Connect with us

Хуманост

Kрводарителска акција во чест на роденденот на Тоше

Published

on

Утре во холот на АРМ, Црвениот крст на град Скопје во соработка со ИТМ, ја организираат традиционалната крводарителска акција во спомен на роденденот на големиот хуманист и крводарител Тоше Проески.

И оваа година, по седумнаесети пат, Црвен крст на град Скопје и Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар во соработка со ИТМ ќе ја организираат традиционалната крводарителската акција во спомен на роденденот на големиот хуманист и крводарител, Тоше Проески, кој за жал прерано го загубивме.


Крводарителската акција ќе се реализира на 25.01.2021 година (понеделник) во холот на Дом на АРМ во периодот од 09:00-17:00 часот.


❤️Оваа крводарителска акција стана веќе препознатлива во нашиот град и е посетена од голем број граѓани, а пред сѐ помладата популација која во ликот на Тоше Проески препознава пример на хуманост. До сега, на овие акции реализирани се 4 829 единици крв.
👉При спроведување на акцијата, Црвен крст и Институтот за трансфузиона медицина ќе се погрижат сите дарители и лица ангажирани за реализација на акцијата, да ги почитуваат сите пропишани мерки и протоколи за заштита и самозаштита од Ковид-19.

https://www.facebook.com/events/1287774271589408

Хуманост

Нашите 100 денари за Кристијан значат живот на нозе

Published

on

Вашите 100 денари за Кристијан значат живот на нозе. На овој мал херој сме му потребни!

Апелот на неговата мајка го пренесуваме во целост:

Кога очекувавме дека дојде крајот на маките на Кристијан, после сите поминати операции, третмани, голготи… кога очекувавме дека Кристијан ќе биде подобро, се случи тоа што воопшто не го очекувавме!

Кристијан падна и го скрши колкот. Поради неговата состојба (аутизам и епилепсија) во Македонија не се нафаќаат на операција и истата треба да ја чекаме уште 4 години, бидејќи Кристијан сега е дете и овие операции не се праваат на деца.

Покрај овие состојби Кристијан има и остеопороза што дополнително пречи колкот да зарасне. Секој ден Кристијан пие терапија против болки кои се неиздржливи, неможе да се движи, врзан е за количка. Никој не ни гарантира дека Кристијан после 4 години ќе го оперираат и дека ќе може да застане на нозе.

Барајќи го спасот секаде, не можејќи да дозволиме ваква неизвесност и вака да го оставиме Кристијан, најдовме болница во Турција која се нафати да го оперира по Judet Meyers метода за да може Кристијан да оди и да застане на нозе.

Операцијата чини 10.000 евра кои ние ги немаме ниту пак можеме некако да ги обезбедиме без ваша поддршка.

Ние како родители ве замолуваме да ни помогнете да ја поминеме и оваа голгота и да ги собереме потребните парични средства за да може нашиот син да застане на нозе.

Отврени се донациски броеви

143 125  Телеком

143 464  А1

Вашите 100 денари за Кристијан значат живот на нозе.

Уплати на жиро сметка

210-7000006478-05 NLB банка

IBAN CODE MK 07210501699259629

SWIFT TUTNMK22

NLB BANKA AD SKOPJE

Continue Reading

Хуманост

Молба за помош за малиот Марко кој има тумор на мозокот

Published

on

Малиот Марко Шептков има шест години и во овој момент има потреба од голема помош посебно од хуманите граѓани.

Ова мало момче кое го гледате на фотографиите има тумор на мозокот и треба да се оперира и лекува во болницата Аџибадем во Турција.

Бијдеќи, оваа тешка битка Марко нема сила да ја истера сам, неговото семејство бара финансиска помош од сите хумани граѓани. Сумата која им е потребна е 56.570 евра кои неговото семејство не може да ги обезбеди.

Доколку имате можност донирајте па заедно да му помогнеме да му се радува на животот уште долго.

ВЕ МОЛИМЕ донирајте на следната сметка:

Хуманитарна сметка: 300001000026677

Комерцијална банка А.Д. Скопје

Марко Шпетков – донации

Девизна сметка: MK 07300307050978133

SWIFT: KOBSMK2X Komercijalna banka AD Skopje

Емилија Богеска Шпеткова, цел на дознака: донации за Марко Шпетков

Continue Reading

Хуманост

Конечно Атиџе доби пристојно место за живеење благодарение на хуманост

Published

on

Градежните работи во куќата на Атиџе дојдоа во финална фаза. Огромна благодарност до сите добри луѓе кои на иницијатива на Maria Duda и нејзиниот сопруг станаа дел од големата донаторска мисија на која спонтано се приклучивме многу луѓе (од целиот свет) со една единствена цел – да и овозможиме достоинствен живот на Атиџе и да ја направиме среќна!
Ви благодариме 🙏❤ -стои во Фејсбук постот на Сузана Турунџиева.

Конечно Атиџе од Медена земја, доби пристојно место за живеење од донации и хумани луѓе, не од државата како што беа ветувањата.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2020 Булевар.мк

error: