Connect with us

Приказни

Спенџарска си ја отвори душата: Кога ќе ми пише некоја колку си грда, ми иде да се гушнам себеси

Published

on

Водителката и блогерка Јелена Спенџарска си ја отвори душата на Инстаграм па напиша цел реферат по повод коментарите и пораките кои и стигнуваат од луѓе на нејзиниот профил на Инстаграм, полна со самодоверба ги искритикува оние кои и пишуваат лошо, прочитајте:

„Понекогаш,кога ќе добијам во инбокс некој коментар од некоја девојка/ жена ( 99% е секогаш од жена) – ‘

„Леле колку си грда,’ ми иде да се гушнам себе си и да си кажам- фала ти Боже што ме благослови толку и создаде од мене ова што сум денес“.

Фала ти што не сум толку несреќна, та да имам потреба да им го истурам својот гнев на другите жени, ги познавам лично или не- небитно!

Фала ти што не сум исфрустрирана и да ми боде во око секој кој има храброст да живее баш онака како што си сака … и одлично го прави тоа.
Фала ти за разумот кој свесно го користам да знам дека секој има право да работи што сака, да биде со кој сака, да изгледа онака како што сака и не сум јас никоја и ништо да се мешам во нечиј избор, да ставам ред и измислувам правила затоа што ЈАС НАЈДОБРО ЗНАМ… НЕ ЗНАМ! И оставам секој сам за себе да одлучува зошто секој сам најдобро си знае како му е во сопствената кожа.

Едноставно таквите пораки ми се повик за помош! Ги замислувам истите тие девојки/жени кои пишуваат такви зборови, значи буквално ги замислувам, како пет минути пред да седнат на мобилен, се гледале во огледало и си рекле -‘ Леле колку ми е ужасен животот, колку мизерно се чувствувам оти нити сум таму кај што сакам да бидам, нити го правам тоа што ме исполнува, колку сум несреќна што се околу мене оди напред, а јас со години стојам во место заглавена во лоша врска/ брак или заглавена во милион проблеми или во нерасчистени односи со луѓето околу мене, дај ќе и пишам на оваа Јелена, ја гледам на инста, таму нешто глуми лудило,мува не ја лази, секој ден се нешто прави, многу се занесува дека е битна фаца, дај ќе и кажам дека е ружна, па може ќе ми биде подобро’.
Ок.

Она кое го научив со време е дека секогаш можеш да ги обвинуваш другите и да глумиш жртва на системот ама и СЕКОГАШ можеш да преземеш одговорност за сопствениот живот и од него да направиш нешто чудесно.
Исполнет и реализиран човек НИКОГАШ нема да пишува отровни зборови online и свесно да прави некој друг да се чувствува лошо!
НИКОГАШ!

Фала ти Боже што создаде од мене ова што сум денес! – напиша Спенџарска.

Приказни

Тежок живот поминав, да не даде Господ вака на никој, не сакам да барам од луѓето и да буричкам по канти, колку ќе заработам толку – Тетка Ѓурѓа од Карпош (Видео)

Published

on

– Тежок живот поминав, да не даде Господ вака на никој, не сакам да барам од луѓето и да буричкам по канти, колку ќе заработам толку, понекогаш само за леб и сол, вака 91-годишната Баба Ѓурга го започнува своето сведоштво.

Продава цвеќе во Карпош, позади Лептокарија за да обезбеди храна за нејзе и нејзиното семејство. Нејзиниот сопруг 30 години е неподвижен а неодамна починала и една од нејзините три деца. Дополнителен проблем за Баба Ѓурга на целата мака е што пред еден месец спремајќи ги цвеќињата се лизнала и ја скршила раката.

Доколку се најдете во населба Карпош, позади Лептокарија, побарајте ја Баба Ѓурга и купете цвеќе, ако ништо повеќе барем за да ја поздравите оваа храбра жена која и покрај сите маки му се радува на животот и не се откажува.

https://fb.watch/mWGd9V91JX/?mibextid=Nif5oz

Continue Reading

Приказни

Емотивно сведочење на Ева: Јас сум била бебе, татко ми со ногата ја искршил вратата ја грабнал мајка ми и брзо се симнале од зградата која се нишала како брод …

Published

on

Денеска Скопје се сеќава на разузнавачкиот земјотрес од 1963 година, а сеќавањата за блиските загинати сеуште се меѓу скопјани кои и после 60 години се сеќаваат на катастрофата која не треба да се повтори.

Во тоа кобно утро, кога поголемиот дел од жителите беа во длабок сон, околу 1.100 жители никогаш не се разбудија, најмалку 3.000 беа повредени. Околу 200.000 лица останаа без покрив над главата. Оваа природна катастрофа е најголемата во македонската историја.

Старите скопјани и денес се сеќавањаат и раскажуваат за земјотресот.  Тие своите спомени ги раскажаа во групата Стари Скопјани.

ВИДЕО) Скопје тагува: 56 години од кобните 20 секунди на 26-ти јули 1963-та

Во едно од нив Светле Камџијаш раскажува дека таа е родена по земјотресот, но љубовта на нејзините родители започнала од овој трагичен момент. 

„Така започнала и љубовта на моите родители, додека “кампувале” на брегот на Вардар, во страв дека може да удри нов бран тресење“, раскажува Светле.

Таа го раскажува и искуството на нејзината мајка која грабнала бебето на вујко и (мојата братучетка) и летнала надвор, преку дворот на тогашна Комерцијална банка, право на брегот на Вардар. Бебето исто така осетило дека нешто страшно се случува и ја избербатило по ноќницата. Кога стасала и погледнала пред себе, кон Офицорскиот дом, веќе го немало. На негово место полека спласнувал густ облак жолта прав. 

Ева Јанчева Петрушевска била 8 – месечно бебе за време на земјотресот. 

„Јас сум била 8 ипол месечно бебе. Кога почнало силно да тресе татко ми со се корпата во која сум спиела прво ме земал мене и почнал силно да вика по мајка ми ( која била тие мигови во тоалетот) веднаш да трча по него. Се симнал татко ми од зградата додека уште тресело, а мајка ми ја немало се уште. Ме оставил татко ми на некои соседи да ме причуваат и во дел од минута ( на првиот спрат ) повторно се качил горе. Зградата се лулала како брод на немирно море. Вратата од тоалетот се заглавила, бољерот паднал , а мајка ми така чучната со рацете над глава мислела дека тоа се нејзините последни мигови од животот. Татко ми со ногата ја искршил вратата ја грабнал мајка ми и брзо се симнале долу“, раскажува Ева. 

Веста за земјотресот многу брзо се раширила во регионот, а потресот се почувствувал и во соседните земји. За едно вакво искуство раскажува Билјана Топко која во тој период живеела во Метохија. Таа раскажува дека во време на земјотресот имала 6 години.

Паметам дека татко ми ме извлече од кревет, зборувајќи ми дека станува збор за земјотрес. Ми кажа дека е силен потрес, кој најверојатно се случил во Скопје. После неколку денови слушнавме дека докторката Љубинка од Скопје загинала во земјотресот. Потоа уште долг период, моите родители од платата одвојуваа средства за солидарниот фонд формирана за таа намена„, раскажува Билјана.

Своето искуство со земјотресот го раскажува и Велјанка Пандиловска.

Осетот на тресење беше језив, а сите избегавме надвор по скалите кои беа одвоени од зградата. Сите бевме избезумени. Во тој момент јас тргнав кон старата воена болница која не беше многу далеку од нас. Во непосредна близина на болницата имаше фурна, за жал тоа утро загинаа сите кои чекале за леб во тој момент. Лоша слика, луѓе голи и со пижами…секој земал по некое ќебе со себе“, раскажува Велјанка.

Мимоза Вујошевиќ раскажува за еден дел од нејзиното сеќавање по земјотресот. Првиот момент е куче кое цвилело само и напуштено во зграда која половина била срушена, а за вториот момент вели:  

Целиот град го поминавме пешки за да стигнеме до зградата во која требаше да се преселиме, тоа беше познатата 13-ка во Карпош, зградата беше срамнета со земја и никој немаше жив. Сите плачевме гушнати, но никогаш нема да дознаам дали од тага за погинатите или од среќа што останавме живи, заклучува Мимоза.

По земјотресот градот почнал да се гради според модерните проекти на Јапонецот Кензо Танте и на Адолф Циборовски. Старата Железничка Станица денес е „Музеј на Град Скопје“ и преставува симбол на големиот земјотрес.Часовникот на станицата е засекогаш сопрен на фаталните пет часот и седумнаест минути.

Скопје после 58 години е модерна метропола, но скопјани никогаш нема да ги избришат сеќавањата за тој кобен ден. Борко Зафировски кој денеска се сеќава на сликата која зад себе оставил катастрофалниот земјотрес за тв 24 вели дека на свои 14 години заедно со група граѓани и свои соученици помагал во градењето на хангарите каде сега е изградена гиманзијата Јосип Броз Тито.

Зафировски вели дека биле потребни денови за луѓето да се вратат во своите домови, се спиело под ведро небо и во шатори, а неговото семјество сместило повеќе фамилии во нивната куќа која делумно била оштетена.

Секоја година скопјани со едниствена порака никогаш да не се повтори таква трагедија..а Борко Зафировски вели:

Да продолжиме да го развиваме Скопје со ентузијазмот со кој беше обновуван од рушевините, напиша денеска и претседателот Стево Пендаровски на својот фејсбук профил. 

Домашни и странски делегации пак денеска положија цвеќе пред споменикот на заганатите во скопскиот земјотрес во 1963- та.

Continue Reading

Приказни

Хит фотка: Штотуку родено бебе се насмеало кога го видело својот татко

Published

on

Раѓањето на детето е посебен момент за секој родител, а многумина токму поради тоа ги прават првите фотографии од бебето уште во породилната сала.

Така родителите на преслаткото девојче Антонела успеале да направат навистина посебна фотографија само неколку моменти по нејзиното раѓање.

Имено, штотуку роденото девојче му се насмеало на својот татко, а фотографијата од преслаткиот момент расположи многумина. Мајката Тарсила Роса Кордеиро е убедена дека малата Антонела го препознала гласот на својот татко кој во текот на бременоста секојдневно разговарал со неа.

„Кога се роди, ја ставија во моите прегратки да спие. Но, штом нејзиниот татко ѝ се обрати, таа ги отвори очите и се насмевна“, раскажала мајката.

„Секогаш ѝ велеше дека многу ја сака. Наутро ѝ посакуваше добро утро, а навечер ѝ велеше „добра ноќ“. Ме галеше по стомакот и ѝ зборуваше. И штом се роди, ја повтори реченицата која ѝ ја кажуваше кога доаѓаше од работа – ‘еј бебе, тато пристигна’“, додала Тарсила.

Таткото Флавио Диего Вилела вели дека се чувствувал прекрасно кога неговата ќерка му се насмеала.

„Мислев дека знам што е вистинска љубов, но немав поим додека не ја здогледав таа најискрена насмевка на светот“, порачал тој.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк