Connect with us

Религија

СВ. СЕВАСТИЈАН: Овој славен Христов маченик се роди во Италија, а беше воспитан во Милано

Published

on

Денеска е 18 декември (по стар стил) и се слави Св. маченик Севастијан и другите со него.

Овој славен Христов маченик се роди во Италија, а беше воспитан во градот Милано. Во младоста се предаде на војничка служба и изгледа му стана миленик на царот Диоклецијан, којшто го постави за началник на својата дворска гарда. Потајно ја исповедаше христијанската вера и Му се молеше на живиот Бог. Двајцата браќа Марко и Маркелин, коишто беа фрлени во затвор заради Христа и беа веќе на работ да се одречат од Него и да им се поклонат на идолите, Севастијан ги утврди во верата и ги охрабри за мачеништвото. Кога им велеше да не се плашат од смртта за Христа, неговото лице заблеска и сите ја видоа неговата светлина како на лице на Ангел Божји.

Севастијан го потврди словото со чудотворство: ја исцели од немост Зоја, жената на затворскиот стражар Никострат, која беше нема шест години и ја приведе кон Крштение неа и сиот дом на Никострат; ги исцели двајцата болни синови на војводата Клавдиј и го приведе кон Христа Клавдиј и сиот негов дом; го исцели од единаесетгодишна подагра и ногоболка Транквилин, таткото на Марко и Маркелин и го приведе кон Крштение заедно со сиот негов дом; од истата болест го исцели епархот Хроматиј и него и неговиот син Тивуртиј ги приведе кон Господ Христос. Од нив прва пострада Зоја, којашто ја фатија како Му се моли на Бога на гробот на светиот апостол Петар.

После мачењето ја фрлија во реката Тибар. Тогаш го фатија Тивуртиј, пред кого судијата постави жар и му рече да избере меѓу животот и смртта, да фрли темјан врз жарот и да ги покади идолите или самиот да застане бос на жарот. Тивуртиј се прекрсти и застана на жарот босоног, но остана неповреден. Потоа го убија со меч. Никострат го убија со стап. Транквилијан го удавија во вода. Марко и Маркелин ги мачеа и ги избодоа со копја. Тогаш го изведоа Севастијан пред царот Диоклецијан. Царот го укори за предавство, но тој рече: „Јас секогаш Го молам мојот Христос за твоето здравје и за мир во Римското царство“. Царот нареди гол да го стрелаат со стрели. Војниците стрелаа дотогаш додека целото тело на маченикот не го прекрија со стрели, па повеќе и не се гледаше од стрелите. И кога сите мислеа дека е мртов, тој се јави наполно жив и здрав. Тогаш незнабошците го убија со стапови.

Славно пострада за Христа во 287 година, во времето на царот Диоклецијан и Римскиот епископ Гај.

Continue Reading

Религија

Месопустна недела: За никој што научил за љубовта на Бога кон човештвото да не се предаде на мрзливост

Published

on

 На овој ден вршиме спомен на неизбежното второ доаѓање Христово, и тоа го уредија божествените отци да го правиме во неделата по параболата за блудниот син, за никој што научил за љубовта на Бога кон човештвото да не се предаде на мрзливост, велејќи си „Господ ги сака луѓето, па и јас, иако сум одделен од Него заради гревот, сè е подготвено за моето исправање“.

Овој страшен ден на судот е одредено да се слави сега за оние коишто живеат во мрзливост да бидат охрабрени да стекнат добродетели, и да не се надеваат само на љубовта Божја, туку да сфатат дека Он исто така е и праведен Судија, кој на сите луѓе ќе им суди според нивните дела. И сите починати души ќе поминат на суд. Се нарекува второ доаѓање, бидејќи Христос дојде во тело, првиот пат, за да го спаси човечкиот род, а кога ќе дојде повторно ќе ни суди дали сме ги запазиле Неговите заповеди. А кога ќе се случи ова второ доаѓање? Никој не знае, бидејќи иако Он наброја неколку знаци за доаѓањето, точното време го сокри од апостолите.

Пред Неговото доаѓање, ќе се појави антихристот. Тој ќе живее навидум слично на Христа, извршувајќи чуда како Христовите, вклучително и воскреснувања од мртвите. Но, сето тоа ќе биде само илузија. По ова, одненадеж, како молња од небото, ќе дојде Господ, одејќи пред Неговиот Крст, а река од оган ќе биде пред Него, чистејќи ја земјата од скверности.

Антихристот ќе биде фатен веднаш, заедно со неговите слуги и ќе биде осуден на вечен оган. А кога ангелите ќе затрубат, сите родови човечки ќе се соберат од сите места и од краиштата на земјата во Јерусалим, затоа што тоа е центарот на земјата. Таму ќе има поставени престоли и сè ќе биде подготвено за судење. Тогаш сите души повторно ќе се соединат со своите тела и ќе бидат облечени во нетрулежна убавина.

И со еден збор, Господ ќе ги оддели праведниците од грешниците. Оние коишто правеле добро ќе примат вечен живот, а грешниците конечно ќе бидат испратени во вечно и бескрајно мачење. Да забележиме дека Христос нема да праша кој постел или кој бил наг, или кој извршувал чудеса, иако и тие нешта се добри, но милосрдието и сострадањето се многу подобри. Он ќе ги праша и праведниците и грешниците за шест заповеди – добродетели, за кои секој е способен: „Бев гладен и Ме нахранивте, Бев жеден и Ме напоивте, Бев странец и Ме прибравте, необлечен бев и Ме облековте, болен Бев и Ме посетивте, во затвор Бев и дојдовте при Мене. Доколку сте го направиле ова за некој од Моите најмали браќа, Мене сте Ми го направиле.“

Тогаш сите кои Го исповедале Господа Исуса Христа ќе преминат во славата на Бога Отца, а оние кои се одделиле од Бога преку трошењето на нивниот живот на мрзливост и на минлива храна, ќе примат маки и темнина и ќе бидат вечно лишени од Божјата светлост.

Continue Reading

Религија

Денеска се слават Преподобен Тимотеј и Св. Евстатиј Антиохиски

Published

on

Преподобен Тимотеј живеел во осмиот век. Се подвизувал како монах во манастирот Символи, на планината Олимп во Мала Азија (таа ни е позната и како место на монашкиот подвиг на св.Методиј Солунски).

Денес се слави и св. Евстатиј, кој на почетокот на четвртиот век бил епископ на Антиохија. Учествувал на Првиот вселенски собор (325 г.), штитејќи го православното учење.

Кога после заминувањето на Константин Велики цар на источниот дел на империјата станал неговиот син Констанциј, за православните епископи настапиле тешки времиња. Евстатиј, како и многу други, бил симнат од катедрата и испратен во заточеништво, во Тракија.

Continue Reading

Религија

Утре е 3адушница: 3апалете cвеќа, помолете се, но не го правете ова

Published

on

Православните христијани во сабота ја одбележуваат Задушница во знак на сеќавање на оние кои не напуштиле. Црквата пропишала посебни денови – задушници, четирипати годишно, кога верниците се молат за покој на душите на оние лица кои го напуштиле овој свет.

Задушница е секогаш во сабота, ден кој црквата го одредила за помен и молитва за заминатите. На Задушница се оди во црква каде што се служи литургија и парастос. На овој ден се посетуваат гробиштата каде со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за заминатите.

На Задушница верниците даваат милостина на сиромашните во име на оние кои го напуштиле овој свет и се молат за покој на нивните души. Се верува дека е голем грев ако на Задушница некој на почивалиштето одбие да земе храна или пак избрка туѓинец од вечното почивалиште.

Оваа Задушница секогаш е во сабота и е една недела пред Прочка, која секогаш се паѓа во недела.

Седмицата пред Прочка се вика Месопосна недела. Овој период од седум дена до Прочка се нарекува и Сирна недела поради тоа што не се јаде месо туку се јадат млечни производи.

Од понеделникот по Прочка започнуваат големите, долги седум недели, Велигденски пости што траат до Воскресенито Христово – Велигден.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2020 Булевар.мк

error: