Connect with us

Приказни

Исповест на богата девојка: го оставив затоа што не сме иста класа, а потоа…

Published

on

Ќе бидам кратка, богата сум, згодна, се дружам со џет – сетот, имам 28 години. Така пораснав, се што и да посакав, го добивав. На мои 24 години ми се случи да се вљубам во момче од средна класа, возеше половен автомобил, убаво момче, најдобар студент на факултетот за медицинa.

Го обожував… се додека моите пријатели не почнаа да го исмејуваат. Да го викаат ЈУГО, затоа што возеше југо. Ми беше срам додека излегував со него, едноставно дозволив да ми влезат во главата. Му раскинав со објаснување дека не сме иста класа и дека мене ми треба некој богат затоа што моите пријатели не ме гледаат исто затоа што сум со него.

Ми кажа:„Затоа и сите оценки ми се десетки и давам се од себе за да еден ден на мојата жена и обезбедам се, но се залудно ако нема љубов“.

Таа вечер сфатив дека е залудно се што имама кога него го загубив. Се борев и го молев да се смириме но тој не сакаше. Сега има жена , работи во Чикаго како кардиохирург и ма едногодишно дете. А јас сум пропадната богаташка која живее од парите на родителите. Се уште го сакам…

Приказни

„Не ми е уште дојдено време да заминам од овој свет“

Published

on

Пејачот на народна музика Предраг Живковиќ Тозовац во моментов е на одделот за интензивна нега, каде е поврзан со проток на кислород, а оттаму реши да се огласи и самиот во медиумите.

„Точно е дека завршив во болница поради пневмонија и корона, но многумина се борат со овој проблем. Веќе не се никакви новости дека некој има Ковид 19“ – рече Тозовац и додаде дека и покрај сериозноста на ситуацијата, тој е оптимист кога станува збор за неговиот понатамошен тек на лекувањето.

„Мојата состојба не е добра, а каква и да биде? Лекарите ми рекоа дека одморот е најважниот фактор за моето закрепнување. Ми дадоа и антибиотици и ги слушам се’ што ќе ми кажат“ – рече Тозовац и посочи дека се надева дека наскоро ќе излезе од болница.

„Не да се надевам, туку цупкам во место и едвј го чекам моментот кога лекарите ќе ми кажат дека можам да си одам. Јас сум оптимист и верувам во Господ, сè уште не е дојдено моето време да го напуштам овој свет“ – изјави еден од најпопуларните пејачи на народната музика во регионот и додаде дека е многу потресен од смртта на неговиот колега Ѓорѓе Балашевиќ, кој почина од корона.

„Многу ми е жал за него, но како Балашевиќ да  повлече нога… Сепак, јас се надевам дека ќе го победам ова зло што ја нападна Србија и светот што е можно побрзо. Не паметам дека нешто слично ни се случило“ – оптимист е пејачката фолк легенда.

Continue Reading

Рекла Казала

По обвиненијата од Весна, Калиопи за српската водителка: Не знам што ѝ е на госпоѓата!

Published

on

Српската водителката Весна Дедиќ неодамна изјави дека никогаш нема да ѝ прости на Калиопи откако во една прилика македонската пејачка не се појавила на закажаното снимање, а потоа, наводно, ѝ се заканувала и со отказ.

Ми рече дека ќе му се јави на (тогашниот) директорот на телевизијата и ќе му каже да ме отпушти ако не ја чекам. Јас ѝ реков, слободно јави се. Таа не се појави на снимањето, не сакав да чекам неколку часа. Никогаш нема да ѝ го заборавам тоа, сподели неодамна Дедиќ.

Калиопи за српските медиуми вели е шокирана од изјавата на Дедиќ и негира дека се заканила дека ќе ја отпушти.

Мене никој не ме познава како таква личност за каква што зборува Весна. Јас навистина не знам што ѝ е на госпоѓата и што сакаше да каже со тоа. Ја работам оваа работа веќе 35 години и никој никогаш не ми кажал такво нешто, ниту, пак, ме навредил како неа. Вистина е дека тогаш доцнев на тоа неславно снимање поради сообраќајна несреќа сред невреме, бидејќи патував од Загреб кон Белград, а нејзината продуцентка го знаеше тоа. Ова првпат  го слушам сега, шокирана сум од она што го зборува. Како и да е, јас Весна Дедиќ, онолку колку што не ја познавам, ја почитувам како интелектуалец, новинар и писател, дури и сум ги прочитала нејзините книги. Она што сега го зборува е сосема туѓа работа за мене, навистина не знам за што зборува таа жена. Калиопи се бори луѓето да добијат работа, а не да се заканува на некого со отказ, тоа е скандалозно за што зборува. Никогаш во животот сум немала проблем од ваков вид, рече македонската пејачка за српски „Курир“.

Овој одговор на Калиопи, пак, според српскиот весник, дополнително ја изиритирал Дедиќ, која сè уште не се откажува од своите тврдења.

За жал, директорот Тијаниќ не е жив, па не можам да ви кажам: „Прашајте го Тијаниќ!“. Без оглед на сè, јас сепак ја слушам Калиопи и не е важно што стори во афект, рекла таа.

Continue Reading

Приказни

Човеkот кој пораcна во пештера cо волци: Разочаран cум од луѓето

Published

on

Шпанецот Маркос Родригез Пантоја во 1965 година е пронајден во пештера во која живеел со волци цели 12 години. Неговиот живот во дивина започнал кога тој бил многу мал, по смртта на неговата мајка.

Татко му го напуштил, продавајќи го на еден фармер кој живеел во планината Сиера Морена. Човекот на кој му било доверено детето набрзо умрел, па затоа Маркос сам се повлекол во дивина. Се сеќава дека тогаш имал околу 6 или 7 години.

Членовите на шпанската цивилна гарда го пронашле кога тој имал 19 години и повторно го вратиле помеѓу луѓето. И тогаш навистина сė се променило.

За неговиот живот од тогаш до денес настанале многу книги, филмови, антрополошки студии и еден краток документарен филм снимен од британскиот сервис Би – Би – Си.

Можете да го погледнете на следниов линк:

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2020 Булевар.мк

error: