Connect with us

Приказни

ПОУЧНА ПРИКАЗНА: Кога ти треба помош, побарај ја од Бог!

Published

on

Една многу сиромашна жена се јавила на некое христијанско радио да бара помош. Еден лош и злобен човек кој ја слушал радио програмата смислил нешто да направи во врска со тоа. Тој ја зема нејзината адреса, се јави на неговата секретарка и и нареди да и купи храна и да и ја однесе на жената со следниве инструкции: “кога жената ќе те праша кој ја испрати храната, кажи и дека е од ѓаволот.“

Кога таа пристигнала, жената била пресреќна и си ја внела храната дома.

Секретарката ја прашала: “зар не сакате да знаете кој ви ја испрати храната?
“Жената одговорила: “Не, не е важно, бидејќи кога Бог ќе нареди, дури и ѓаволот слуша.“

Секретарката се расплакала.
* Затоа, не грижете се *
Вие сте прекрасно Божјо дете и Бог ќе ви помогне. Можеби некои работи во животот ви изгледаат невозможни, но Бог ќе ги направи возможни и ќе ви даде решение за вашите проблеми.

Continue Reading

Приказни

Американец во Скопје: Секоја прилика се користи за одење во кафеана и пиење ракија

Published

on

Интересна е Македонија. Воопшто не е таква како што ја замислував, каква што ми ја раскажуваа моите колеги, или како што пишува за неа по интернет. Македонија и Македонците треба да ги доживееше, а не да слушаш за нив.

Своето искуство го раскажува Американец, кој дојде во Македонија како турист.

Многу интересни луѓе. Се прашувам само како наоѓаат време за се. Како имаат време да себе, за своите најблиски, да одат на работа, да се дружат, да одат на годишен одмор, и да одат во кафeана да пијат ракија.

Уште откако стигнав се сместив, и моите колеги ме одведоа на едно место, каде што никогаш претходно не би помислил дека јас ќе се најдам таму. Во кафeана. Јадење, јадење, јадење… Ракија, ракија, ракија… Прекрасно беше, но едвај се сеќавам да ви раскажам какво беше моето прво искуство од тој ден.

Ме одведоа на многу интереси место. Запознав многу луѓе. Сите насмеани, се гледа во очите дека Македонците сакаат гости од страна.

Но, кафаните и ракијата ми оставија најголем впечаток. Секој ден музика, песна, пиење, дружење. Луѓето како да немаат други маки. Во кафeана сите се среќни и насмеани. Алкохол на сите страни. Се дружат и мажи и жени. Кај нас во кафeана се оди само на некоја посебна прилика, и тоа не во таква кафeана. Сите се смирени. Но, тука е поубаво. Сакам кога луѓето се среќни и кога знаат да се забавуваат.

За ракијата слушав од нив кога ми раскажуваа, но никако не сфатив за какво пиење станува збор, се додека не ја пробав.

Превкусни македонски јадења. Македонците не седнуваат на маса, ако немаат месо. Сфатив дека само месото се гледа тука како јадење. Јадења со пиперки… превкусно нешто. Домашен зелник и баница. Тавче гравче, слатко од јагоди, и цел ден ќе си набројувам колко е превкусно.

Убаво е во Македонија. Знаат луѓето како да живеат и да се опуштаат.

Continue Reading

Инфо +

Ѕид на сообраќаен срам: Цената на паркингот во Скопје поскапена за 100%

Published

on

Граѓани на социјалните мрежи на групата на Фејсбук – Ѕид на сообраќајниот срам коментираат од вчера дека цената на паркингот во Скопје во катните гаражи е поскапена за 100%, по објавата на еден граѓанин откако му стигнало известување од ЈП Градски Паркинг – Скопје.

Сега цената за да паркира еден граѓанин со повластена дозвола за паркирање во категорија вработен во правен субјект, во катните гаражи „Беко“ и „26-ти јули“, изнесува фантастични 2,000 денари кои треба да ги плати како месечна претплата за да ја користи услугата за паркирање.

Граѓаните и жителите на главниот град со коментари на овој пост упатуваат повици да не се паркира во катните гаражи на градот, за да му останат празни на Јавното претпријатие Градски паркинг. Тие велат даваат пари за изградба на катните гаражи, како и за паркинг, а живеат во еден од најзагадените градови во свет, како и тоа дека паркингот од потреба стана луксуз за скопјани.

Continue Reading

COVID 19

Не е работилница за фарбање, туку пункт за КОВИД тестирања

Published

on

На социјалните мрежи се појави слика од Твитер профилот „Лудот Макс“, за импровизиран пункт за тестирање за корона вирус во Демир Хисир.

На твитот е објавена слика како се вршат тестирања за Ковид-19 во метална монтажна гаража, па Лудиот Макс вели не е импровизирана работилница туку пункт за тестирање од коронавирусот.

Не, не е импровизирана работилница за фарбање, ова е импровизиран пункт за ковид тестирање во Демир Хисар – е напишано како опис на фотографијата.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2020 Булевар.мк

error: