарскиот пасош, а јас заминав да работам како механичар во Англија, што за почеток беше одлична платена работа, имајќи во предвид дека заработував доволно да живеам сам, да ги покријам сите сметки, да купам храна и да тргнам некоја фунта настрана. Едноставно, мораше да го направам ова, ми дојде време кога требаше да се женам, да мислам на семејство и стабилна финансиска иднина, која за жал, не можев да ја обезбедам во Македонија и со македонска плата.

По кратко време ја повлеков и мојата девојка, двајцата македонци, отсекогаш патриотски воспитани да ја сакаме и негуваме нашата Македонија, но едноставно, таа не ни го понуди тоа што ние го очекувавме. Таа работи како фармацевт, а јас работам во сервис за автомобили.

Денес, постојано на социјалните мрежи гледам како луѓето ги обвинуваат оние со бугарски пасоши, како ја предале Македонија и не се патриоти.

Јас два пати годишно доаѓам во Македонија, трошам пари во Македонија, но и сакам да купам имот, за семејна куќа, сакам кога ќе подостарам, пензионерските денови да ги поминам во мојата Македонија. Но да ви кажам нешто, луѓето не вадат бугарски пасоши, бидејќи се чувствуваат како бугари, или за да заминат да работат и живеат во Бугарија.

Тие вадат бугарски пасоши за да заминат во белата Европа, знаете колку соседи македонци и бугари имам, на кои државата исто како и Македонија, не им дала можност да живеат и работат таму, или едноставно не сакаат да го поминат животот заработувајќи 200-300 евра и крпејќи крај со крај. Никогаш не сме имале проблеми со нив, ниту еднаш не го повредиле нашиот македонски идентитет, нашиот јазик или нашите македонски чувства.

Continue Reading

Инфо +

Се подготвува нов закон за учебници – Царовска: Одиме етапно со сериозен зафат во образованието

Published

on

Во подготовка е нов закон за учебници, тоа е само една од реформите кои го очекуваат образованието.

„Нов закон за учебници е во подготовка, и во основа на тој закон ќе се донесе методологија за потврдување или одбивање на одреден наставен материјал или учебник. И тука таа методологија е подготвена транспарентно со помош на ОБСЕ, таа е веќе во завршна фаза“, истакна Мила Царовска.

Царовска додаде дека методологијата на создавањето на учебници ќе биде сеопфатна, за да се намали нешто што е спротивно од граѓанските вредности да го има во учебниците.

За да таа методологија биде сеопфатна и за да не не може или да се намали веројатноста дека нешто кое што е спротивно на граѓанските вредности ќе се протне во учебниците“, посочи Мила Царовска.

Поранешните министри Дескоска и Адеми работеле, а Царовска вели дека сега во нејзин мандат е дојдено времето да се направи чекор кон новата концепција.

Царовска вели дека сите добри работи од различни наставни програми се земаат и се имплементираат на нашиот образовен систем.

„Новиот концепт е национален концепт, тоа е разликата со тоа што досега се случувало. Што тоа значи? Дека земаме добри работи и од Кембриџ, добри работи од Хрватска, Финска, Естонија. Се што е добро го земаме, го адаптираме во нашиот контекст, во нашиот образовен систем со капацитетите кои што ги имаме можеме да го спроведеме ова“, вели Мила Царовска.

Царовска објасни дека во образованието се воведува т.н. кариерен развој. Односно, тие што ќе се истакнат со поразлична содржина, кои што ќе создадат дополнителен наставен материјал, ќе напредуваат. Напоменувајќи дека во минатото на наставниците им биле давани матрици, и тие што ќе излезеле од рамката, биле казнувани.

Continue Reading

Инфо +

Заев: Владата ја разгледува опцијата апликацијата „Телеграм“ да биде блокирана

Published

on

Доколку социјалната мрежа „Телеграм“ не одговори позитивно на барањата испратени од владата за бришење на групата „Јавна соба“ во која што се споделуваат материјали, Владата ја разгледува опцијата апликацијата да биде блокирана или ограничена за користење во Македонија, објави премиерот Зоран Заев.

Испративме категорични барања до социјалната мрежа Телеграм да ја избрише групата „Јавна соба“ и нема да престанеме да инсистираме на тоа барање сѐ до негово конечно исполнување. Доколку апликацијата Телеграм не го затвори каналот Јавна соба ќе ја разгледаме и опцијата за блокирање или рестрикција на користењето на оваа апликација во Македонија, сѐ додека не почнат да соработуваат со нас, со единствена цел да се затвори проблематичната група и да ни помогнат во откривање на идентитетот на оние кои споделуваат слики и прават кривично дело“, објави Заев во статус на Фејсбук.

Continue Reading

Инфо +

Приведени две лица за „Јавна соба“

Published

on

Се расфетлува ли аферата „Јавна соба“?  Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на својот ФБ профил објави дека две лица, едно во Битола и едно во Велес се приведени во врска со случајот Јавна соба, а се преземаат мерки и активности и кон други лица.

Работиме во координација со јавното обвинителство со цел целосно расчистување на случајот и содветно санкционирање на сторителите, пишува Спасовски на ФБ.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2020 Булевар.мк

error: