Connect with us

Инфо +

Филипче: Неделава ќе знаеме дали има дополнителна мутација на последните новодијагностицирани случаи

Published

on

Од анализите што се прават во МАНУ дали има дополнителни мутации на вирусот кај последните новодијагностицирани ковид случаи, како и целосната епидемиолошка состојба, ќе зависат идните мерки.

Кај нас досега се детектирани осум соја на вирусот Ковид-19, направено е генетско секвенционирање во лабораторијата во МАНУ, од последните летни месеци па наваму преовладуваат два соја, меѓутоа во овој момент се прави генетско секвенционирање и анализи на вирусот од последните две недели за да видиме дали има некаква мутација којашто е можеби слична на онаа што ја има во Велика Британија. Неделава ќе знаеме дали има дополнителна мутација на последните новодијагностицирани случаи во последните две недели, рече вечерва Филипче во гостување на ТВ Сител.

Имаме, потенцираше, значаен пад на новодијагостицирани случаи што значи дека мерките од пред неколку месеци дадоа резултат и мора да се изрази благодарност и до граѓаните кои ги почитуваа превентивните мерки.

Continue Reading

Инфо +

,,Бугарската телевизија да се бојкотира поради ширење пропаганда”

Published

on

Aктерот Сашо Тасевски бара да се бојкотира ја бугарската телевизија што ја донесе овде Социјалдемократскиот Бугарашки Сојуз, некогашен СДСМ, а која шири безобѕирна антимакедонска пропаганда.И кога веќе викате по телевизии и радија бугарски агенти провокатори, да шират бугарска шовинистичка пропаганда, викнете барем еден што ќе им контрира на лагите што ги лупетаат.Иако според мене треба да им се забрани пристап на сите македонски медиуми – вели тој.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10159054207072180&id=604957179

Continue Reading

Инфо +

“Ќе ѝ дадеме шанса на љубовта, спорот со Бугарија може да се реши”

Published

on

Премиерот Зоран Заев во интервју за Слободен Печат вели дека спорот со соседна Бугарија може да се реши откако таму ќе завршат парламентарните избори.

-Ќе дадеме шанса на љубовта оти Борисов вели: „Ние не сме за вojна, ние сме за љубов“. Ќе се изнајдат решенија. Тие имаат таму врв на демократријата – избори. Нека си изберат Влада, институции. Мај, јуни се пред нас додека да дојде Европскиот совет. Можеме да седнеме посветени водејќи грижа еден за друг, почитувајќи нашите посебности и да го најдеме решението.

Continue Reading

Инфо +

Скандал на Гинекологија: Доктор тепал медицинска сестра

Published

on

Доктор на Гинекологија, по потекло од Охрид, тепал медицинска сестра, информира МВР.

-На 06.03.2021 во 07.00 часот во СВР Скопје, С.С.(29) од Скопје пријавила дека околу 05.45 часот во амбулантата на Гинекологија на Комплекс клиники„ Мајка Тереза” додека била на своето работно место како медицинска сестра по претходна расправија била физички нападната од Т.М.(33) од Охрид, вработен како доктор. Сочинет е записник за констатиран прекршок по чл.12 од ЗППЈРМ, велат од МВР

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2020 Булевар.мк

error: