Connect with us

Религија

БОГОЈАВЛЕНИЕ: Кога Исус Христос се крштеваше во водата на Јордан, на светот му се објави тајната на Божествената Троица

Published

on

Денеска е 6 јануари според стар стил, се слави Богојавление или Водици, а именден слават Јордан, Јорданка…

Кога Господ Исус наврши триесет години од своето телесно раѓање, го започна својот учителски и спасителен подвиг. Почетокот стана со Крштението на реката Јордан.

Кога Исус Христос се крштеваше во водата на Јордан, на светот му се објави тајната на Божествената Троица. Отецот му се јави на сетилото за слух, Духот на сетилото за вид, а Синот дури и на сетилото за допир. Отецот го изговори своето сведоштво за Синот, Синот се крсти во водата, а Светиот Дух во вид на гулаб лебдеше над водата.

А кога свети Јован Крстител посведочи и рече за Христа: „Еве го јагнето Божјо кое на Себе ги зеде гревовите на светот“ (Јн. 1, 29) и кога го потопи и крсти Господа во Јордан, со тоа се покажа и Христовата мисија во светот и патот на нашето спасение. Зашто Господ ги зеде врз себе гревовите на родот човечки и под нив умре (потопувањето) и оживеа (излегувањето од водата); а и ние мораме да умреме како стар и гревовен човек, а да оживееме очистени, обновени и преродени.

Тоа е Спасителот и тоа е патот на спасението. Празникот Богојавление (на грчки Теофанија) се нарекува и Просветување. Зашто настанот на Јордан нè просветлува покажувајќи ни го Бога како Троица едносуштна и неразделна. И второ, бидејќи секој од крстените во вода се просветлува со тоа што станува восиновен од Отецот на светлината, со заслуга на Синот, со силата на Светиот Дух.

Continue Reading

Религија

Месопустна недела: За никој што научил за љубовта на Бога кон човештвото да не се предаде на мрзливост

Published

on

 На овој ден вршиме спомен на неизбежното второ доаѓање Христово, и тоа го уредија божествените отци да го правиме во неделата по параболата за блудниот син, за никој што научил за љубовта на Бога кон човештвото да не се предаде на мрзливост, велејќи си „Господ ги сака луѓето, па и јас, иако сум одделен од Него заради гревот, сè е подготвено за моето исправање“.

Овој страшен ден на судот е одредено да се слави сега за оние коишто живеат во мрзливост да бидат охрабрени да стекнат добродетели, и да не се надеваат само на љубовта Божја, туку да сфатат дека Он исто така е и праведен Судија, кој на сите луѓе ќе им суди според нивните дела. И сите починати души ќе поминат на суд. Се нарекува второ доаѓање, бидејќи Христос дојде во тело, првиот пат, за да го спаси човечкиот род, а кога ќе дојде повторно ќе ни суди дали сме ги запазиле Неговите заповеди. А кога ќе се случи ова второ доаѓање? Никој не знае, бидејќи иако Он наброја неколку знаци за доаѓањето, точното време го сокри од апостолите.

Пред Неговото доаѓање, ќе се појави антихристот. Тој ќе живее навидум слично на Христа, извршувајќи чуда како Христовите, вклучително и воскреснувања од мртвите. Но, сето тоа ќе биде само илузија. По ова, одненадеж, како молња од небото, ќе дојде Господ, одејќи пред Неговиот Крст, а река од оган ќе биде пред Него, чистејќи ја земјата од скверности.

Антихристот ќе биде фатен веднаш, заедно со неговите слуги и ќе биде осуден на вечен оган. А кога ангелите ќе затрубат, сите родови човечки ќе се соберат од сите места и од краиштата на земјата во Јерусалим, затоа што тоа е центарот на земјата. Таму ќе има поставени престоли и сè ќе биде подготвено за судење. Тогаш сите души повторно ќе се соединат со своите тела и ќе бидат облечени во нетрулежна убавина.

И со еден збор, Господ ќе ги оддели праведниците од грешниците. Оние коишто правеле добро ќе примат вечен живот, а грешниците конечно ќе бидат испратени во вечно и бескрајно мачење. Да забележиме дека Христос нема да праша кој постел или кој бил наг, или кој извршувал чудеса, иако и тие нешта се добри, но милосрдието и сострадањето се многу подобри. Он ќе ги праша и праведниците и грешниците за шест заповеди – добродетели, за кои секој е способен: „Бев гладен и Ме нахранивте, Бев жеден и Ме напоивте, Бев странец и Ме прибравте, необлечен бев и Ме облековте, болен Бев и Ме посетивте, во затвор Бев и дојдовте при Мене. Доколку сте го направиле ова за некој од Моите најмали браќа, Мене сте Ми го направиле.“

Тогаш сите кои Го исповедале Господа Исуса Христа ќе преминат во славата на Бога Отца, а оние кои се одделиле од Бога преку трошењето на нивниот живот на мрзливост и на минлива храна, ќе примат маки и темнина и ќе бидат вечно лишени од Божјата светлост.

Continue Reading

Религија

Денеска се слават Преподобен Тимотеј и Св. Евстатиј Антиохиски

Published

on

Преподобен Тимотеј живеел во осмиот век. Се подвизувал како монах во манастирот Символи, на планината Олимп во Мала Азија (таа ни е позната и како место на монашкиот подвиг на св.Методиј Солунски).

Денес се слави и св. Евстатиј, кој на почетокот на четвртиот век бил епископ на Антиохија. Учествувал на Првиот вселенски собор (325 г.), штитејќи го православното учење.

Кога после заминувањето на Константин Велики цар на источниот дел на империјата станал неговиот син Констанциј, за православните епископи настапиле тешки времиња. Евстатиј, како и многу други, бил симнат од катедрата и испратен во заточеништво, во Тракија.

Continue Reading

Религија

Утре е 3адушница: 3апалете cвеќа, помолете се, но не го правете ова

Published

on

Православните христијани во сабота ја одбележуваат Задушница во знак на сеќавање на оние кои не напуштиле. Црквата пропишала посебни денови – задушници, четирипати годишно, кога верниците се молат за покој на душите на оние лица кои го напуштиле овој свет.

Задушница е секогаш во сабота, ден кој црквата го одредила за помен и молитва за заминатите. На Задушница се оди во црква каде што се служи литургија и парастос. На овој ден се посетуваат гробиштата каде со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за заминатите.

На Задушница верниците даваат милостина на сиромашните во име на оние кои го напуштиле овој свет и се молат за покој на нивните души. Се верува дека е голем грев ако на Задушница некој на почивалиштето одбие да земе храна или пак избрка туѓинец од вечното почивалиште.

Оваа Задушница секогаш е во сабота и е една недела пред Прочка, која секогаш се паѓа во недела.

Седмицата пред Прочка се вика Месопосна недела. Овој период од седум дена до Прочка се нарекува и Сирна недела поради тоа што не се јаде месо туку се јадат млечни производи.

Од понеделникот по Прочка започнуваат големите, долги седум недели, Велигденски пости што траат до Воскресенито Христово – Велигден.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2020 Булевар.мк

error: