Connect with us

COVID 19

Д-р Вело Марковски: „Детална терапија како да се лекуваат пациентите заболени од Ковид-19“

Published

on

Ифектологот Вело Марковски, на својот фејсбук профил детално објасни како да се лекуваат пациентите заболени од Ковид-19.

Пневмонии, рано препознавање, класификација, лекување, дава детален приказ како и со што да се лекуваат пациентите кои се заболени од корона вирусот.

„Од вечерашната трибина: Пневмонии, рано препознавање, класификација, лекување

Белите дробови тежат приближно 1000-1300 гр. Заедно, белите дробови содржат приближно 1.500 километри дишни патишта и 300 до 500 милиони алвеоли. Секоја алвеола е со дијаметар од околу 0,2 милиметри.

Пневмонијата е акутна (нагла) инфекција на бели дробови, со различни етиолошки причинители и различни клинички и патоанатомски форми. Таа е на десето место од вкупните причини на општата смртност, на шесто место како причина за смрт кај постари од 65 години, на прво место како директна причина за смрт од инфекција. Годишно во светот има 3 милиони умрени од долнорепсираторни инфекции и АРДС. Како предиспозициски фактори з апојава на пневмонија се: Прележани Вирусни инфекции, користење на пумпици, медицински интервенции (асистирана вентилација,сонди, биопсии, бронхоскопија..), аспирација на нормална флора од орофаринкс (спиење, нарушувања на свеста..), белодробен едем, ацидоза,хипоксија, имуносупресивни агенси (кортикостероиди, сумамед…), лекови – (аспирин, еритромицин, аминофилин,инхибитори на протонска пумпа), возраст над 65 години (намален неспецифичен имунитет),пушење, алкохол, престој во задимени простории…

…Доктринарни ставови за лекување на болни со КОВИД-19

Позитивен на КОВИД -19 со или без симптоми

Симптоматска терапија, не смее да се дава АНТИБИОТИК, Контролна крвна слика, контрола на Д- димери…

Прележал КОВИД-19: крвна слика во прилог на бактериска инфекција = ЦРП со вредности од 30-80 мг/л (0.08-6.1mg/L.)

Терапија со линкозамид (Lincomycin 20-40 мг/кг/тт, clindamycin (Нелорен, Климицин)- 10-30 мг/кг/тт)

Се бара потврда на можен причинител. Ако има серолошка, микробиолошка или епидемиолошка потврда за атипичен причинител= Макролиди (сумамед) или Тетрациклини (Доксициклин)

Контролна крвна слика за 4 дена

Лекување на типична пневмонија кај пациент кој предходно прележал КОВИД-19

Типична пневмонија – прлежан КОВИД -19

Помлади од 60 години =цефтриаксон 30-50 мг/кг/тт во кратки инфузии – до 2 гр /еднаш/ден- макс.дози 4 гр – комбиниран со линкозамид (Lincomycin 20-40 мг/кг/тт, clindamycin (Нелорен, Климицин)- 10-30 мг/кг/тт)

Се чека ефект 4 дена ( се следи аускултаторен наод, ЦРП (инфламаторни фактори) СЕ на Ер, Ле…

Влошување или одржување на состојбата: се менува терапија = терапија бр 2 (постари од 60 години)

Постари од 60 години = терапија бр 2

Гликопептид = Vancomycine- 1gr/12h-деца-25-60mg/kg/ден и.в.

Комбиниран со линкозамид (Lincomycin 20-40 мг/кг/тт, clindamycin (Нелорен, Климицин)- 10-30 мг/кг/тт)…“ напиша Проф д-р Вело Марковски

COVID 19

Мутираниот коронавирус пристигна во Македонија, регистриран прв случај

Published

on

Министерството за здравство ја информира јавноста дека денеска при анализа на податоци од позитивни ковид пациенти во месец јануари, во приватна лабораторија за генетика и перосонализирана медицина на клиниката Жан Митрев, кај еден примерок е детектирана мутација на британскиот сој на вирусот СарсКов 2.

Станува збор за 46 годишен маж кој веќе е оздравен, односно во базата на податоци на Инстистутот за јавно здравје пациентот од 22 јануари 2021 се води како оздравен.

Според информациите од ИЈЗ, пациентот првпат на 29 декември 2020 година, поради покачена температура и отежнато дишење, прави брз тест. Тестот е со позитивен резултат. По неколку дена, односно на 4 јануари 2021 година се јавува на преглед во приватната болница Жан Митрев каде му е направен ПЦР тест кој е позитивен, а пациентот е веднаш хоспитализиран во приватната болница. На 15 јануари во болницата му е направен уште еден тест кој повторно е позитивен.

Во епидемиолошката анкета пациетот нема пријавено контакти ниту пак навел дека патувал надвор од државата.

Лабoраторијата во болницата Жан Митрев со посебна ПЦР метода е утврдено дека пациентот е суспектен на некоја мутација на вирусот, а потоа е направено секвенционирање на изолатот. Според информацијата која ја проследија до МЗ, сите мутации кои го дефинираат британскиот сој се утврдени кај изолатот од овој пациент. Кај останатите примероци кои се анализирани во приватната лабараторија не е детектиран британскиот сој на СарсКов2.

Continue Reading

COVID 19

21 починат, 11 во Тетово, нови 444 позитивни случаи на короната

Published

on

Нови 444 случаи на Ковид-19, 894 оздравени и 21 починат, соопшти министерството за здравство.

Нови 444 случаи на Ковид-19 се регистрирани во последните 24 часа од 2518 направени тестови. Од нив, во Скопје – 209, во Куманово – 26, Тетово – 13, Прилеп – 5, Гостивар – 12, Штип – 8, Битола – 8, Велес – 26, Охрид – 26, Струмица – 8, Кавадарци – 32, Струга – 11, Кичево – 10, Свети Николе – 1, Гевгелија – 3, Ресен – 1, Крива Паланка – 3, Радовиш – 5, Делчево – 16, Пробиштип – 3, Виница – 3, Демир Хисар – 1, Македонски Брод – 2, Богданци – 2, Кратово – 3, Демир Капија – 6 и Пехчево – 1.

Институтот за јавно здравје регистрира и 894 оздравени пациенти од: Скопје – 497, Куманово – 21, Тетово – 49, Прилеп – 30, Гостивар – 14, Штип – 8, Битола – 6, Велес – 10, Охрид – 18, Струмица – 7, Кавадарци – 47, Струга – 5, Кочани – 4, Кичево – 11, Свети Николе – 6, Гевгелија – 3, Неготино – 21, Дебар – 20, Ресен – 4, Крива Паланка – 15, Радовиш – 2, Берово – 12, Делчево – 39, Пробиштип – 4, Виница – 4, Македонски Брод – 1, Богданци – 3, Кратово – 2, Крушево – 3, Македонска Каменица – 16, Демир Капија – 8, Пехчево – 3, Дојран – 1.

Починати се 21 лице, два пациенти од Скопје (87 и 65г), еден од Куманово (75г), единаесет пациенти од Тетово (72, 68, 57, 58, 66, 73, 77, 65, 74, 56 и 73г), еден од Прилеп (84г), еден пациент од Штип (78г), еден од Охрид (69г), два пациенти од Кавадарци (64 и 59г), еден пациент од Кочани (71г) и еден од Кичево (63г). Пациентите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 91161, бројката на оздравени пациенти е 79621, на починати е 2812, а бројот на активни случаи изнесува 8728. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 39671, активни 4855
• Куманово 5139, активни 381
• Тетово 5045, активни 326
• Прилеп 4527, активни 186
• Гостивар 3589, активни 218
• Штип 3484, активни 142
• Битола 3196, активни 161
• Велес 3037, активни 257
• Охрид 2749, активни 358
• Струмица 2514, активни 288
• Кавадарци 2504, активни 296
• Струга 2186, активни 147
• Кочани 1714, активни 82
• Кичево 1704, активни 127
• Свети Николе 1068, активни 30
• Гевгелија 973, активни 95
• Неготино 953, активни 88
• Дебар 741, активни 88
• Ресен 728, активни 101
• Крива Паланка 716, активни 44
• Радовиш 690, активни 43
• Берово 577, активни 37
• Делчево 575, активни 141
• Пробиштип 503, активни 39
• Виница 485, активни 31
• Валандово 325, активни 12
• Демир Хисар 243, активни 9
• Македонски Брод 242, активни 11
• Богданци 224, активни 29
• Кратово 218, активни 18
• Крушево 200, активни 26
• Македонска Каменица 190, активни 20
• Демир Капија 188, активни 26
• Пехчево 181, активни 11
• Дојран 82, активни 5

Досега во земјата се направени вкупно 445.795 тестирања на Ковид -19. Од Министерството посочуваат дека од евидентираните починати, 10 се со датум на смрт од претходните три недели денес пријавени во ИЈЗ

Continue Reading

COVID 19

Нови 10,000 вакцини за Србија, кај нас сеуште НУЛА

Published

on

Претседателот на соседна Србија, Александар Вучиќ денеска најави дека набавил уште 10.000 нови вакцини, како и дека секое утро трае борбата за секоја вакцина и за секој граѓанин на Србија.

Србија е трета во Европа по вакцинација, Македонија на дното сеуште со нула набавени вакцини, а далеку од вакцинација на населението. Во соседна Србија се очекува вакцинацијата да почне во сите болници низ земјата.

По протоколот за 21 до 28 дена следува повторна ревакцинација, а советите се вакцинираните граѓани да се чуваат и покрај примената вакцина.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2020 Булевар.мк

error: