Connect with us

Истражување

Вака изгледаат ковид-пасошите: Што сè ќе пишува и каде ќе може без нив да се патува

Published

on

Идејата за ковид пасоши сериозно се разработува во многу држави во светот, особено од туристичките работници и авиокомпании кои сметаат дека ова може да им донесе некаков спас за нивната работа која е тешко погодена од кризата предизвикана од коронавирусот.

Во овој пасош треба да има информации за тоа дали некој бил заразен со КОВИД-19, дали и кога направил PCR-тест и дали примил вакцина

Некои светски авиокомпании веќе најавија воведување ковид пасоши како услов за идните летови. Така, австралиската авиокомпанија Квантас најави дека вакцинацијата против ковид ќе биде задолжителна за сите нејзини меѓународни патници, но се размислува за воведување на истиот услов и на домашните летови.

Туризмот и транспортот се наоѓаат во исклучително тешка состојба на глобално ниво, па затоа е сосема нормално тие бидат фокусирани да се најде решение за нивно, условно речено, нормално функционирање.

Ковид-пасошите за луѓе кои примиле вакцина против вирусот корона можат да стане реалност уште во 2021 година, изјави директорот на Рускиот фонд за директни инвестиции (РФПИ), Кирил Дмитриев.

Ние, се разбира, гледаме дека ќе бидат воведени ковид пасоши. Мислам дека некои земји ќе ги воведат побрзо, а други побавно. Но нема дилема дека ќе има авионски летови кои ќе бидат поврзани или со тестирање за ковид-19 или со пасошите за вакцинирање, рече тој за телевизијата Русија 24.

Дмитриев рече дека тоа е неизбежно. Според него, тоа е реалноста што светот на крајот ќе ја воведе во функционирањето.

Да, тоа звучи малку чудно сега, но мислам дека никој нема повеќе да го поставува тоа прашања за една година, бидејќи факт е дека вакцинираните луѓе се помалку ризични од оние кои можат да бидат заразени. Затоа, овие пасоши, кои сега се развиваат во многу земји, ќе станат дел од нашите животи веќе оваа година, потенцираше тој.

Во некои држави луѓето кои се вакцинираат веќе добиваат такви т.н. ковид пасоши каде пишува на кој ден и со која вакцина се вакцинирани.

Во Велика Британија, сите вакцинирани лица добиваат картичка, која сè уште нема правна вредност и не овозможува поголема слобода во врска со патувањата и други активности. Тоа е потсетник со име и презиме, код и датум на вакцинација, како и кога е потребно да се прими втората доза.



Франција отиде најдалеку, таму во Собранието се најде законот, според кој само вакцинираните лица можеа да користат јавен превоз, да одат на натпревари, ресторани, концерти. Неговото усвојување, сепак, е одложено, барем привремено.

Во многу држави процентот на луѓе што сакаат да се вакцинираат е многу мал, така што условот да се патува со ковид пасоши ќе наиде на големи реакции.

Истражување

Македонците наведени како посебен народ во Царска Русија: Објавени документи од 18 век

Published

on

Соседните држави очигледно погрешно пресметаа кога мислеа дека со газење и негирање на Македонците ќе успеат да ги асимилираат.

„Оти Македонија не е само држава. Ако беше Македонија само обична држава, денеска немаше да има ниедна прашинка од неа. Туку Македонија е икона на Балканот, Македонија е црква на Европа, Македонија е манастир на светот!“, велеше великанот Петре Мито Андреевски и вистина. Колку повеќе го газиш, Македонецот толку повеќе пушта корења, се зацврстува, па излегува на површина уште посилен.

Негирањето од страна на соседите и мекотелоста на властите во Македонија ги натераа Македонците сами да се потрудат и да најдат историски факти за посебноста на Македонскиот народ.

Еден таков податок ви пренесуваме во продолжение, каде “Полјакот од Македонија” споделува извештаи од 18 век, во кои Македонците се препознаени како засебен народ во царска Русија.

– ВЕК Во извештаи на Царска Русија од 1764-1765 г,во Елисаветската Губернија (Украина) наброени се доселениците од земјите на Балканот. Македонците се наведени како посебна нација*, покрај Бугари, Срби, Турци, Власи итн… – пишува во објавата на Твитер.

Continue Reading

Истражување

ВИНИЧКО КАЛЕ – Светско христијанско богатство со непроценлива вредност (Фото)

Published

on

Корените на христијанството се наоѓаат во Виница изразени преку ТЕРАКОТНИТЕ ИКОНИ пронајдени од Виничкото кале.

Виничките теракотни икони се вбројуваат во редот на најавтентични археолошки откритија и претставуваат драгоцен дел од целокупното Христијанско наследство.

Интересот за неговото истражување се појавува во 1978 година, кога археологот Ц. Крстевски донесол во Музејот на Македонија пет фрагменти од теракотни релјефи со иконографски претстави, дотогаш непознати, особено интересни за проучувањето на старохристијанскиот период. Така, од 1985 година се започнува со археолошки ископувања кои непрекинато ќе продолжат до денес.

На почетокот како заштитни, а подоцна систематски, со овие ископувања е констатирана релативната стратиграфија на локалитетот. Според археолошките наоди, особено керамичките, животот во населбата се одвивал во долг континуитет, од неолитското време сè до полниот среден век, со таа разлика што се најмногубројни архитектонските остатоци од доцноантичкото време (4-5 век).

Откриени се остатоци од ѕидови на неколку објекти од профан карактер, со организирани тремови, „клупи“ за седење, магацински простории, ѕидани од камен и варов малтер, кои на одделни места се зачувани во висина дури до 4 м. Во едни се најдени писцина, префурниум, водоводни инсталации и друго. Објектите биле подигнати покрај одбранбениот бедем, од кој е откриен еден дел заедно со една полукружна кула. Бедемот е ѕидан од кршен камен и варов малтер, а неговата ширина изнесува 3 м.

Значајно е да се спомене дека во шутот меѓу ѕидовите е најден голем број на цели и фрагментирани реплики од теракотни икони, со непроценливи археолошки, уметнички и теолошки вредносни димензии. Приближно на средината на локалитетот се наоѓаат моше лошо зачувани остатоци од ѕидови на мала средновековна црква, многу порано прекопана од „диви копачи“ – трагачи по злато.

ВИНИЧКОТО КАЛЕ СЕ КОНЗЕРВИРА ПО ПОВЕЌЕГОДИШНА ПАУЗА И ВАНДАЛСКО УНИШТУВАЊЕ

Околу црквичката е откриен голем број примероци од архитектонска пластика, и тоа колони, бази, капители, делови од канцел, транзени, подни плочи и сл., а од подвижниот материјал фрагменти од керамички садови, предмети од бронза, железо и коска, потоа накит, монети и друго. Откриен е и истражен богат женски гроб од 12 век во кој се најдени 9 стаклени и 4 бронзени позлатени белезици, 11 бронзени прстени (неколку позлатени) и еден предмет од коска (игленица).

Овие теракотни рељефи содржат иконографски претстави со христијанска тематика, како и латински натписи со литургиска содржина. Датирани се во V – VI век и веројатно служеле како апликација на ѕидовите на гробните објекти во доцноантичкиот период во виничкиот градежен комлекс. Теракотните икони од Виничкото Кале кои биле откриени од археологот Цоне Крстевски претставуваат единствени од ваков тип со непроценливо богатство од археолошка, уметничка и теолошка вредност.

Теракотните Икони:

Музеј Теракота Виница - Архангел Михаил Керамика, 5 – 6 век. Виничко кале.  Димензии: 32,2 х 20,1 х 4,5 см Во централниот дел на правоаголната плоча е  прикажан заповедникот на небесната војска,
Теракотна икона, Архангел Михаил
МАКЕДОНСКИ СВЕДОШТВА: Теракотни Икони од Виничкото Кале
Теракотна икона, Даниел меѓу лавови
МАКЕДОНСКИ СВЕДОШТВА: Теракотни Икони од Виничкото Кале
Теракотна икона, Јошуа и Калеб
Теракотна икона, Константиновиот крст
Терактона икона со Св.Кристофер и Св. Ѓорѓи. (Фото: Музеј „Теракота“)
МАКЕДОНСКИ СВЕДОШТВА: Теракотни Икони од Виничкото Кале
Четириесет и први псалм Давидов
Три коњаника и еден стрелец
Лозова пенушка-седумдесет и девети псалм Давидов
Лав од племето Јудино

Continue Reading

Истражување

ЗЕМЈАТА ПРЕЖИВУВА ВИСТИНСКИ ПЕКОЛ – Во Кина измерени 80 степени целзиусови!

Published

on

Екстремните топлотни бранови во Европа, Северна Америка и Азија соборија рекорди во градовите околу северната хемисфера помалку од две недели откако Земјата ги забележа, како што велат научниците, најверојатно нејзините најжешки денови во модерната историја.

Како што пренесува Њу Јорк Тајмс, температурите, кои погодија толку голем дел од светот одеднаш, беа потсетник дека климатските промени се глобална криза, поттикната од силите создадени од човекот: емисиите на гасови кои ја задржуваат топлината, главно предизвикани од согорувањето на фосилните горива. Враќањето на Ел Нињо, циклична временска шема, исто така има широки ефекти врз времето ширум светот.

Планетата се загреа околу два степени целзиусови од 19 век и ќе продолжи да расте се додека луѓето не престанат да согоруваат јаглен, нафта и гас, велат научниците. Повисоките температури придонесуваат за екстремни временски настани и помагаат периодите на екстремни горештини да бидат почести, подолги и поинтензивни.

Во опасната зона се наоѓа Иран, каде индексот на топлина во последните денови достигна 66 степени целзиусови, блиску до границите на она што нормално може да го издржат здравите луѓе.

Во Европа, официјалните лица во многу градови воведоа станици за ладење. И имајќи ја предвид опасноста – повеќе од 61.000 луѓе загинаа во топлотните бранови минатото лето, според една неодамнешна студија – тие ги повикаа посетителите и жителите да останат внатре во најжешките часови во денот. Работниците со ниски примања се особено ранливи.

Во меѓувреме, во Европа, делови од Франција и Шпанија во вторникот го достигнаа рекордот на сите времиња во екстремен настан познат како топлотниот бран Серберус. Жирона, во шпанската област Каталонија, достигна рекордно високо ниво од 45 °C (113 °F), додека Верден во североисточна Франција достигна 40,6 °C (105 °F) за прв пат досега, пренесува Аксиос.

One Planet: Heatwaves and climate change | KALW

Тоа им создава проблеми на земјите ширум светот и бара од нив итно да се справат со климатските промени, кои според научниците ќе ги направат топлотните бранови уште почести, посериозни и посмртоносни, наведува Ројтерс.

Џиновскиот термометар во кинеската провинција Ксинџијанг ја измери температурата на земјата на 80 степени Целзиусови, бројот на загинати од обилните дождови во Јужна Кореја денеска достигна 44, а трет ден горат шумските пожари западно од грчката престолнина Атина, пренесува Ројтерс.

Во исто време, Големиот остров на Хаваи се подготвува за ударот на тропската бура Калвин, за која се очекува да донесе дури 20,3 сантиметри дожд и силен ветер, соопшти американската Национална метеоролошка служба (НВС).

Светската метеоролошка организација во вторникот предупреди на зголемен ризик од смрт поради високите температури.

Во Јужна Кореја од минатата недела поројни дождови ги погодија централните и јужните региони.

Четиринаесет лица загинаа во подвозник во централниот град Чеонгџу, каде што повеќе од десетина возила беа поплавени во саботата кога се урна насип на река.

Во југоисточната провинција Северен Ѓеонгсанг загинаа 22 лица, од кои повеќето поради лизгање на земјиштето и поројни поплави.

Љубопитни туристи во западната кинеска провинција Ксинџијанг, опремени со шешири и чадори, се бореа со високите температури за да направат селфи со џиновскиот термометар кој покажувал температура на површината во реално време од 80 степени Целзиусови, покажа државната телевизија.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк