Одбојкарската селекција на Македонија ја оствари првата зацртана цел и квалификациите за следното Европско првенство ги започна со посакувана победа на репрезентацијата на Босна и Херцеговина (3-1). „Спартанците“ експресно ги заборавија лошите настапи и поразите од Бугарија и вечерва во Скопје покажаа игра како што се очекуваше од нив.
Босна можеби не разочара со својата игра и беше достоен противник во поголемиот дел од натпреварот, но искуството и квалитетот на нашите момци дојде до израз во прав момент и заслужено ги грабнавме првите бодови во овие квалификации.
Македонската одбојкарска репрезентација со победа над БиХ од 3-1 (по сетови 27-25, 25-21, 23-25 и 25-19) го почна квалификацискиот турнир во Скопје за пласман на Европското првенство годинава.
Покрај Македонија и БиХ, на двата турнира што ќе траат до сабота, ќе настапи и селекцијата на Турција.
Македонските одбојкари утре имаат слободен ден, а задутре ќе се сретнат против Турција. Потоа в четврток следува уште еден дуел со БиХ, а во последниот меч од групата Македонија ќе се соочи пак со Турција, в сабота.
Првопласираните репрезентации од оваа и од другите групи, вкупно седум, ќе се пласираат на континенталното првенство, како и петте второпласирани со најдобар ефект.
Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски – Иџе, кој викендов по третпат го освои Европскиот шампионат за ридско-планински трки, беше пречекан дома со факели, овации и македонски знамиња.
Трократен Европски Шампион! За мојата Македонија,за мојот народ! 2014/2015/2023! Бидете горди, испишавме нова историја!!!, порача Иџе по освојувањето на трофејот.
Новак Ѓоковиќ во спектакуларно финале во три сета славеше против Карлос Алкараз на турнирот во Синсинати. Оваа победа за Ѓоковиќ донесе и многу емоции, а тоа можеше да се заклучи и од начинот на кој прослави.
Српскиот тенисер до победата дојде по голема борба и спасена меч топка и токму затоа ова финалето ќе остане запаметено како едно од најдобрите во историјата. По победата Ѓоковиќ легна теренот, а потоа и ја искина маицата која ја носеше.
Треба да се каже и дека со три часа и 50 минути ова финале е најдолгиот меч во историјата на турнирот во САД.
Eден од најчудните пенали во историјата на фудбалот се случи синоќа во натпревар од Конференциската лига меѓу Гленторан од Северна Ирска и Гзира од Малта.
Гостинскиот голман го одбрани ударот, почна да се радува и избега од петерецот но топката сепак се дотркала до голот и заврши зад линијата.
Проверете дали е ова најчудниот пенал во историјата на фудбалот?