Капитенот на Динамо Загреб , македонскиот репрезентативец, Аријан Адеми, ја доби наградата за најдобар фудбалер во 2020 година според анкетата која ја спроведе „Т-Портал“, а гласовите се од сите 20 капитени на екипите кои настапуваат во првото хрватско првенство.
Во анкетата на „Т-Портал“, секој капитен на екипите од ХНЛ бираше по пет играчи за кои смета дека најмногу покажале во 2020 година. Адеми од можни 100 во анкетата освои 66 бода.
Во анкета во која се гласаше предводникот на хрватските „модри“ победи во анкетата со вкупно 66 бода, дваесет повеќе од второпласираниот Мијо Цакташ од редовите на Хајдук. Третото место му припадна на Франко Андријашевиќ од Ријека.
„Овој трофеј има посебно место помеѓу сите мои признанија“, изјави Аријан Адеми.
На Адеми му посакуваме одлична кариера со големи успеси во фудбалот.