Connect with us

Хуманост

Самохрана мајка – Марија со три дечиња бара помош за да ја помине зимата

Published

on

31 годишната Марија Шиникоска е самохрана мајка на три деца. Младата мајка низ солзи и со тешко срце бара помош од заедницата. Таа и нејзините деца живеат во една влажна просторија која прокиснува, а привремено ја добила на користење од нејзина пријателка.

Шиникоска се бори во животот со помош на хуманите пријатели бидејќи со платата која ја заработува не може да им обезбеди пристојни животни услови на нејзините три малолетни деца 6 годишната Светлана, 4 годишната Димитра и двегодишниот Виктор. На прагот на зимата Шиникоска и нејзините деца се без струја еден месец и без огревно дрво, а мора секој месец да обезбеди и лекови :

„Многу ми е тешко. Во влага сме децата ми се разболеа. Едното ми е со бронхитис, вчера ни донесоа шпорет. Ни најде шпорет Бојана, многу сум и благодарна, многу ми е тешко. Се грееме на дрва кога ќе земам плата да обезбедам дрва да се греат.

„Светлана ми вели, сакам да нема влага и да имам детска соба за да можам да учам. Многу ни е тешко. Ако може некој да ни помогне ќе им бидеме благодарни. За наставата да ја следи одиме кај другарка ми. На вибер и пуштаат материјал за да учи и другарка ми да ни покажe. Многу ми е тешко“.

Самохраната мајка Марија Шиникоска, вели дека покрај добрите луѓе помош добила и од општина Охрид со средства за оперција на ќерката Димитра. Вели дека нејзиното барање до државата за социјален стан досега било безуспешно.

Македонија

Сите сме потребни за ова мало ангелче: Двегодишниот Марко од Прилеп се бори со ретко заболување

Published

on

Maрко Мицески од Прилеп е двегодишно ангелче кое се бори со ретко заболување и поради кое и во моментов е во болница.

Неговото лекување е возможно во Турција, но за истото е потребни 19.000 евра – средства кои неговите родители не се во можност целосно да ги обезбедат.

-Ве молам помогнете им за да можам и јас да учам, да се развивам и играм, да се радувам на животот како сите мои врсници, стои во апелот за помош.

Во апелот има трансакциски сметки за донации за Македонија и Германија, па доколку сте во можност помогнете со ваш прилог за ова мало ангелче да добие шанса за здраво и безгрижно детство.

Continue Reading

Македонија

ДА МУ ПОМОГНЕМЕ НА АЛЕКСЕЈ!

Published

on

Алексеј има само 3 години и му е дијагностицирана хипоксична енцефалопатија, ретка болест која означува недостаток на кислород во мозокот, создавајќи ризик од сериозни последици и смрт.


Решението за оваа болест е пресадување на матични клетки, нешто што за жал не е возможно во нашите здравствени институции.


Поради тоа, неговото лечење мора да продолжи во болницата Лив Хоспитал Улус во Истанбул, но пресадувањето чини 19.000 евра, средства кои моментално семејството на Алексеј ги нема.


Затоа ве замолуваме токму вас, хумани луѓе кои ја поддржувате работата на нашата фондација, уште еднаш заедно да ја покажеме солидарноста на дело и да донираме за да го спасиме животот на нашиот Алексеј!


Донациите ќе се прибираат на сметката на фондацијата, а со собраниот износ ќе се платат сите трошоци кон болницата во Турција.

Линк за донирање: https://gofund.me/27ad16be

Continue Reading

Хуманост

(Фото) Да помогнеме да се пронајде млада девојка!

Published

on

Да помогнеме да се пронајде млада девојка!

Информациите подолу на фотографијата:

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк