Connect with us

Здравје

Д-р Несторовиќ: Ма какви фармацевтски лекови. Тие предизвикуваат хаос, ова 100 пати подобро ја отстранува болката отколку таблетите

Published

on

а својот блог, контроверзниот српски доктор Бранимир Несторовиќ се обиде да објасни зошто повеќе нема лекови од билки.

Цитирајќи студија од 2016 година, спроведена на 40 возрасни лица со остеоартритис на коленото (воспаление на зглобот на коленото), Несторовиќ објави дека облоги од масло од семе од црн ким имаат подобар ефект врз болката и воспалението отколку фармацевтските лекови, кои главно се користат.

Тој потсети дека фармацевтските лекови имаат бројни несакани ефекти – од намалување на антиоксидантната активност, намалување на тестостеронот, мешање во производството на сексуални хормони сулфати, зголемување на ризикот од мозочен удар и астма, до токсичност на црниот дроб и нарушувања на синтезата на невротрансмитерите, што може да доведе до афективна равнодушност.

– Маслото од црн ким се нанесуваше во количина од еден милилитар три пати на ден на коленото, осум недели. Триењето траеше пет минути – изјави Несторовиќ, истакнувајќи дека, како што е наведено во резултатите од студијата, примената на ова масло даде подобри резултати во санирање на ревматската болка, со минимални несакани ефекти.

Continue Reading

Здравје

Прав Јунак, Дедо Киро на 98 години го победи коронавирусот

Published

on

По дваесет дена лекување, инфективната Клиника денеска ја напушти еден од најстарите пациенти досега излечен од Ковид 19 – 98 годишниот Киро Ристов од Демир Капија.
Вели – не било лесно, но е пресреќен што кризата е зад него.
-Добро е заврши. Сега ми е студено надвор. Каде е колата да си одиме, кратко рече Ристов кој е роден 1923-та година.
Неговиот син за Телма изјави дека дедо Ќиро бил примен на Инфективна клиника на 25-ти декември и дека персоналот се грижел за здравјето на стариот од Демир Капија.


По дваесетдневен престој Киро Ристов како најстар победник што ја порази короната во Македонија, си замина за Демир Капија.
Како и сите други пациенти, болницата ја напушти со заштитна маска.

<!– /wp:paragraph –>

Continue Reading

Здравје

Само 2925 луѓе ќе се вакцинираат: Во февруари пристигнуваат 5850 анти-ковид вакцини

Published

on

5850 вакцини против корона вирусот ќе пристигнат во февруари, извести мЗ. Во меѓувреме според пресметките, овие вакцини ќе можат да ги примат само 2925 граѓани бидејќи за еден граѓанин потребни се две дози кои се примаат последователно според предвидениот рок.

„Првите 5850 дози вакцини на Фајзер ќе стигнат во февруари, потоа ќе следува пратка со поголема количина во март, април, а динамиката за цела 2021 година дополнително ќе се утврди“, истакнуваат од Министерството.

За количината на вакцините реагираа од ВМРО-ДПМНЕ.

„Прво, информацијата следи со недозволиво доцнење, второ станува збор за многу мала доза на вакцини. Ова е доволно да се вакцинира отприлика само еден колку Злетово кој брои помалку од три илјади жители. Филипче продолжува со некакви полуинформации дека во директни преговори се обезбедени 800.000 дози за цела 2021“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Антиковид вакцините нема да бидат задолжителни, но според информациите се зборува дека на ниво на авикомпании се размислува да се воведе таканаречен Ковид пасош со кого пред летот патникот ќе треба да покаже доказ дека е вакциниран или дека го прележал вирусот.

Continue Reading

Здравје

Филипче од Бигорскиот манастир : Празниците да се слават под заштитни мерки

Published

on

Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска го посети манастирот Св.Јован Бигорски и се сретнал со Епископ Партениј, Игумен Бигорски.

„На неформалната средба зборувавме и за престојните празници и важноста дека истите треба да се слават под заштитни мерки и со почитување на здравствените протоколи – задолжително носење маска, хигиена на раце и одржување дистанца“, сподели Филипче.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2020 Булевар.мк

error: