Connect with us

Религија

Денеска е Св. Варлам и св. пророк Авдиј

Published

on

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 19 ноември. Денеска е Св. маченик Варлам и св. пророк Авдиј.

Свети Варлам беше Антиохиец. Заради верата во Христос како Бог, беше изведен пред суд и ма чен. Најпосле, мачителите на дланката му истурија жар, а одозгора ставија темјан, сакајќи да го натераат да го фрли жарот со темјанот пред идолите, па така да го натераат да ги окади. Но, Варлам долго го држеше жарот во дланката, додека дланката сосема не му изгоре. Потоа, свети Варлам издивна од големата болка и го прададе својот дух на Бога. Пострада во 304 година.



Денес Црквата го слави и свети пророк Авдиј, кој живееше 900 години пред Христос.

Родум од селото Витахарамско од пределите Сихемски. Живеел на дворецот на царот Ахав; но кога царот отстапи од вистинското богопочитување и им се поклони на идолите, Авдија не тргна по примерот на царот, туку продолжи да му служи на единствениот вистински Бог. А кога злобната царица Језавела заради пророкот Илија крена хајка на сите Божји пророци, Авдија собра стотина од нив, ги скри во две пештери и ги хранеше до крајот (1 Царства 18, 4). Современик на големиот пророк Илија, Авдија многу го почитуваше Илија и го слушаше во сѐ како негов следбеник и ученик. Живееше 900 години пред Христа и се упокои мирно.



ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР: Денеска е Благословен Иван Рајсбрек.

Бил роден во 1293 година, во Фландрија, во местото Рајсбрек кај Брисел. Господ го надарил со големи способности и со желба за знаење. Ја сакал филозофијата и теологијата. Станал свештеник, а потоа и поглавар на својата заедница. Како поглавар, бил пример на понизност на покорност, извршувајќи ги во манастирот и “најниските” работи. Луѓето доаѓале кај него на духовни разговори и за совети. Рајсбрек се вбројува меѓу поетите мистици. Не се плашел од заминувањето од овој свет, туку со радост и копнеж, и одел во пресрет.

Continue Reading

Религија

Сеноќен подвиг на покајничко стоење пред Бога

Published

on

Ниедна друга духовна дејност не го поставува човекот толку блиску до Бога како покајанието. Не привременото душевно чувство на раскајание, туку постојаното дејствително покајание, искреното соочување со сопствената грешност и смиреното, но усрдно обраќање кон Бога. Тоа е внатрешниот духовен труд што светата Црква го посакува од нас и така грижливо кон него нè приведува, особено сега кога посното патешествие полека наближува до својот крај и Страданијата на Спасителот веќе се наѕираат.

Затоа, среде оваа Петта седмица од Великиот Пост, Црквата ни го положила бдението на кое се чита Житието на преподобната мајка наша Марија Египетска – најсилниот пример на покајание, и Великиот покаен канон на светиот отец наш Андреј Критски.

„Од каде да започнам да ги оплакувам делата на мојот беден живот? И што да ставам за почеток на моето сегашно ридание, Христе? Но, како Милосрден, дај ми прошка на гревовите“.

„Оди, бедна душо, со телото твое, на Творецот на сите исповедај се, и од поранешното безумство натаму ослободи се; и, во покајание, на Бога солзи принеси Му“.

Со боговдахновена вештина големиот Критски химнограф ги слика пред нашите очи личностите и настаните од свештената историја, за преку паралели да ги поврзе со настани од нашиот сопствен живот; делата Божји од минатото – како дела кои се однесуваат лично на нас и на нашето спасение; трагедијата на гревот, како наша сопствена трагедија. Еден по друг излегуваат гревовите од мракот на најтаинствените длабини на срцето и со самото тоа тајноводство до нашето скриено внатрешно битие, Великиот Канон и Житието на Света Марија нѐ приведуваат кон живоносното покајание, покајание не само заради своите лични гревови, туку и за гревовите на сиот свет, на сите оние што отстапиле од Бога, а и на оние што не знаат за Него и за Неговата бескрајна милост, па поради тоа безмерно страдаат. Зашто сите ние сме внуци Адамови и длабоко во себе ги носиме трагите на неговата падната природа и само Божјата милост е таа што нѐ чува од секакво прегрешение.

Во една таква умилителна духовна атмосфера на долгото бдение синоќа, во која просторот и времето како да ги губат своите граници, атмосфера која со зборови навистина и не може да се опише, најголем дар од Бога за нас беше покајничкиот глас и дух со кој нашиот Старец, Епископот г. Партениј, го читаше Житието на Преподобната Марија и Канонот на Свети Андреј Критски. Беше тоа едно небесно покајничко оросување за нас, кое благодатно ги освежи нашите од гревот свенати души, поттикнувајќи ги на покајание. А и самиот наш Старец, напоен од тие чудесни и бескрајно длабоки кладенци на покајанието, како Добриот Пастир нè повика уште еднаш на духовна будност и покајнички подвиг:

Да не заспиваме, браќа мои, да бидеме будни, да ги слушаме овие зборови, напишани не од човечка ученост, туку од лично искуство и доживување на луѓе, кои преку Божјата благодат и личниот подвиг на покајание, станале големи созерцатели на неискажливи духовни тајни. Ете, тие зборови нè повикуваат да се каеме за нашите гревови, ни помагаат да откриеме дека ние, можеби, ја надминуваме и самата Марија Египетска во нашите гревовни дела и помисли. Затоа, да се каеме, мили мои, да се каеме за сопствените гревови, но и за гревовите на сите луѓе. Оти, не треба многу да се потрудиме, за да забележиме дека светот и целото човештво во гревови се потонати, помрачени, богоотпаднати. А нам, Господ, по Неговата неискажлива милост, ни ги отворил очите да го гледаме сето тоа, и да ја гледаме и Неговата спасителна Убавина. Нè удостоил да ги слушаме овие Божествени творби, кои со голема благодатна сила го приведуваат човека кон покајание…

По молитвите на Неговите прекрасни слуги, Света Марија Египетска, на Свети Софрониј Ерусалимски, писателот на нејзиното житие, на Свети Зосим и Свети Андреј Критски, да ни подари нам и на сите луѓе такво големо и искрено покајание, што ќе нè удостои да ја видиме славата и светлината на Христовото свето Воскресение“.

2021-04-15-Sv.-Marija-Egipetska-A-1
2021-04-15-Sv.-Marija-Egipetska-A-2
2021-04-15-Sv.-Marija-Egipetska-A-6
2021-04-15-Sv.-Marija-Egipetska-A-4
2021-04-15-Sv.-Marija-Egipetska-A-12
2021-04-15-Sv.-Marija-Egipetska-A-11
2021-04-15-Sv.-Marija-Egipetska-A-14
2021-04-15-Sv.-Marija-Egipetska-A-15
2021-04-15-Sv.-Marija-Egipetska-A-16
2021-04-15-Sv.-Marija-Egipetska-A-17
2021-04-15-Sv.-Marija-Egipetska-A-18
2021-04-15-Sv.-Marija-Egipetska-A-25
2021-04-15-Sv.-Marija-Egipetska-A-27
2021-04-15-Sv.-Marija-Egipetska-A-31
2021-04-15-Sv.-Marija-Egipetska-A-33
2021-04-15-Sv.-Marija-Egipetska-A-36
2021-04-15-Sv.-Marija-Egipetska-A-37
2021-04-15-Sv.-Marija-Egipetska-A-38
2021-04-15-Sv.-Marija-Egipetska-A-44
2021-04-15-Sv.-Marija-Egipetska-A-45
2021-04-15-Sv.-Marija-Egipetska-A-47
2021-04-15-Sv.-Marija-Egipetska-A-48

Текст и фотографии Бигорски

Continue Reading

Религија

Денеска е Свети Никита Исповедник- многумина болни кои се допреле до неговото тело се исцелиле

Published

on

Според календарот на МПЦ утре е Свети Никита Исповедник.

Роден е во Витинија во градот Кесарија. Неговиот татко Филарет штом се лиши од својата сопруга се замонаши и Никита остана кај баба му, мајката на татко му. Откако порасна и заврши со изучувањето на науките појде во Мидикискиот манастир, каде што игуменот Никифор го потстрижа за монах, а по седум години подвиг патријархот Тарасиј го ракоположи за јеромонах.

По смртта на Никифор и на Никитиниот верен другар Атанасиј, братството го избра Никита за игумен, а тој тоа го прими наспроти својата волја. Свети Никита им беше светол пример за живот и подвиг на браќата цела низа години. Но кога се зацари царот Лав V Ерменин, после благочестивата Ирина и правоверните цареви Никифор и Михаил, иконоборната ерес повторно се распали. Царот го симна патријархот Никифор и го испрати во прогонство, а на негово место го воздигна еретикот Теодот Каситер, човек со нечист живот.

Беше затворен и мачен и Никита, но тој не се поколеба во Православието. Го носеа од затвор во затвор, го мореа со глад и со жед, со мраз и со пот и подбив. Но не даде да се расколеба. Особено му здодеваше еден Никола со потсмеви и навреди. Една ноќ на Никола му се јави неговиот покоен татко во сон и прекорно му рече: „Отстапи од Божјиот слуга!“ Од тој миг Никола се покаја и не само што повеќе не му здодеваше на светителот туку и другите ги одвраќаше да не му здодеваат. Кога царот Лав Ерменин загина со зла смрт, царството го презеде царот Михаил Валвос, а тој ги ослободи православните страдалници.

Никита се повлече во едно осамено место близу Цариград, каде последните денови од неговиот земен живот ги помина во молитва и благодарење. Кога умре телото му го пренесоа во неговиот манастир. При оваа поворка мнозина болни коишто се допреа до неговото тело се исцелија. Моштите му беа положени до гробниците на неговиот духовен отец Никифор и другар му Атанасиј. Овој голем јерарх се упокои во Господ во 824 година.

Continue Reading

Религија

Oд младоста го возљуби Христа и го замрази овој суетен свет – Преподобен Тит Чудотворец

Published

on

Од младоста Го возљуби Христа и го замрази овој суетен свет. Заради тоа го остави светот, отиде во манастир и прими ангелски образ. Не жалејќи се себеси, се предаде на скрбен и тесен монашки пат. Преку големо трпение ги стекна двете основни добродетели: послушанието и смирението и со нив ги надмина „не само браќата туку и сите луѓе“.

Од младоста ја зачува чистотата на душата и телото. Во времето на иконоборната ерес се покажа како непоколеблив столб на Божјата Црква. Заради неговото големо смирение и чистота, Бог му даде дар на чудотворство и за време на животот и по смртта. А кога се пресели кај Господа, остави многубројни ученици зад себе. Се претстави во 9 век.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2020 Булевар.мк

error: