За да имате прекрасна градина на лето, ви препорачуваме да ги послушате овие совети за садење цвеќиња:
Бројни билки се садат во март, а тоа се главно цвеќиња кои ќе процветаат во јуни.
На почетокот на март треба да се садат гладиоли, кали, амарилис, лилјани и други. Доколку сакате ова цвеќе убаво да фати, неопходно е да го засадите најдоцна до мај.
Вистинско време за садење на цвеќиња е кога ќе помине опасноста од мраз, а цвеќињата треба да ги поставиме на места каде има сонце.
Длабочината на садниците зависи од видот на цвеќето па пред да засадите, добро информирајте се за билката која сте ја одбрале.
Исто така, важно е да направите раздалеченост на садниците за секоја билка да се развива во најдобри услови. Така на гладиолите им треба оддалеченост од 12 до 15 сантиметри. Лилјаните бараат да бидат одвоени од другите билки 30 сантиметри. Далиите пак, треба да ги садите на раздалеченост од најмалку 40 сантиметри.
Математичката задача ги користи јаболката, бананите и кокосите како броеви и поставува прашање кое овошје претставува кој број.
Тоа е инаку детска задача, а многумина се расправаат околу решението. Едноставна детска задача или трик прашање – никој всушност и не знае, но факт е дека оваа задача предизвика големо внимание но и полемика на интернетот.
Едноставен заклучок е дека јаболката =10 , бананите = 4 и кокосот =2. Затоа резултатот е 16. Иако тоа е одговор до кој дошол поголем број на луѓето, тој н е точен.
Причината за тоа е дека секој грст банани има вкупно четири, освен оној во последниот ред. Тоа драстично ја менува работата. Исто така може да забележите дека третиот ред има еден кокос, додека последниот има само половина кокос.
Затоа 3 јаболка = 30, па 1 јаболко =10, 1 јаболка + 8 банани = 18, па 8 банани = 8, а 1 банана =1, 4банани-1 кокос =2, па 1 кокос =2, од што произлегува:1/2 кокос +1јаболко + 3 банани=1+10+3=14.