Connect with us

Здравје

Заѕвони повторно ѕвончето на Детска клиника: Сухејб по хемотерапија од 9 месеци си оди дома здрав и жив! (Видео)

Published

on

Јас сум здрав и сакам дома! Вака извика петгодишниот Сухејб кој после 9 месеци хемотерапија си заминува од Клиниката за детски болести. За овој херој денес аплаудиравме со директорката Аспазија Софијанова и целиот тим. Голем да растеш, Сухејб! ❤️ – објави министерот за здравство Венко Филипче и Детската клиника од Скопје, во чие видео детето радосно го ѕвонеше ѕвоното на клиниката.

Линк од видеото : https://www.facebook.com/detska.klinika.16/posts/286033396187290

Малиот Сухејб скокал од радост, а има и зошто си оди дома здрав и жив.
Нека расте голем !

COVID 19

Милена: На Инфективна ОСВЕН ЧУВАР НЕМА ЖИВА ДУША!

Published

on

Koронавирусот или Ковид 19 веќе повеќе од една година демнее во светот, а бројките на позитивни, заболени, починати, постојано варираат, па на пандемијата како да и нема крај.

Водителката Милена Антовска поради својата професија и контактот со голем број на луѓе уште од самиот почеток беше изложена на ризик. Антовска пред неколку месеци прележа корона. Имено, како што обзнани тогаш на социјалните мрежи таа беше во изолација.

Тогаш не откри дали имала потешки или полесни симпотми и дали имала контакт со некој позитивен… Меѓутоа, деновиве нов вирус ја нападна водителката поради кои заврши на инфективно.

Во кусите приказни на „Инстаграм“, Милена откри дека добила стомачен вирус и поминала многу полошо отколку кога имала корона.

Како што објасни, освен таа, стомачен вирус добиле и нејзиниот сопруг Гордан, ќерката Лана Марија, а Антовска завршила и на инфузија.

Како што раскажува Милена во „Инстаграм стори“, Брзата помош не дошла бидејќи наводно немала што да прави, па водителката морала да се обрати во приватна клиника и да ја прими соодветната терапија.

„Да не биде дека само се фотографираме и објавуваме фотографии и само фини нешта“, вели водителката.

Таа истакна дека ги разбира здравствените работници дека се изморени поради пандемијата со коронавирусот, но вели дека на секој човек треба да му се укаже здравствена помош.

„Јас разбирам дека докторите се преморени, јас лично сум уверена бидејќи на терен, посебно лани, снимав кога беше најтешко и знам колку се посветени и колку беа растрчани насекаде.

Но, тоа не значи дека луѓето кои имаат потреба од здравствена помош треба да трпат затоа што во моментот нема здравствено лице на некоја од клиниките. Не сакам својата позиција, професија да ја користат и да барам „врски“. Тоа не треба така да биде. Некој ќе каже „де стомачен вирус“. Но, верувајте јас стомачниот вирус го поминав 10 пати потешко и ми беше полошо отколку кога имав корна“, вели Антовска.

За среќа, ситуацијата заврши среќно, водителката оздраве, па се врати на својата работа и пред ТВ екраните на утринската програма на Канал 5 телевизија.

Continue Reading

Здравје

Секоја чест дете: Деветгодишниот Никола донираше матични клетки за неговата сестра

Published

on

Министерот за здравство Венко Филипче денеска го посети деветгодишниот Никола кој е донатор на матични клетки за неговата сестра.

-Денеска го запознав деветгодишниот Никола, голем херој и инспирација за сите нас. Тој е донатор на матични клетки за неговата сестра на која и е потребен третман со трансплантација на матични клетки. Процедурата афереза на периферни матични клетки, во која донатор е дете, се изведува за прв пат кај нас на Клиниката за хематологија со помош на Клиниката за педијатрија. Сега пациентите нема да патуваат во странство, а и децата ќе може да спасуваат животи на членови на нивните семејства.

На Клиниката за хематологија, во период од 3 години се реализирани над 150 трансплантации, од кои 6 хаплоидентични трансплантации, 20 трансплантации од несроден донор, најсложени интервенции заради кои во минатото пациентите беа праќани за третман во странски центри. Резултатите од третманот со овие интервенции се идентични со оние од европските центри за трансплантација и се пријавуваат во базата на Европската група за трансплантација на матични клетки (ЕБМТ) во која членува и тимот за трансплантација на клиниката од 2003 година. За оваа заложба, посветеност и екпертиза им честитам на моите колеги, напиша Филипче на Фејсбук.

Continue Reading

COVID 19

Заради група антиваксери нема да дозволиме да страда целото општество

Published

on

5 нови случаи на заразени со делта сојот, од кои 3 се во Тетово. Здравствените власти нема да дозволат цела држава да страда поради граѓани кои не сакаат да се вакцинираат. Рестрикции се можни но од есен доколку дојде нов бран од пандемијата.

Вакцинацијата не е задолжителна, но во исто време размислуваме да воведеме некакви ограничувања од септември или октомври доколку се соочиме со нов бран. Сепак, не можеме сите да страдаме затоа што некој не се вакцинира. Ние не можеме да живееме затворени. Мора светот да функционира, да биде отворен, затоа е и всушност вакцината измислена, за да се врати животот во нормала, вели Филипче

Земјите околу нас процентуално не отскокнуваат многу во бројот на вакцинирани граѓани, па затоа министерот смета дека засега нема потреба од паричен стимул или делење ваучери. Филипче потенцира дека вакцините се достапни секому и овој период треба да се забрза процесот на имунизација.

Филипче рече дека тоа треба да биде прилично висок. Појасни дека со новите агресивни соеви на вирусот, како што е индискиот, кој брзо се шири, а во некои земји има резултати кои укажуваат дека висок процент од заразените се невакцинирани, но може да се заразат и вакцинирани, со тоа што ќе имаат полесна форма на болеста.-Треба да се постигне колективен имунитет од 80 отсто, а ние сме далеку од тоа и затоа се нашите апели и кампањи, и преку министерството, Владата, Канцеларијата на ЕУ, преку УНИЦЕФ со цел граѓаните да се вакцинираат. Достапна е вакцината во сите пунктови, никој од граѓаните кој ќе се пријави за вакцинација нема да биде вратен се со цел да имаме нормален живот, нагласи Филипче.

Околу 500 деца се вакцинирани со Фајзер од пријавени 1.800 на возраст од 12 до 18 години. Во меѓувреме се одвива и теренската вакцинација по руралните средини.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2020 Булевар.мк

error: