Connect with us

Хуманост

Фризерки и козметичарки организираат хуманитарна акција за Таушанов од Струмица

Published

on

Водени од мотото „СИТЕ ЗАЕДНО МОЖЕМЕ МНОГУ“ група фризерки и козметичарки од Струмица, организираа хуманитарна акција за Стефан Таушанов во која сите собрани средства од 23 и 24 февруари (вторник и среда) ќе бидат наменети за него.

Имено Таушаноб има дијагностицирано хронична лимфоцитна леукемија која се шири низ неговата лимфа. Во моментот се лекува во Велика Британија, но е доста скап третманот кој го прима, па на апелот за помош се солидализираа следниве фризерски и козметички салони во Струмица.

САЛОН ЗА УБАВИНА „ГЛАМУР“ – 070 205 156
СТУДИО „С“ – 078 373 380
САЛОН ЗА УБАВИНА „ВЕНЕРА БЈУТИ“ – 078 486 083
СТУДИО „НИКОЛИЌ“ – 078 737 785
СТУДИО ЗА УБАВИНА „ДОЛ ХАУС“ – 077 919 307
ФРИЗЕРСКИ САЛОН „СНЕЖАНА СТАНИНОВА“ – 078 459 220

Македонија

Сите сме потребни за ова мало ангелче: Двегодишниот Марко од Прилеп се бори со ретко заболување

Published

on

Maрко Мицески од Прилеп е двегодишно ангелче кое се бори со ретко заболување и поради кое и во моментов е во болница.

Неговото лекување е возможно во Турција, но за истото е потребни 19.000 евра – средства кои неговите родители не се во можност целосно да ги обезбедат.

-Ве молам помогнете им за да можам и јас да учам, да се развивам и играм, да се радувам на животот како сите мои врсници, стои во апелот за помош.

Во апелот има трансакциски сметки за донации за Македонија и Германија, па доколку сте во можност помогнете со ваш прилог за ова мало ангелче да добие шанса за здраво и безгрижно детство.

Continue Reading

Македонија

ДА МУ ПОМОГНЕМЕ НА АЛЕКСЕЈ!

Published

on

Алексеј има само 3 години и му е дијагностицирана хипоксична енцефалопатија, ретка болест која означува недостаток на кислород во мозокот, создавајќи ризик од сериозни последици и смрт.


Решението за оваа болест е пресадување на матични клетки, нешто што за жал не е возможно во нашите здравствени институции.


Поради тоа, неговото лечење мора да продолжи во болницата Лив Хоспитал Улус во Истанбул, но пресадувањето чини 19.000 евра, средства кои моментално семејството на Алексеј ги нема.


Затоа ве замолуваме токму вас, хумани луѓе кои ја поддржувате работата на нашата фондација, уште еднаш заедно да ја покажеме солидарноста на дело и да донираме за да го спасиме животот на нашиот Алексеј!


Донациите ќе се прибираат на сметката на фондацијата, а со собраниот износ ќе се платат сите трошоци кон болницата во Турција.

Линк за донирање: https://gofund.me/27ad16be

Continue Reading

Хуманост

(Фото) Да помогнеме да се пронајде млада девојка!

Published

on

Да помогнеме да се пронајде млада девојка!

Информациите подолу на фотографијата:

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк