Connect with us

Здравје

Д-р Митов: Јадењето риба може да го заштити мозокот од загадениот воздух

Published

on

Според една неодамна објавена студија во научното списание Neurology, повозрасните жени кои јадат печена (во рерна или тава) или конзервирана риба, неколку пати неделно, можно е да внесуваат омега 3 масни киселини во количества кои би биле доволни за намалување на штетното дејство на загадениот воздух врз мозокот. Овие податоци се особено интересни за нас, бидејќи во зимскиот период живееме токму во ваква средина.

Истражувачите испитувале повозрасни жени кои живеат во региони со загаден воздух. По анализите, евидентно било дека волонтерките со утврдени најниски нивоа на омега 3 масни киселини во крвта, имале и најголемо атрофирање на мозокот или поголема загуба на мозочните клетки – неврони, во споредба со оние со повисоки омега 3 крвни нивоа – вели во статија Д-р Митов.

Тој објаснува дека рибата е одличен извор на омега 3 масните киселини и е лесна за додавање во исхраната.

Целата статија погледнете ја на следниов линк: drmitov.mk

Continue Reading

COVID 19

Спутник слета на скопскиот аеродром

Published

on

Со авион на „Ер Србија“ пристигна првата пратка од руските вакцини „Спутник“.

Со авион на „Ер Србија“на скопскиот аеродром пристигна првата пратка од руските вакцини „Спутник“… Ги пречекаа министерот за здравство Венко Филипче и рускиот амбасадор во земјава Баздникин.

Од Москва до Белград преку посебен DHL лет, а од таму до Скопје со редовна линија на Air Serbia. 3000 вакцини на Спутник В стасаа на македонско тло во точно 14 часот и 16 минути.

Со возило за истовар внимателно беше крената големата сина кутија која заврши во комбе на Трансфузиологија и под полициска придружба замина кон поликлиниката Јане Сандански каде и ќе се чуваат вакцините.

Наменети се за 3000 лица како прва доза. Мал дел од нив ќе прими медицинскиот персонал кој не стигна да се вакцинира со српската донација од “Фајзер”, а другите се за лицата над 70 години со хронични болести. Дозите за ревакцинација, пак, се со поинаков состав и треба да пристигнат, како што кажа министерот Филипче, за три недели.

На скромниот пречек за вакцините чии преговори почнаа најдоцна а сепак стигнаа први беше и рускиот амбасадор во земјава Сергеј Баздникин. Изрази надеж дека овие вакцини ќе помогнат во спасувањето на многу животи.

Имунизацијата со руската вакцина почнува в среда. Матичните лекари ќе ги известуваат своите пациенти за редот на вакцинирање. Токму возрасните над 70 годишна возраст кои дојдоа на ред за вакцинирање според националниот план се најмалку заинтересирани за КОВИД имунизација – од околу 170.000 лица на оваа возраст, се пријавиле само 35 отсто.

Инаку земјава со Русија има склучено договор за набавка на 200.000 вакцини. До крајот на месецов се очекуваат и 21.000 вакцини од директните преговори со „Фајзер“. За кинеските „Синофарм“, пак, здравствените власти рекоа дека документацијата е подготвена но не кажаа ниту колкава ќе биде првата пратка ниту кога ќе пристигне.

Continue Reading

COVID 19

Се заканува нов сој на корона, отпорен на вакцини

Published

on

Падот на бројот на нови случаи на инфекција со корона вирусот во САД е со краток рок поради опасност од смртоносните мутации на вирусот, изјави директорот на Националниот институт за алергии и инфекции, Ентони Фаучи.

– Во моментов имаме околу 60.000 до 70.000 случаи на ден. Кога имаме стагнација во бројот на пациенти, тоа скоро секогаш значи дека ризикуваме нов скок – рече Фаучи на брифингот на работната група за ковид-19 во Белата куќа.

Фаучи додаде дека по претходните три врвови на пандемијата, бројот на заразени стагнира на „неприфатливо повисоки стапки“ – 20 000 пролет, 40 000 лето и 60 000 – 70 000 денес – тренд што покажува дека ублажувањето на ограничувањата е предвремено .

Најновата состојба „фаворизира мутации и еволуција на варијанти“ затоа што вирусот поминува низ „процес на селекција“ за да се заштити од антителата произведени од вакцините и претходните инфекции, рече тој.

Падот на бројот на нови случаи од околу 250.000 на почетокот на јануари на сегашното ниво доведе повеќе од половина од американските држави да ги ублажат, а во некои случаи и целосно да ги укинат постојните ограничувања.

Се покажало дека вакцините се помалку ефикасни против варијантите од Бразил и Јужна Африка, предупреди Фаучи.

Continue Reading

Здравје

Сутлијаш со бело чоколадо и лешници

Published

on

Состојки:

1 литар млеко
100 мл. вода
110 гр. ориз
200 мл. слатка павлака
70 гр. бело чоколадо
100 гр. мелени печени лешници
3 еднакви лажици шеќер
30 гр. путер
1 лажица арома на ванила
2 лажици ванилин шеќер

Инструкции за подготовка:

Истурете млеко, вода во шерпата и оставете да зоврие. Додека млекото полека се загрева, измијте го оризот во повеќе вода и оставете го да стои во топла вода. Кога млекото и водата ќе се варат, ставете го оризот во шерпата (без водата во која стоеше). Гответе на тивок оган, често мешајќи, за да не изгори. Кога оризот е убаво варен и задебелен, додадете слатка павлака, ванилин шеќер, арома на ванила и бело чоколадо.

Мешајте додека не зоврие потоа додадете шеќер и лешници. Оставете уште 2-3 минути и извадете ја шерпата од шпоретот. Додадете путер и мешајте додека не се стопи. Сервирајте топло или ладно, како сакате, украсете со парчиња лешници, малини или некое друго овошје. Пријатно!

извор:попара.мк

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2020 Булевар.мк

error: