Connect with us

Инфо +

Емотивен момент на натпреварот Македонија – Турција : „Волкан, те сакам! Дали ќе се омажиш со мeне“

Published

on

Одбојкарската репрезентација на Македонија моментално игра против Турција во квалификациите за Европското првенство 2021 година. По првиот сет на трибините се појави транспарент од девојка кој го „уловија“ и камерите. Запросување!

„Волкан, те сакам! Дали ќе се омажиш со мeне“ во превод.

Се однесува на либерото на турскиот тим Волкан Дене.

Инфо +

ПРЕД НАС СЕ НАЈСТУДЕНИТЕ НОЌИ ДОСЕГА ОВАА ЗИМА – ТЕМПЕРАТУРИТЕ ПАЃААТ ДЛАБОКО ПОД НУЛАТА

Published

on

Максимумот на поларниот бран кај нас доаѓа во текот на претстојната ноќ и ќе трае се до вторник, додека од среда се очекува постепен пораст на температурите на воздухот, што значи очекуваме омекнување на времето и повлекување на поларниот бран.

Претстојната ноќ кај нас ќе биде најстудената досега оваа зима кога температурите на воздухот ќе паднат длабоко под нулата а облачноста насекаде ќе се намали

. До утре изутрина вредноста на температурите ќе се спушти во интервалот од -15 до -4 степени, додека понекаде, особено на повисоките и планинските места истите ќе се спуштат и до околу -20 степени

. Понатаму времето ќе биде сончево, повремено со умерена локална облачност.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука.

Continue Reading

Инфо +

Ѓорѓиев: Кога бев мал Македонија не играше многу на големите натпреварувања па моравме да навиваме за други,

Published

on

Македонските одбојкари одиграа фантастичен меч против Турција и се пласираа на второ европско првенство по ред.

„Заслуживме да играме на второ Европско првенство. Навистина играме светска одбојка, одигравме кога беше најтешко, кога требаше да победиме, победивме. Тргнавме со победа над БиХ но со бледа партија, сепак како одминуваа мечевите игравме се подобро и подобро и тоа кулминираше денеска. Пресреќен сум, отсекогаш во кариерата најважен ми бил континуитетот, сега сме на второ Европско првенство со што ја задржуваме константноста, се надевам дека пред нас се уште многу европски првенства и дај боже Светско“, вели Ѓорѓиев.

„Кога бев мал Македонија не играше многу на големите натпреварувања па моравме да навиваме за други, Бразил, Србија, Хрватска… А сега пред нас е преубаво лето. Имаме Европско првенство во фудбал, ние ќе играме на Европско првенство, ракометарите во моментов играат на СП и дај боже да се пласираат во втор круг, кошаркарите ги чекаат квалификации, имаме Олимписки игри на кои се надевам дека Емил Павлов кој ми е како брат ќе освои медал, ако не тој, некој друг..

Continue Reading

Инфо +

Филипче: Неделава ќе знаеме дали има дополнителна мутација на последните новодијагностицирани случаи

Published

on

Од анализите што се прават во МАНУ дали има дополнителни мутации на вирусот кај последните новодијагностицирани ковид случаи, како и целосната епидемиолошка состојба, ќе зависат идните мерки.

Кај нас досега се детектирани осум соја на вирусот Ковид-19, направено е генетско секвенционирање во лабораторијата во МАНУ, од последните летни месеци па наваму преовладуваат два соја, меѓутоа во овој момент се прави генетско секвенционирање и анализи на вирусот од последните две недели за да видиме дали има некаква мутација којашто е можеби слична на онаа што ја има во Велика Британија. Неделава ќе знаеме дали има дополнителна мутација на последните новодијагностицирани случаи во последните две недели, рече вечерва Филипче во гостување на ТВ Сител.

Имаме, потенцираше, значаен пад на новодијагостицирани случаи што значи дека мерките од пред неколку месеци дадоа резултат и мора да се изрази благодарност и до граѓаните кои ги почитуваа превентивните мерки.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2020 Булевар.мк

error: