Џемал Шентурк беше хоспитализиран во северната провинција Трабзон на 14 јануари со тромб во мозокот, а заедно со семејството на 68-годишниот маж, неговото куче Бончук остана близу до него.
Според турските медиуми, скоро една недела подоцна, желбата на Бончук да се сретне со неговиот сопственик заврши во средата кога заврши лечењето на Шентурк и стариот човек беше пуштен од болницата.
Ќерката на Шентурк, Ајше Чапкиноглу, рече дека Бончук секој ден го следел семејството кога тие оделе во болница да го видат нејзиниот татко.
Татко ми го зеде пред девет години, го нахрани и го одгледа. И Бончук ја покажа неговата лојалност на овој начин. Бончук погледна наоколу и почна да плаче кога татко ми му викна од болничката соба. Бевме изненадени, рече таа.
Чапкиноглу додаде дека и покрај нивните напори да го однесат кучето дома, Бончук самиот се враќал во болницата. Фират Угур кој е вработен во болницата рече дека односот помеѓу Бончук и неговиот сопственик го привлекува вниманието на луѓето. По напуштањето на болницата, Шентурк рече дека тој е многу приврзан со Бончук и кучето многу му фалело за време на неговото лекување.
„Понекогаш го гледав од прозорецот на мојата болничка соба и го викав по име. Лаеше и се обидуваше да се чуе. Повторно се обединивме. Ако обрнете внимание на кучињата, ќе го видите истиот афинитет, рече Шентурк.
За да имате прекрасна градина на лето, ви препорачуваме да ги послушате овие совети за садење цвеќиња:
Бројни билки се садат во март, а тоа се главно цвеќиња кои ќе процветаат во јуни.
На почетокот на март треба да се садат гладиоли, кали, амарилис, лилјани и други. Доколку сакате ова цвеќе убаво да фати, неопходно е да го засадите најдоцна до мај.
Вистинско време за садење на цвеќиња е кога ќе помине опасноста од мраз, а цвеќињата треба да ги поставиме на места каде има сонце.
Длабочината на садниците зависи од видот на цвеќето па пред да засадите, добро информирајте се за билката која сте ја одбрале.
Исто така, важно е да направите раздалеченост на садниците за секоја билка да се развива во најдобри услови. Така на гладиолите им треба оддалеченост од 12 до 15 сантиметри. Лилјаните бараат да бидат одвоени од другите билки 30 сантиметри. Далиите пак, треба да ги садите на раздалеченост од најмалку 40 сантиметри.
Математичката задача ги користи јаболката, бананите и кокосите како броеви и поставува прашање кое овошје претставува кој број.
Тоа е инаку детска задача, а многумина се расправаат околу решението. Едноставна детска задача или трик прашање – никој всушност и не знае, но факт е дека оваа задача предизвика големо внимание но и полемика на интернетот.
Едноставен заклучок е дека јаболката =10 , бананите = 4 и кокосот =2. Затоа резултатот е 16. Иако тоа е одговор до кој дошол поголем број на луѓето, тој н е точен.
Причината за тоа е дека секој грст банани има вкупно четири, освен оној во последниот ред. Тоа драстично ја менува работата. Исто така може да забележите дека третиот ред има еден кокос, додека последниот има само половина кокос.
Затоа 3 јаболка = 30, па 1 јаболко =10, 1 јаболка + 8 банани = 18, па 8 банани = 8, а 1 банана =1, 4банани-1 кокос =2, па 1 кокос =2, од што произлегува:1/2 кокос +1јаболко + 3 банани=1+10+3=14.